Продолжува поставувањето на јавно осветлување во детските игротеки во Гостивар

13.06.2018

По отворањето на новата детска игротека на големиот градски парк, спроти Судот во Гостивар, поставено е и осветлување.

Општина Гостивар виде за сходно да се постави осветлување, бидејќи игротеката на другата страна од паркот, во близина на Катастарот, по поставувањето на осветлување, се користи и во вечерните часови и не се оштетува од страна на несовесни  лица во текот на ноќта .

Служба за информирање