Арбен Таравари се сретна со евро- пратениците Вајгл и Кукан

Македонија да го фати европскиот воз и да добие отворање на преговорите за членство во ЕУ

06.12.2017
Во рамките на својата дводневна посета на Брисел, градоначалникот на Гостивар истовремено и генерален секретар на
Алијансата на Албанците, Арбен Таравари оствари значајни средби со пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент, за да дискутираат за европската агенда на Западен Балкан генерално, и за Македонија одделно.

Таравари се сретна со словенечкиот евро- пратеник Иво Вајгл и словачкиот Едуард Кукан, двајцата членови на Надворешната Комисијата на Европскиот парламент и најгласни евро-пратеници за евро- интеграција на Балканот и на Република Македонија.

На овие состаноци, страните разговараа за политичката ситуација во Македонија и за потребата за забрзување на реформите во следните месеци, со цел Македонија да го фати европскиот воз и да добие започнување на преговорите за членство во ЕУ пред Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ од јуни 2018 година. Градоначалникот Таравари истакна дека реформска агенда на владата на Македонија може да се примени и има смисла само ако биде попратена со коренити реформи на партиите од поранешниот режим, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Евро-пратениците Вајгл и Кукан ја поздравија конструктивната улога на Алијансата за Албанците во Владата на Република Македонија и ја нагласија потребата за стабилност во рамките на владејачката коалиција.
На крајот, страните изразија волја за одржување на редовен дијалог во патот на Македонија кон Европската унија.

Служба за информирање

Таравари во Брисел: “ЕУ да ја поддржува и локалната власт во Западен Балкан”

05.12.2017
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари беше панелист на годишниот европски Самит за Балканот, “Западен Балкан на крстопат – Нови предизвици, динамика во промените”, што се одржа во Брисел.
Во своето обраќање, Арбен Таравари се осврна на клучните предизвици со кои се соочуваат општините, како што се
социјалната заштита, доброто управување и транспарентноста, инфраструктурата и животната средина.

“Процесот на европска интеграција и финансиската поддршка на Европската Комисија, досега се фокусирани исклучиво
на централно ниво, заобиколувајќи ја локалната власт. Верувам дека со новата стратегија на Европската унија за земјите
од Западен Балкан којa ќе биде усвоенa пред самитот во Софија во мај 2018 година, ќе биде посочен со овој недостаток”, вели Таравари меѓу другото, во својот говор.

На самитот учествуваа и премиерот на Албанија, Еди Рама, управен директор за Европа во Европската надворешна служба, Томас Мајр Хартинг, директорот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, евро-пратеничката Тања Фајон и други високи личности.

Самитот беше организиран од страна на “Пријатели на Европа”, во соработка со Европската комисија, УНДП, Европската команда на Соединетите држави (ЕУЦОМ), Советот за регионална соработка (ЦРЦ), Фондацијата Конрад
Аденауер и Фондот на браќата Рокфелери.

Служба за информирање

Младите економисти од Гостивар нa двонеделна обука во Швајцарија

04.12.2017
Група од шеснаесет ученици и двајца супервизори од Средното Економско училиште “Гостивар“ се наоѓаат на двонеделна обука во Швајцарија. Престојот се реализира во рамки на проектот Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА, во кој училиштето е вклучено од 2012 година .

Во рамките на овој проект во училиште успешно функционира училишната заедница и дете правобранител кои
работат на заштита на правата на децата, анти-дискриминација и мултикултура како и подобрување на условите за непречено спроведување на наставата во училиштето.

Интеркултурната размена се одржува во детското село Песталоци, Троген, а групата од 16 ученици на СЕОУ “Гостивар“ е избрана како резултат на досегашната активна работа. Целта на интеркултурната размена е учениците да се здобијат со знаења и вештини за правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти дискриминација и меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Служба за информирање

Градоначалникот Таравари ќе одржи говор на Самитот во Брисел

23.11.2017
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе учествува на годишниотЕвропски самит, што ќе се одржи на 5
декември во Брисел.

На овој Самит, градоначалникот Таравари ќе одржи говор на тема “Западен Балкан на крстопат – Нови предизвици, менување на динамиката”.
На Самитот во Брисел, ќе учествува и премиерот на Албанија, г. Еди Рама. Самитот се организира во соработка со Фондацијата Конрад-Аденауер, УНДП и ЕУЦОМ, со поддршка од Регионалниот совет за соработка (РСС), Европската комисија и Фондот Браќата Рокфелер.

