Се интервенира на канализацијата во населба Леска, Таравари одблизу ги следи работите

,

11.12.2017

Делегација од општина Гостивар предводена од градоначалникот Арбен Таравари излезе на терен за да одблизу го следи изведувањето на работите за реконструкција на канализациската мрежа за отпадни води, при што ги запозна локалните жителите дека овој проблем ќе биде решен во рок од три дена.

“Иако само пет недели сме во Општината, денес се врши една значајна работа која ги тангира жителите веќе 15 години. Денес почнува инвестицијата на фекалната канализација во населба Леска. Ова беше едно од нашите предизборни ветувања и се надеваме дека за три дена овој проблем ќе биде решен”, изјави градоначалникот Таравари, потсетувајќи при оваа прилика на инвестицијата која се врши во село Дебреше за изградба на фекална канализација за потребите на дел од селото.

Жителите на населба Леска, денес по 15 години, му се радуваат на решавањето на проблемот со канализациската мрежа, чиј што дефект при обилни врнежи од дожд резултираше со поплавување на куќните дворови и подруми.

Последен пат тоа се случи пред само една недела, кога жителите побараа помош од надлежните институции.

Служба за информирање