Просветните работници ќе ја земаат ноемриската плата. Таравари на прес: “Мило ми е што проблемот се реши на мое инсистирање и со поддршка на сите советници“

25.11.2017

Гостиварските општински советници, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Гостивар, едногласно донесоа одлука за измена на распределба на буџетот на Општина Гостивар, со што се овозможува исплата на ноемвриските плати за околу 1000 вработени во општинските основни и средни училишта.

За да ги расчисти сите дилеми во врска со пречките кои доведоа до доцнење на платите и револт кај просветните работници, преку прес конференција се изјасни градоначалникот Арбен Таравари.

Пред една недела се конституираше Советот на Општина Гостивар, 15-те советници кои не се дел од новото мнозинство, особено советниците од локалната коалиција во Општина Гостивар “Алијансата на Албанците“ и ‘Движењето Беса“, предложивме да се направат измени во буџетот, но тоа беше одбиено од другите 16 советници. Тие постојано така прават, се што ќе биде предложено тие го одбиваат. По моја иницијатива и со мое инсистирање, беше свикана вонредна седница, бидејќи условот беше исполнет со фактот дека се загрозуваат платите на 1000 вработени. Денес беше изгласано да се направат измени во буџетот. Многу ми е мило што тоа се случи по мое инсистирање, но и со поддршка на сите присутни советници, едногласно“, истакна градоначалникот Таравари.

Но, рече градоначалникот, се појавува нов проблем. “Ова мнозинство се обидува постојано да блокира. Согласно законот јас имам обврска до 31 декември да го донесам буџетот на општината за 2018 година. Овој буџет го имаат изготвено професионалци на Општина Гостивар и тој е доставен до советниците во законски предвидениот рок. Буџетот го предложив јас како градоначалник и барав да го дискутираме, барем да влезе како точка на дневен ред на седница на Советот, но тоа беше одбиено од мнозинството. Ова може да ја кочи работата. А дали ќе има последица од тоа? Јас ќе се обидам како градоначалник, ќе зборувам и со Министерството за финансии за да се финансираме времено во првите 3-4 месеци од наредната година. Но сакам да ве информирам, дека успешноста во работата на Општина Гостивар практично се кочи од 16-те советници од ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и советникот од ДСР- Кашмир Салиу“, нагласи градоначалникот.

Тој објасни дека, тие имаат некои чудни. “Бараат да вработиме партиски војници во образованието. Јас тоа нема да го дозволам, бидејќи јас сум кажал дека се додека сум јас градоначалник нема да дозволам образованието да се политизира. Втора работа е што бараат да земаат плата и лица кои воопшто не доаѓаат на работа. Јас им објаснив дека изминало времето кога вработени кои седеле дома, земале плата. Тие ми се оправдуваа со фактот дека тоа така било. Но, веќе не може така да се дозволи. За овие работи јас нема за што да разговарам со нив“, дециден беше градоначалникот.

Во врска со обвинувањата од советниците од мнозинството дека општинската администрација е неспособна и дека не работи градоначалникот објасни дека администрацијата е отворена и транспарентна како никогаш до сега. “Јас и мојот кабинет работиме и за викенди. Немало сабота и недела да не дојдеме на работа во општината и да не завршиме некоја работа. Ние сме подготвени да работиме деноноќно и администрацијата ќе ги извршува своите задачи за кои зема плата“, појасни Таравари.

На новинарско прашање кои би можеле да бидат последиците од недонесување на буџетот, градоначалникот со одговор:

Ако не се стави ниту како точка на дневниот ред во законски определен рок, а предлогот за буџет е доставен правовремено, јас како градоначалник сум обврзан да го информирам Министерството за финансии и да барам времено финансирање во висина од една третина од буџетот за 2017 како што е пропишано со закон. Ќе чекаме до петокот барем да се стави на дневен ред. Потоа ќе ја разгледаме и можноста за распишување на локални избори, ако не помине буџетот. Бидејќи тоа е една од можностите за распуштање на советот, поради тоа што во таков случај не можеме ниту да функционираме како општина“.

Служба за информирање

Празнична програма за децата со посебни потреби од Гостивар

22.12.2017

На иницијатива на градоначалникот на Гостивар, со поддршка на ресторанот “Вита Аби” и во соработка со Дневниот центар, специјалните паралелки, пејачи и спортисти од Гостивар, денеска се организираше заеднички ручек придружен со свечена програма за децата со пречки во развојот .

