Таравари најави започнување на шест инфраструктурни проекти

,

16.03.2018

Започнале работите за целосна реконструкција на големиот градски парк во Гостивар.

За да ги проследи одблизу работите, на самото место излезе градоначалникот Арбен Таравари, кој при оваа прилика најави дека наскоро ќе започне и асфалтирањето на пет улици на подрачјето во општина Гостивар.

“Како што гледате, веќе започнале работите за целосна реконструкцијата на големиот градски парк, што подразбира израмнување на земјиштето, уредување на патеките со бекатонски плочки, сечење на дрва во фаза на распаѓање и нивна замена со нови садници, садење на зеленило и слично, и тоа од двете страни на реката Вардар”, изјави за медиумите градоначалникот Таравари.

Работите за реконструкција на паркот ги врши јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило”. Директор на претпријатието, Музафер Зулбехари информираше дека работите ќе завршат за околу еден месец, а вредноста на проектот е околу 30 илјади евра, средства обезбедени од самото претптирјатие.

Градоначалникот Таравари, исто така, најави дека со почетокот на пролетта ќе се работи интензивно за реализирање на разни инфраструктурни проекти, со посебен акцент, асфалтирање на пет улици во подрачјето на општина Гостивар.

Служба за информирање