Поправки во Средното техничко училиште во Гостивар

,

08.05.2019

Во Техничкото средно училиште “Гостивар” во тек се низа работи за подобрување на условите.

Со средства обезбедени од Министерството за образование и наука се врши поправка на дотраениот кров на спортската сала, а се прават и други интервенции со сопствени средства на училиштето.

Во тек е реконструкција на системот за централно греење, односно вградување на два котли за ложење на дрво и пелети.

Исто така се поставуваат безбедносни камери во и вон од училишните објекти.

Служба за информирање