“Го организиравме овој скромен но мошне значаен настан, за да се дружиме со овие деца, да разговараме со нивните воспитувачи, да разбере кои се потребите за нивно воспитание и образование, и да видиме што можеме ние како Општина да помогнеме за создавање на подобри услови. Воедно дојдовме да им ги честитаме новогодишните празници и како Општина да им поделиме мали подароци на децата”, рече градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Аслијан Снопче – раководителка на Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар, објасни дека на настанот присуствуваат ученици и воспитувачи од Дневниот центар за деца со посебни потреби и од специјалните паралелки на основните училиште “Исмаил Ќемали” и “M.K. Ататурк”.

“По иницијатива на градоначалникот одлучивме да ја организираме оваа активност со цел што повеќе да ги социјализираме овие деца, бидејќи соодветниот третман и социјализацијата, многу им помага во животот. Би сакала да изразам благодарност до ресторанот “Вита Аби”, чиј сопственик секогаш им помага на луѓето кои имаат потреба и поддржува голем број активности со социјален карактер”, истакна г-ѓа Снопче.

Децата имаа прилика да го проследат настапот на гостиварските млади каратисти подготвени од европскиот шампион во карате Берат Јакупи, ги насмеа маскотата “Kученце”, а за нивно добро расположение се погрижи Хајдар Хајдари – Дали и Бетиме Јакупи.

Од дневниот центар и специјалните паралелки им се заблагодарија на сите оние кои придонесоа за одржување на активноста и изразија надеж за поголема соработка во иднина.

Служба за информирање

Направен првиот чекор за суштинска соработка помеѓу Општина Гостивар и невладиниот сектор

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ги покани на средба претставниците на сите невладини организации кои дејствуваат во Гостивар. На поканата се одѕваа речиси сите активни организации, здруженија и друштва кои се занимаваат со различни области од општествениот живот.

На средбата, претставниците на невладините организации го запозна градоначалникот со нивната работа и мисија, како и со главните активности што ги реализирале во текот на нивното функционирање. Од градоначалникот Таравари, добија гаранции дека ќе имаат целосна поддршка од него и од неговите соработници и дека ова прашање ќе се стандардизира со конкретни чекори и дејствија.

Состанокот се искористи за воспоставување на суштинска соработка помеѓу Општината и невладините организации, при што двете страни се согласија да формираат заедничко координативно тело.

Беше договорено, како претставник на Општина Гостивар да биде назначен Бесим Догани од Канцеларијата за ЛЕР и имплементација на проекти, а од невладиниот сектор извршниот директор на АДИ Лулзим Хазири.

Исто така, градоначалникот Таравари се обврза дека од наредната година во буџетот на општината ќе има посебна ставка за финансиска поддршка на невладиниот сектор и дека на официјалната веб-страница на Општина Гостивар ќе се постават линкови на сите локални невладини организации .

На крајот од средбата, градоначалникот ги покани присутните пригоден коктел, при што им ги честиташе и новогодишните празници.

Служба за информирање

“Стоп за говорот на омраза” – наградени најдобрите дела

Во средното техничко училиште во Гостивар денес беше отворена изложбата на слики од средношколци, на тема „ Живеј во хармонија со другите“.

Активноста е дел од превентивно-едукативниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“, чии носители се Отсекот за превенција на СВР Тетово и ОБСЕ, во соработка со гостиварската локална самоуправа.

На изложбатa се најдоа дваесетина слики од ученици од сите гостиварски јавни средни училишта.

Толеранцијата меѓу различните етнички групи е многу деликатна тема. Ние како гостиварци ја негуваме, а треба и пред младите да покажеме колку е таа важна. Токму тоа е и целта на оваа изложба“, рече Аслијан Снопче, од Секторот за образование на општина Гостивар.

На отворањето на изложбата се обрати директорот на техничкото училиште, Гајур Изаири, кој нагласи: „Некогаш и несвесно може да кажеме некоја реченица или збор со кои ќе навредиме некого. Сликите на учениците носат силна порака за тоа што е говор на омраза, а што разбирање и толеранција“.

Авторите на најуспешните дела, по избор на посебна комисија добија пригодни награди и признанија од организаторите.

Претходно, во рамките училиштата беа организирани работилници и предавања.

На Денот на турската настава, се промовираше целосната реконструкција на ОУ “М.К. Ататурк “- Гостивар

21.12.2017

По повод Денот на турската настава во Македонија, со величенствена церемонија во присуство на високи државни функционери од Турција и Македонија, се промовираше денес промоција на целосна реконструкција на основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк” во Гостивар.

