Повторно отворена канцеларијата за иселениците

24.12.2020

По повод престојот на иселениците во родниот град, Општина Гостивар повторно ја става во функција Канцеларијата за иселениците.
Канцеларијата за иселениците, која е сместена во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на општинската зграда, ќе работи со продолжено работно време, односно до 18:00 часот.

Општина Гостивар, на иселениците им посакува пријатен престој во родниот крај и ги повикува сите граѓани строго да се придржуваат кон препоракаите за заштита од Ковид-19.

Служба за информирање