Истакнатите средношколци останаа десет дена во Бурса, Турција

15.12.2017

Во рамките на Програмата Еразмус. шест најистакнати и нај заслужни ученици од гостиварската гимназија, предводени од професорката Аребан Солејмани, од 02 до12 декември престојуваа во Бурса, Турција. Учерниците албанци, македонци и турци од Гостивар, учествувале во организираната активност на тема “All start with Music” (Сè започнува со музика) каде што учествуваа и млади луѓе од Турција и Италија, од кои дел со потекло од Пакистан.

“Музиката беше таа која што имаше за цел да ги доближи луѓето едни со други. Нашите активности беа најразлични, како на пример пеење на градскиот плоштад и во еден голем трговски центар со инструменти, интервју на посетителите во врска со музиката која ја слушаа, пеење со кореографија од страна на самите учесници, презентација на специјалитети од земјите од кои доаѓаат учесниците, креирање на детски игри со користење ма музика при играњее и друго”, објаснува професорката Арбена Солејмани.

Директорот на СОУ “Гостивар”, Дритан Имери информира дека покрај работилницата и креативноста што ја прикажале учениците, тие го посетиле и градот Бурса и пошироко, контактирале со граѓаните од Бурса, меѓу кои повеќето биле по потекло од нашите краишта.

Служба за информирање

“Караванот за детство без пречки” присутен и во Гостивар

Таравари: Децата со пречки во развојот, да ги вклучиме во институциите заедно со другите деца

14.12.2017

УНИЦЕФ во партнерство со Скопје филм фестивал, организираше денеска мини филмски фестивал насловен како “Карван за детство без пречки”, кој има за цел да ги промовира правата и способностите на децата со попреченост.

Поздравен говор, пред прикажувањето на меѓународните анимирани филмови на теми поврзани со децата со попреченост, одржа градоначалникот на Гостивар, кој истакна дека оваа категорија на деца треба да има силна поддршка како на национално така и на локално ниво, и тие целосно да се вклучат во општеството заедно со другите деца.

“Треба сериозно да размислиме за методот на инклузија и децата кои имаат пречки во развојот да се вклучат во институциите заедно со другите деца. Верувам дека во наредните години ќе почнеме да го применуваме овој метод за децата со посебни потреби, онака како што е практика во развиените земји”, рече градоначалникот на Арбен Таравари, при што им се заблагодари на организаторите што во нивниот караван го вклучија и градот Гостивар.

На присутните им се обрати и г-ѓа Елизабет Ериксон, која им порача на децата, пораките од овие анимирани филмови да ги применуваат во нивниот секојдневен живот.

“Караван за детство без пречки” е дел од кампањата “Биди фер. За детство без пречки”, посебен акцент се става врз потребата да се ослободи потенцијалот во секое дете.

Претходно, караванот престојуваше во Свети Николе, Кавадарци, Битола, Штип и Кичево.

Информативна служба

Средба на претставници на ЕБОР и Комерцијална банка со претставници на Општина Гостивар – Се согласија да продолжи соработката

12.12..2017

Претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Комерцијална банка одржаа состанок со претставници на кабинетот на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, на која беа разгледани модалитетите за продолжување на соработката и реализација на втората транша од кредитот.

На средбата беше констатирано дека Општина Гостивар ги сервисира преземените обврски и дека стои на располагање за исправка на слабостите при реализацијата на проектот, кредитиран од страна на Комерцијална банка, односно изградбата на мостот над реката Вардар.
Страните се согласија да после неопходните исправки да се иврши технички прием на проектот, а потоа да се префрлат и финансиските средства од втората транша.

Информативна служба

Се интервенира на канализацијата во населба Леска, Таравари одблизу ги следи работите

11.12.2017

Делегација од општина Гостивар предводена од градоначалникот Арбен Таравари излезе на терен за да одблизу го следи изведувањето на работите за реконструкција на канализациската мрежа за отпадни води, при што ги запозна локалните жителите дека овој проблем ќе биде решен во рок од три дена.

“Иако само пет недели сме во Општината, денес се врши една значајна работа која ги тангира жителите веќе 15 години. Денес почнува инвестицијата на фекалната канализација во населба Леска. Ова беше едно од нашите предизборни ветувања и се надеваме дека за три дена овој проблем ќе биде решен”, изјави градоначалникот Таравари, потсетувајќи при оваа прилика на инвестицијата која се врши во село Дебреше за изградба на фекална канализација за потребите на дел од селото.

Жителите на населба Леска, денес по 15 години, му се радуваат на решавањето на проблемот со канализациската мрежа, чиј што дефект при обилни врнежи од дожд резултираше со поплавување на куќните дворови и подруми.

Последен пат тоа се случи пред само една недела, кога жителите побараа помош од надлежните институции.

Служба за информирање

Работилница за територијален план за вработување

11.12.2017

Општина Гостивар во соработка со УНДП, организираа денес работилница на тема: Територијален план за вработување во општина Гостивар, која има за цел креирање на стратегија за инклузивно вработување во оваа општина.

На работилницата присуствуваа претставници од Општина Гостивар, образовните институции, невладините организации, Центарот за социјални работи, Центарот за вработување, успешни бизнисмени и други, а на присутните им се обрати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

“Невработеноста е круцијален проблем за највиталниот дел од општеството и тоа резултира со масовно иселување на нашата младина. Гостивар зазема второ место на ниво на државата во однос на емиграција на младите во Западна Европа и прекуокеанските земји. Треба да направиме cé за да престане овој тренд, затоа Општина Гостивар ќе соработува на ниво на партнерство со УНДП и со сите други организации кои се занимаваат со оваа проблематика и асистираат во оваа област”, истакна Таравари.