Со симболична сечење на лента, реконструкцијата ја инаугурираа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и првиот вицепремиер на Турција, Хакан Чавушоглу.

Во фоајето на училиштето, пред учениците и родителите поздравен говор одржаа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, првиот вицепремиер на Турција Хакан Чавушоглу, претседателот на ТИКА Сердар Чам, министерот во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил и директорот на ОУ “М.К. Ататурк” Октај Нуредин, а присуствуваа и многу други високи личности од политичкиот и општествениот живот на Турција и Македонија.

Градоначалникот Арбен Таравари, во поздравниот говор, им се заблагодари на турската влада и на Агенцијата ТИКА, за целосната поддршка за реконструкција на училиштето и други проекти во општина Гостивар. Тој, исто така, на говорот повеќе се фокусира на соживотот во општина Гостивар, особено во блискоста на албанскиот и турскиот народ, истакнувајќи историски личности кои придонесоа за двата народи.

“Една од етничките заедници која живее и секојдневно го гради Гостивар е турската заедница, па затоа сеќавањето и славењето на овој датум е привилегија и задоволство за нас. Судбината пресудила овде во Гостивар да бидеме под околности на соживот, затоа во името на сите граѓани на Гостивар, во името на Општина Гостивар и во мое име ви го честитам Денот на турската настава, oдносно турската азбукаурција е добар пријател за нас! Нека е Турција добар пријател за нас! Нека се секогаш буквите од оваа азбука, знаци кои формираат зборови на мир и почит!”, подвлече Таравари.

Во духот на добрите меѓуетнички односи, соработка и толеранција, дискусии и други говорници на церемонијата, како и уметничка програма на трите националности на ученици кои учат во ова училиште на турски, албански и македонски јазик.

Во знак на почит за соработка помеѓу општината и училиштето, градоначалникот Таравари и директорот Нуредин, разменија плакати со симболот на институциите со кои управуваат.

По церемонијата, присутните направија обиколка низ реновираните простории на училиштето, кое по реконструкцијата се смета за едно од најдобрите училишта на национално ниво.

Целосната реконструкција на ова училиште беше направена благодарение на финансирањето од страна на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, во вредност од 700 илјади евра.

Служба за информирање

Градоначалникот Таравари, ја прими амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ја прими вчера во својот кабинет амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара.

При пријателската средба, градоначалникот Таравари и турската амбасадорка разговараа за тесната соработка меѓу турската држава и турските општини со Општина Гостивар, каде што беше констатирано дека оваа соработка не само што треба да продолжи, туку уште повеќе да се продлабочи.

Градоначалникот на Гостивар, пред средбата, изјави за медиумите дека амбасадорката Еркал Кара е пријател на Гостивар и дека ова е пријателска посета, но ќе се разговара и за плановите за општински развој, не исклучувајќи ја можноста и за инвестиции од Република Турција.

“Со турската амбасадорка, г-ѓа Тулин Еркал Кара, се познаваме од порано, уште од времето кога бев министер за здравство. Таа е пријател на општина Гостивар и моја лична пријателка. Иако денешната посета е за честитање, сигурно ќе разговараме и за развојниот план на општината, а зошто да не и за можни инвестиции на Република Турција во нашата општина”, изјави Таравари.

АмбасадоркатаТулин Еркал Кара му ја честиташе функцијата на Таравари, изразувајќи надеж дека тој ќе придонесе за поддршка на турската заедница во општина Гостивар.

“Денес сум тука за да му ја честитам градоначалничката функција на г-динот Тараври. Од последните локални избори што се одржаа тука, поминале околу два месеца и затоа сакав да дојдам што поскоро и да му честитам на градоначалникот. Тој за нас е многу важен пријател. Општина Гостивар има значителен број турско население и убедени сме дека актуелниот градоначалник, несомнено ќе ги поддржува Турците како заедница во Гостивар”, рече меѓу другото турскиот амбасадор.

Инаку, амбасадорката Кара, во придружба на претставници на кабинетот на градоначалникот, посети неколку јавни и верски институции во градот Гостивар.

Служба за информирање

Изложба за разбирање и толеранција меѓу ученици од разни е етнички групи

Во просториите на Средното техничко училиште Гостивар, во четвртокот во 13:00 часот ќе биде отворена изложба на дваесетина слики, изработени од исто толку ученици од четирите средни училишта на тема.