Самитот се одржува непосредно пред усвојувањето на новата стратегија на Европската комисија за проширување во
регионот, закажана за почетокот на 2018 година.

Служба за информирање

Информативен состанок со директорите и пом/директорите на јавните училишта

01.12.2017

Во просториите на Општина Гостивар, претставници од општинската администрација одржаа информативен состанок со директорите и пом/директорите на основните и средните училишта.

На состанокот, управниците на училиштата беа информирани за начинот на финансирање на училиштата, раководењето и конкретните чекори што треба да се преземат за што поуспешен напредок во образовниот процес и во воннаставните активности.

Одговорната за образование при Општина Гостивар, г-ѓа Аслијан Снупче ги информираше присутните дека општината ќе им даде максимална поддршка на образовните институции, но исто така ќе ја зголеми контролата и ќе бара успех во менаџментот.

Новите директори ќе имаат целосна поддршка, но ќе треба да соработуваат и со старите директори за да го искористат нивното искуство. Вашата работа ќе биде постојано следена и ќе се бараат конкретни резултати. Со посветеност на управите на училиштата, образовниот кадар и другите вработени, ќе се зголеми и интересирањето на родителите и на заедницата, за да им се помогне на училиштата за создавањее на подобри услови. Важно е да не се прават беспотребни трошоци и заштедените средства зда се искористат за инвестиции или корисни активности”, рече г-ѓа. Снопче.

За начинот на финансирање на училиштата, како и за буџетот од 2017 година и буџетот од 2018 година, присутните ги запозна одговорниот за финансии при општина Гостивар, Садри Елези, кој изрази подготвеност за соработка и помош на училиштата за сите информации поврзани со финансиите, каде што наскоро ќе се вработи економсит во општината, кој ќе се занимава исклучиво со финансиско прашање на основните и средни училишта.

Позитивни искуства од успешно управување со образовните институции во развиените земји, на раководителите на училиштата им пренесе Јасин Демири.

Општината Гостивар ќе му посвети посебно значење на образованието, поради таа причина отвори и посебно катче на официјалната веб-страница, односно катчето “Одделение за образование”.

Во ова посебно катче од веб-страницата ќе се даваат сите потребни информации за гостиварските училишта, затоа бараме од вас да не запознаете со сите активности во вашето училиште за да ги објавиме на веб-страницата”, рече Агон Фејза, администратор на веб-страницата.

На крајот од состанокот, директорите на училиштата и претставниците на општината развија плодна дебата воправец на надминување на проблемите.

Служба за информирање

Консултации за втората фаза од проектот за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар

01.12.2017
Консултантите ангажирани од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) во рамките на Програмата за вода и канализација, одржаа работна средба со директорот на Јавното претпријатие “Комуналец”, Исак Лазами и неговите соработници.

Во рамките на поддршката што Општина Гостивар ја добива од КфВ Банка за изработка на Мастер план за водоснабдување, беше предложено да се реализира взаемно прифатлив пакет мерки кои ќе бидат финансирани од KfW Bank и СЕЦО во Чекор 2 од втора Фаза, при што од СЕЦО изразија намера за обезбедување на финансиски средства за дополнително инвестирање.

Од Јавното претпријатие, изразија подготвеност да соработуваат со консултантите со цел што пуспешната реализација на пресотанатите фази проектот.

Служба за информирање

JП “Комуналец”: Интензивно се работи за надминување на проблемот со водата за пиење во Дебрешe

01.12.2017

Како последица на обилните врнежи од дожд, особено во вечерните часови во полошкиот регион, изворската вода   доаѓа   заматена во резервоарот од кај што се снабдува дел од селото Дебреше. Како резултат на тоа, водоснабдувањето во моментов е прекинато во селото, додека мобилни екипи од ЈП “Комуналец”, со поддршка и на Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, интензивно работат на што поскоро надминување на проблемот.

“Поради природата на проблемот, не можеме точно да процениме колку време ќе треба да го надминеме. Но, ние ќе се посветиме максимално за да тоа се случи што е можно поскоро. За да го надминеме проблемот, ќе обезбедиме вода за пиење за жителите со цистерни од  противпожарната служба”, вели Исак Лазами, директор на ЈП Комуналец.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” се надеваат на разбирање од страна на жителите на село Дебреше.

Служба за информирање