Повторно ќе се стави во функција Канцеларијата на иселениците

24.12.2018

По повод престојот на иселениците во родниот крај, Општина Гостивар повторно ја става во функција Канцеларијата на иселенците.

Канцеларијата на иселениците, која се наоѓа во просториите на Центарот за општински услуги во приземјето на зградата на Општина Гостивар, ќе работи од денес (24.12.2018) до 07.01.2019 година, и тоа секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот.

Во оваа канцеларија, иселениците ќе можат да ги добијат сите потребни информации за општинските услуги, како и да ги се посоветуваат до кои институции да се обратат за решавање на нивните барања.

Со оглед на тоа дека рокот за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти истекува на 31.12.2018 година, апелираме до сите граѓани да ја искористат оваа последна законска можност.

Служба за информирање