Таравари: Образованието во минатиот мандат – наставниците се плаќале и за Фејсбук

,

25.01.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во рамки на кампањата “Вистината за ДУИ” одржа прес-конференција, при што ги изложи неуспесите и злоупотребите направени во минатиот мандат во областа на образованието во општина Гостивар. Тој појасни дека за денес ја одбрал областа на образованието, поттикнат од вчерашната изјава за медиумите на некои поранешни просветни работници, партиски војници, за нивна наводна замена со несоодветен кадар.

“Во 2013 година, партиски војници од тоа време, во истиот период од годината отстранија 166 работници со решенија и договори, кои ги имаме по име и презиме. А сега, од вкупно 147 вработени со договор, 117 останале на работа, додека само 30 се заменети со нови. Ова значи дека 80% останале исти, додека само 20% се заменети, и тоа главно поради тоа што не биле компетентни за предметите што ги предавале”, објасни Таравари.

Тој, на денешната прес-конференција, исто така наведе повеќе случаи на нецелосно спроведување на Законот за сметководство и буџетски корисници, што се потврдува со внатрешните ревизии во јавните училишта во Гостивар.

“Во ОУ Лирија од с. Вруток, биле платени сметки со вртоглав износ за службени мобилни телефони, кои ви ги ставам на располагање. Врз основа на Ревизорскиот извештај за периодот 06.11.2016 – 16.11.2017 од страна на инспекторатот, едно училиште било оценето со оценка 2.25. Во средното техничко училиште внатрешната ревизија извршена од поранешниот градоначалник, за периодот од 03.03.-29.03.2017, покажала нецелосно спроведување на законот за сметководство. Исплати за договорна дело во износ од 397 илјади денари, за што нема извештаи за лицата кои се ангажирани со работа”, подвлече градоначалникот Таравари доставувајќи им на новинарите докази за тоа.

Потоа тој наведе и еден еклатантен случај во средното техничко училиште, каде што било вработено несоодветно лице за предметот информатика, кој имал завршено за бизнис.

“Ова лице било ангажирано 4 часа за ИТ поддршка, 4 часа за екстерно тестирање, 3 часа за фотокопирање и замислете 2 часа за Фејсбук. Нормално ова лице не може да се држи на работа. Еден друг случај, инструкторот за практична работа бил со училиште за биохемија. Додека во ОУ Чајле, за нафта за косилката биле потрошени, замислете, 600 евра “, истакна Таравари.

Градоначалникот на Гостивар, исто така, наведе случаи на непотизам, истакнувајќи го случајот во ОУ Ѓон Бузуку во село Србиново, каде што едно семејство го контролира целото училиште. Поранешниот директор ја вработил како секретарка неговата снаа, а во истото училиште биле вработени неговиот брат и други членови од неговото семејство.

Служба за информирање