Продолжуваат инвестициите во гостиварските училишта

Со инвестиција на Фондацијата за развој и хуманизам, со други хуманитарни фактори и во соработка со општина Гостивар, се прават потребните инвестиции за реновирање на просториите во ОУ “Чајле”.

Инвестицијата опфаќа целосно реновирање на санитарните јазли каде се планирани тоалети за лица со посебни потреби, како и други работи за учениците да имаат подобри услови во училиштето.

Во меѓувреме продолжуваат активностите во рамките на Летната школа “Гостивар 2022” во која учествуваат повеќе од 700 ученици и 40 инструктори од различни професии.

Основните и средните училишта остануваат приоритет за општина Гостивар, додека во последните 5 години во училиштата во Гостивар се инвестирани приближно 1.8 милиони евра.