Тема на изложбата е “Живеј во хармонија со другите“ и е дел од превентивно-едукативниот проект „Кажи не на говорот на омраза“, кој од ноември се реализира во Гостивар.

Претходно, во гостиварски средни училишта се одржаа посебни предавања со учениците од прва година, на кои тие поблиску беа запознати со тоа, што претставува говорот на омраза, како се манифестира, како се препознава и кои се неговите можни општствено-негативни импликации.

За најуспешните ученици организаторите на конкурсот, имаат предвидено пригодни награди и признанија.

Служба за информирање

Турска делегација ја посети општина Гостивар – искажаа подготвеност за поддршка и инвестиции

18.12.2017

Делегација од Република Турција, составена од професори од Универзитетот “Сулејман Демирел” – Испарта, претставници на владејачката партијата АК Партиси, интелектуалци и новинари одржаа работна средба со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Пријателите од Турција, му ја честитаа на градоначалникот Таравари новата функција, посакувајќи му успешна работа во четиригодишниот мандат. Тие ја изразија подготвеноста и интересот на Република Турција за поддршка и инвестирање во институции каде што се третираат деца со Даунов синдром, аутизам и други пречки во развојот, како и за професионално надградување на дефектолози, психолози и на други стручни лица кои се занимаваат со овие прашања.

Градоначалникот Таравари рече дека за време на кампањата ги презентираше своите ставови за лицата со посебни потреби и дека по ова прашање ќе се разговара и на средбата со турската амбасадорка.

“Уште во првите денови од мојот мандат, остварив средби со невладини организации кои се занимаваат со ова прашања и учествував во нивни активности за да ја покажам конкретната поддршка што ја имаат од мене и од страна на мојот тим”, истакна Таравари.

На состанокот присуствуваа и претседателот на Турското движење за национално единство (ТМБХ), Ердоган Сарач и општинскиот советник од редовите на оваа партија, Ертан Јакупи.

Во рамките на посетата турската делегација ќе ги посети просториите на поранешниот Факултет за технологија на храната, каде што ќе врши теренски истражувања во соработка со Општина Гостивар за модалитетите за рационално користење на овој објект.

  Служба за информирање

Делегација на општина Гостивар на работна средба во општина Приштина

14.12.2017
Во рамки на соработка со општини од поширокиот регион, делегација на општина Гостивар во состав: Сеадин Ејупи – шефот на кабинетот на градоначалникот, Јасин Демири – портпарол на општината и Ријат Абдулаи – надворешен советник на општината, остварија вчера работна средба во Општина Приштина.
Тие беа пречекани од г. Мухедин Нуши – директор на Управата за администрација при Општина Приштина и неговите соработници.
При посетата, делегацијата на Општина Гостивар, домаќините одблизу ги запознаа со начинот на функционирање на општинската администрација и подготвеноста за соработка и размена на искуства помеѓу двете општини, особено во поглед на зголемување на
транспарентноста на општината кон граѓаните и нивен директен придонес во процесот на донесување одлуки за проблеми кои нив ги засегаат.
Ејупи, Демири и Абдулаи им ја честитаа на општинските челници втората победа, како потврда за нивната успешна работа во
првиот мандат.
Директорот на Управата за администрација при општина Приштина, Мухедин Нуши, кој воедно е и заменик на градоначалникот Шпенд Ахмети, рече дека тие планираат наскоро ја посетат општина Гостивар и честитките за неговиот избор, лично да му ги изразат на
градоначалникот, Арбен Таравари.

Во Гостивар отворeна патувачката изложба “Ана Франк – Историја за денес”

14.12.2017

Синоќа во Центарот за култура во Гостивар, беше патувачката изложба “Ана Франк – Историја за денес” во организација на Младинскиот образовен форум. На свеченото отворање на изложбата присуствуваа средношколци од Гостивар, кои се информираа за пораките на новинарката и писателката Ана Франк како симбол за отпорот и мирот.

Присутните, во име на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ги поздрави г-ѓа Афрдита Хамза од кабинетот на градоначланикот.

“Им честитам на организаторите за оваа активност, воедно им се заблагодарувам што го одбраа нашиот град за одржување на оваа изложба. Општина Гостивар, е отворена за соработка со невладиниот сектор и ќе поддржува вакви организирања кои испраќаат пораки за мир и толеранција”, истакна г-ѓа. Хамза.

Изложбата “Ана Франк – Историја за денес” е колекција од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои содржат многубројни детали за животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 30 декември 2017 година, а влезот е бесплатен.

Служба за информирање