Продолжуваат инвестициите во гостиварските училишта
Општина Гостивари во соработка со американската организација „Latter Day Saint Charities“ инвестира во основното училиште „Исмаил Ќемали“.
Проектот опфаќа инвестиции во опремување на кабинетот со ИТ технологија и реновирање на простори за создавање читална во ова основно училиште.
Со завршувањето на првата компонента, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ги пречека членовите на оваа организација Daron R Haddock и Karen C Haddock.
Инвестициите во основните и средните училишта во Гостивар остануваат приоритет на општина Гостивар.