ТППE се снабде со 10 легла – донација од Општина Гостивар

20.04.2018

Со цел подобрување на условите за работа на вработените во Територијална противпожарна единица – Гостивар, Општина Гостивар додели донација од 10 легла.

Јусуф Бајрами – овластен координатор од страна на Општина Гостивар во ТППЕ, му се заблагодари на градоначалникот Арбен Таравари за оваа донација, најавувајќи дека подобрувањето на условите за работа во оваа единица, ќе биде пшерманентен процес.

“Професионалните пожарникари, ги извршуваат своите должности во смени од 12 часа, а во согласност со законот, во текот на работното време можат да се одмараат, односно да спијат во определени периоди. Леглата со кои располагаше ТППЕ беа вон секој стандард, па во име на пожарникарите, му благодарам на градоначалникот Таравари што се грижи за обезбедување на што подобри услови за да тие ги извршуваат своите должности”, истакна координаторот Бајрами.

Вреди да се спомне дека претходно на ТППЕ – Гостивар од Република Турција и беа донирани работни униформи за пет пожарникари, а во отсуство на доволни дотации од централната власт, Општина Гостивар ќе одвои средства од својот буџет за подобрување на условите за работа, технички и просторни услови, со цел да се овозможи ефикасно работење на лицата кои вршат толку благородна работа, како што е професијата пожарникар.

Територијалната противпожарна единица – Гостивар, ја покрива целата територија на општина Гостивар и општина Врапчиште, како и дел од општина Маврово – Ростуше, односно територија со околу 100 илјади жители, а дотациите кои доаѓаат од централната власт не исполнуваат ниту третина од потреби за суштинско функционирање на оваа единица.

Служба за информирање