Почна реализацијата на акцијата “Со срце дарувај, ученик израдувај!“

31.08.2020

Акцијата “Со срце, ученик израдувај!“ иницирана од Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар, во соработка со општинските основни училишта, денес официјално започнува со собирање на училишни чанти и опрема за сите ученици од основните училишта од прво до деветто одделение.

Гостиварци отсекогаш покажале хуманост и солидарност на дело, и тука вреди да се спомене Албанскиот исламски центар Ел-Фуркан – Минхен кој донираше 100 чанти со целосна училишна опрема за ученици од основните училишта.

Дел од оваа акција, како што споменавме уште кога ја најавивме акцијата, можат да бидат сите луѓе со добра волја кои сакаат да донираат ланти и училишен прибор според нивната желба за ученици кои имаат потреба, градските маркети, разни фонадации, бизниси итн.

Локации каде може да се донира се: Супермаркетот “ЕТЦ“, Книжарниците: „Европа“, „Рахман“, “Култура Гост“, “Офис плус“.

Секој може да придонесе колку што сака, почнувајќи со тетратки, моливи, гуми за бришење и комплетирање на учениците со сите потребни средства.

За дополнителни информации јавете се на на следниве броеви: 042 / 214-600, 070 / 781-396.

Служба за информирање