Преглед на книги кои недостасуваат во второто полугодие во општинските основни и средни училишта во Гостивар

,

06.03.2020

Имерлије Салиу од Секторот за образование при Општина Гостивар, на денешната прес конфренција, даде детален преглед за недостатокот на учебници во гостиварските основни и средни училишта.

Содржината од пресот ви ја пренесуваме интегрално:

Второто полугодие во основните училишта на Општина Гостивар иако помина речиси месец и половина, недостигот на книги од прво до деветто одделение кај сите етникуми: албанците, македонците и турците и други, е многу голем. Според официјалните податоци од вкупно 10 основни училишта во Општина Гостивар, недостасуваат 9506 книги по сите предмети и одделенија. Слично на првото полугодие, и во оваа полугодие имаме сериозен недостиг на книги во 6-то одделение вкупно 3838 книги, во 7-мо одделение 1026 и во 9-то одделение 1561 книги. Што се однесува до предметите, учебници по албански јазик недостасуваат 809, по англиски јазик недостасуваат 289, а има голем недостиг и по предметот Географија вкупно 1007 учебници, а 580 учпебници недостигаат по предметот Историја. Исто така, имаме значителен недостиг на учебници по предметите техничко образование, ликовно образование, музичко, информатика како што сме ги прикажале во табелите за секое училиште.

Средните училишта се соочуваа со ист проблем на недостиг на учебници. Добиените податоци се доста вознемирувачки. Во средно медицинско училиште недостасуваат 8610 учебници, 2453 учебници недостасуваат во техничкото средно училиште, во гимназијата има помал број на учебници кои недсотаасуваат – само 64. Од средното економско училиште не известиле само кои учебници недостасуваат без да дадат конкретни бројки, најверојатно бројот е голем со оглед на тоа дека се наведени дури 15 наставни предмети.
Секторот за образвонаие на Општина Гостивар смета декa загрижува фактот што и второто полугодие продолжи исто како првото полугодие и недостигот на учебници останува премногу изразен. Оние кои најмногу губат во ваква ситуација се учениците, затоа наша цел е да ја информираме јавноста и да побараме од Министерството за образование да преземе конкретни мерки. Ние денес испративме службено барање до оваа институција. Очекуваме позитивен одговор од страна на Министерството за оваа учебна година, како и бараме од септември на почетокот на новата учебна година 2020/2021 нашите училишта да не да се соочуват со проблеми од ваков карактер.

Служба за информирање