ЈАВЕН ПОВИК

Почитувани граѓани,

Како што повеќето од вас се запознаени, во нашата општина во е тек е отворање на Туристички инфо-центар, чиј привремен објект моментнално се монтира на градскиот плоштад.

Поради недоволниот јавен простор, погоден за псотавување на објект со ваква намена, Општина Гостивар виде за сходно да побара мислење од граѓаните.

Во неможност да организираме јавна дебата поради пандемијата со „Ковид-19“, одлучивме мнението на граѓаните да го дибиеме по електронски пат.

Ги покануваме сите граѓани, во прв ред добро упатаните – архитектите и разни активисти, дочетврток (11.06.2020) во 16:00 часот, да ги испратат своите предлози и суегстии на официјалниот е-маил на Општина Гостивар:

info@gostivari.gov.mk

Однапред ви благодариме за разбирањето и соработката!

Служба за информирање