СЕОУ “Гостивар” и ОУ “Прпарими“ с. Чегране добија грант од МОН

,

01.02.2018

Министерството за образование и наука ги објави резултати од Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта.

Меѓу добитниците на грант се едно основно и едно средно училиште од Гостивар. ООУ “Прпарими“ од с. Чегране ќе реализира проект во партнерство со ООУ „Никола Карев“ од Радовиш, а Општинското средно економско училиште грантот го добила самостојно.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Служба за информирање