Наодите и препораките од евалвацијата на Територијалниот план за вработување (ТЕП) во општина Гостивар, ги презентираше консултантот Висар Адеми – експерт по економија.

Служба за информирање

Во петокот почнува со работа Канцеларијата за печалбари

11.12.2017

На 15 декември (петок), ќе биде отворена Канцеларија за печалбари при Општина Гостивар,

Оваа канцеларија ќе функционира во форма на шалтер, а работното време ќе трае од 08:00 до 20:00 часот.

Оваа канцеларија се отвора со цел на нашите печалбари максимално да им се олеснат административните процедури во Општината, Полицијата или Судот.

Оваа канцеларија ќе биде отворена до 15 јануари 2018 година, за да повторно се отвори во летниот период кога има прилив на печалбари.

Канцеларијата ќе биде сместена во Центарот за информирање при Општина Гостивар.

Добредојдовте дома печалбари!

Служба за информирање

Таравари упатува честитки загодишнината на УНИЦЕФ

На 11 декември 1946 година, во времето кога Втората светска војна беше свежа со своите рани, полскиот лекар Лудвик Рајхман, основаше Меѓународен кризен фонд за деца, познат како УНИЦЕФ.

Уште тогаш УНИЦЕФ се формираше со благородна цел, да се грижи за здравјето на повоените деца, нивните права и потреби.

Денес на УНИЦЕФ му е роденден, носејќи врз свои плеќи приказна на хуманост, љубов, успех и модел! Тој е застапник на милиони деца и мајки кои, за жал, и во Модерни времиња се наоѓаат во услови на преживување и закана по живот!

Честитки УНИЦЕФ!

По повод годишнината од вашето основање, користам прилика да повикам во Македонија дека: Децата се срцето на општеството, треба безусловно да се грижиме тие да бидат среќни секој ден!

Ви благодарам УНИЦЕФ!

Се најде привремено решение за покривот на ОУ “Гоце Делчев”

10.12.2017

Денес почнаа работите за покривање на покривот на Основното училиште “Гоце Делчев” како привремено решение.

Јужната страна на училишната зграда ќе биде покриена со најлон кој се користи за оранжерии, материјал кој штити од снег, дожд и ветер за период од три години.

Проектот ќе го реализираат без надоместок претпријатијата “Професионал Бау” и “Леарт Проект” кое и во минатото им помогнало на локалните и централните јавни институции.

Покрај јужната страна, која зафаќа површина од околу 1000 квадратни метри, ќе се санираат и оштетените делови на покривот во другите страни од зградата. Воедно ќе се интервенира и во сомнителните точки, од кои се претпоставува дека може да протекува вода, како што се местата каде што поминуваат жиците од громобранот.

Со реализација на овој проект кој се очекува да биде завршен неделава, се гарантира дека оваа учебна година учениците од ова училиште ќе ја завршат без проблеми, а за трајно решение, наредната пролет ќе се извршат сите тендерски постапки и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив. Тоа значи дека од новата учебна година, во ОУ “Гоце Делчев” ќе биде решен клучниот проблем со кој училиптето се соочува последниве години.

Служба за информирање

Изградба на нова канализациска линија за отпадни води во село Дебрешe

07.12.2017

Јавното претпријатие “Комуналец” започна со изградба на канализација за отпадни води за дел од село Дебреше во износ од 4,5 милиони денари.
Директорот на ова претпријатие, информираше дека сите блокади за започнување на градежните работи се елиминирани и се прават максимални напори за да градежните работи се реализираат според планираната динамика.

“Како што гледате, денес започнавме со реализација на градежните работи за изградба на фекална канализација за дел од село Дебреше. Канализационата линија што треба да се изгради е во должина од 800 метри. Проектот се финансира од Министерството за екологија во вредност од 4,5 милиони денари”, истакна директорот на ЈП “Комуналец”, Исак Лазами.

Лазами информираше, исто така, дека новото раководство успеа да ги надмине сите блокади што им се правеле и дека прави максимум предвидените проекти да се реализираат во предвидените рокови.
Градежните работи, се очекува завршат во рок од 15 дена.

Служба за информирање

Регионална конференција во Тирана, Таравари се сретна со градоначалниците на Тирана и Приштина, Велиај и Ахмети Велиај

07.12.2017
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари учествува во Регионалната конференција “Градови без корупција на иднината“, што се одржува денес и утре во Албанија, во ко-организација на Министерството за правда
и Министерството за внатрешни работи на Албанија, УНДП, ОЕЦД и Регионалната антикорупциска иницијатива.

На конференцијата учествуваат и градоначалниците на Тирана и Приштина, Велиај и Ахмети и истата нуди можност за
размена на искуства за постигнувањата и предизвиците во спречувањето на корупцијата на локално, регионално,
национално и меѓународно ниво на јавната администрација.

Регионалната конференција е отворена за избрани претставници од источноевропските земји и земјите-членки
на ОЕЦД, одговорни за спречување на корупцијата во државата вклучувајќи ги извршителите од органите на централната и службениците во локалната власт.

Градоначалникот на Гостивар, на маргините на конференцијата, имаше пријателски средби со лидерите на градоначалниците на двете албански престолнини, Велиај и Ахмети.

Служба за информирање