Се реновира детскотo катче во големиот градски парк во Гостивар

08.04.2018

Детско катче во големиот градски парк, кој подолго време е вон функцијата за кое е наменето, се реновираше деновиве од страна на Општина Гостивар.

Сите детски игри се поправени, фрлен е песок и поставени се ивичници од бекатон, а вградено е и соодветно јавно осветлување.

“Со потребните поправки, ја вративме оваа игротека повторно на располагање на децата, а со соодветното осветлување ќе може да се користи и во вечерните часови. Би апелирала при оваа прилика до сите граѓани да се грижат за ова катче и да ги пријават сите оние кои евентуално би го оштетиле ова катче”, вели раководителката на Одделението за односи со јавноста при Општина Гостивар, Аслиан Снопче.

Додека Бесим Догани – одговорен на Канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти, информира дека во рамките на изборната програма на градоначалникот Арбен Таравари, ќе се интервенира и во другите детски катчиња и површините за одмор и рекреација.

Служба за информирање