Градоначалникот Таравари го посети селото Речане, ќе се интервенира за да се спречи лизгањето на земјиштето

21.02.2018

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари го посети селото Речане, при што одблизу се запозна со проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село.

Најпрвин Таравари застана на влезот на селото, каде што како последица од лизгање на земјиштето на главниот пат, една куќа е загрозена. На самото место беше утврдено дека состојбата е алармантна, а градоначалникот Таравари вети итно решавање на проблемот, односно изградба на потпорен ѕид со што ќе се спречи лизгањето на земјиштето.

Таравари и неговите соработници, го посетија и селското училиште. Се утврди дека потребни се одредени интервенции потребни за подобрување на условите во училишната зграда. Како што се интервенираше за поправка на осветлување во ова училиште минатиот викенд, истакна Таравари, ќе направиме и други неопходни интервенции за да им обезбедиме на учениците и наставниците оптимални услови за спроведување на воспитно-образовниот процес.

За време на неговата посета на селото Речане, Таравари се сретна и разговараше со локалните жители кои го го запознаа со проблемите со кои се соочуваат селаните и изразија благодарност што раководството на општината изразува подготвеност да помогне во решавањето на нивните проблеми.

Служба за информирање

Бојадисани внатрешните простории на ОУ “Форина”

19.02.2018

На барање на родителите, директорката на Основното училиште “Форина“ од село Форино гостиварско, Зеќије Муслиу, покрена иницијатива за бојадисување на внатрешните простории на училишната зграда, а истата беше поддржана и од Општина Гостивар.

“Беше барање на родителите на нашите ученици, да се бојадисуваат внатрешните простории на училишната зграда. Го видов како разумно ова барање и покренав иницијатива, а наидов и на добра волја за поддршка од страна на Општина Гостивар”, вели директорот на училиштето, Зеќије Муслиу.

Во Основното училиште “Форина” настава следат околу 250 ученици од прво до деветто одделение, а во текот на годинава ќе се отвори паралелка за ран детски развој.

Служба за информирање

Широка акција на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило”

19.02.2018

Ndërmarrja Publike ‘Parkingjet publike dhe gjelbërimi” nga Gostivari, këtyre ditëve është duke realizuar një aksion të gjerë për përmirësimin e gjendjes me gjelbërimin në sipërfaqet publike në Gostivar, si dhe të sipërfaqeve përskaj rrugëve lokale në territorin e komunës së Gostivarit.

Reshjet intensive të shiut dhe borës javëve të fundit, shkaktuan shkulje dhe thyerje të degëve të më shumë drunjve te parku i madh i qytetit, në sipërfaqet tjera publike, si dhe të drunjve përskaj rrugëve lokale dhe rajonale.

Ekipe të ndërmarrjes intervenuan menjëherë në rastet emergjente, ndërsa këtyre ditëve po vazhdojnë me një aksion gjithëpërfshirës, duke mënjanuar degët e thyera, shkurret dhe vegjetacionin tjetër të padëshirueshëm .

Nga kjo ndërmarrje thonë se aksioni do të vazhdojë përderisa kushtet klimatike do ta mundësojnë atë.

Shërbimi për informim

Се исече дрвото во фаза на распаѓање покрај патот до Лакавица

14.02.2018

На барање на жителите на селото Лакавица, тимовите JП “Паркинзи и зеленило” го отстранија старото дрво кое стои покрај патот што води до селото.

Инженерите на претпријатието откриле дека старото дрво е во фаза на распаѓање и дека не може да се одржува и дека е неопходно да се пресече, бидејќи претставувало потенцијална опасност за минувачите и возилата.

Служба за информирање

Донатор од селото, ги реновираше санитарните јазли во ОУ “Прпарими” – Чегранe

11.02.2018

Залагањата на Општина Гостивар за подобрување на условите во основните и средните училишта и за подигање на квалитетот на воспитно-образовниот процес, добро ги прифатија граѓаните на Општина Гостивар и се поттикнаа да помогнат во овој процес.

Жител од село Чегране, по сопствена иницијатива и со согласност од училиштето и Општината, во текот на викендот ги реновираше санитарните јазли на училиштето, кои беа во многу лоша состојба.

Служба за информирање

Саниран оштетениот таван на Ученичкиот дом

11.02.2018

Во рамките на акцијата “Активна сабота”, Општина Гостивар направи разни интервенции во образовните институции чиј што е основач.

Покрај во објектите на основните и средни училишта, се интервенираше и во Ученичкиот дом, при што се санираше оштетениот плафон на една просторија на овој дом.

Општина Гостивар континуирано ќе се грижи за подобрување на условите во овој дом.

Служба за информирање

Подрачното основно училиште во село Речане, опремено со ЛЕД светилки

11.02.2018

Од понеделник, учениците од подрачното основно училиште “Лириа” во село Речане, ќе имаат подобро осветлување во училиштето.

Сите класични светилки во училниците, ходниците и другите училишни простории, се заменија со ЛЕД светилки.

ЛЕД светилките даваат посилно светло, а трошат 5 пати помалку електрична енергија од класичните светилки.

Служба за информирање

Мала но мошне значајна интервенција во Основното музичко училиште

11.02.2018

Активната сабота на Општина Гостивар во општинските училишта, допре и во ОМУ “Енвер Стафаи”.

Навлаките на седиштата во ходникот на ова училиште, дотраени и искинати, му даваа обезличуваа изгледот на оваа институција во која се негува уметноста, сега се заменети со нови.

Беше тоа многу евтина интервенција, но која ја докажува решеноста на Општина Гостивар за подигање на квалитетот на образовните институции со кои таа управува.

Служба за информирање

Се интервенираше во ОУ “Исмаил Ќемали” во Гостивар

Се интервенираше во ОУ “Исмаил Ќемали” во Гостивар

11.02.2018

Со цел да се создадат најдобри услови во основните и средните училишта во Гостивар, саботниот ден се користеше за одредени интервенции во училишните згради.

Во ОУ “Исмаил Ќемали” во Гостивар сe интервенираше на влезот на училишната зграда, односно на подот се постави ламинат.

Средствата беа обезбедени од издавање на користење на термини спортската сала.

Служба за информирање

Санирани штетите предизвикани од обилните дождови

14.02.2018

Како последица на обилните дождови кои го зафатија подрачјето на општина Гостивар, беа предизвикани одредени материјални штети, вклучувајќи и откорнување на неколку дрвја.

Екипи на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” излегоа на терен и интервенираа за отстранување на последиците, како што беше случајот со дрвото што се урна преку објектот во автобуската станица во Гостивар.

Служба за информирање