Фирмата “Картел” на Ирфан Јашари ја блокира жиро-сметката на гостиварската гимназија за долгови направени од страна на Невзат Бејта, бара и камати

05.12.2018

Приватното претпријатие “Картел” од Гостивар, позната како една од најблиските фирми со поранешниот градоначалник на  Гостивар, Невзат Бејта, ја има блокирано жиро-сметката на СОУ “Гостивар” со што го оневозможува нормално функционирање на оваа образовна институција со најголем број на ученици во Гостивар. Ова се должи на долговите создадени за изградба на спортската сала на ова училиште во периодот 2005-2009 година, кога со општина Гостивар раководеше Невзат Бејта.

Ирфан Јашари од “Картел”, имаше можност создадениот долг да го побара  во мандатите 2005-2009 и 2013-2017, кога на чело на општината беше самиот градоначалник Невзат Бејта како нарачател на работите, но тој долгот го бара после 10 и повеќе години, со единствена цел да ја блокира работата на една раководна општинската структура, која  кормилото на општината го презеде преку  слободно изразената волја на граѓаните и покрај фактот дека целиот државен апарат се мобилизираше тоа да се спречи.

Му даваме до знаење на Ирфан од “Картел“ и на неговиот бос, граѓанинот Н.Б. дека со блокирање на жиро-сметката на гимназијата, го спречува нормалното функционирање на училиштето и ја попречува волјата на наставниот кадар, родителите и илјадници ученици, да го вратат имиџот на гостиварската гимназија како елитно училиште какво што беше некогаш.

Служба за информирање

Кастрење на дрвјата покрај патот во селото Лакавица, се зголемуваат безбедноста во сообраќајот

05.02.2018

На барање на локалното население и по налог на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, Јавното претпријатие “јавни паркиралишта и зеленило”, во текот на изминатиот викенд ги кастреше дрвјата и ја отстрани несаканата вегетација покрај  регионалниот пат Гостивар-Србиново во делницата која што поминува покрај селото Лакавица.

“Беше барање на жителите од село Лакавица и планинските села кои гравитираат по овој пат, за да се кастрат  дрвјата и да се отстрани несаканата вегетација што ја намалуваа видливоста и ја загрозуваа безбедноста во сообраќајот. Вакви интервенции сме имале и на други локални и регионални патишта во територијата на општина Гостивар”, изјави директорот на претпријатието, Музафер Зулбеари.

Вреди да се спомне дека патот кој што поминува покрај селото Лакавица е дел од регионалниот пат Гостивар-Србиново чие што одржување му припаѓа на Јавното претпријатие “Македонски патишта”. Но, поради неинтервенирање на ова претпријатие, Општина Гостивар, со цел да не страдаат граѓаните, се приморува со сопствените да врши неопходни интервенции.

Служба за информирање

Координација на активностите помеѓу Секторот за образование и педагошките служби на гостиварските училишта

02.02.2018

Секторот за образование при Општина Гостивар одржа состанок со педагошките служби на општинските училишта, на кој присуствуваа педагози, психолози и социолози од сите гостиварски основни и средни општински училишта.

“Ја остваруваме оваа средба со педагошките служби на основните и средните училишта, со цел поефективно и поефикасно координирање на активностите и преку продлабочување на соработката, како меѓу општината и училиштата, така и преку меѓусебната соработка помеѓу училиштата и размена на искуства, да го подигнеме квалитетот на образовниот процес и на оваа толку значајна област да му го вратиме заслуженото место во општеството”, вели Асилан Снопче, раководителка на Секторот за образование при општина Гостивар.

Од состанокот произлегоа конкретни идеи, но се донесоа и многу важни заклучоци. Ваквите состаноци да бидат редовни и да се одржуваат во првата недела од месецот. Училишните педагошки служби редовно да известуваат за својата работа. Управите на училиштата да ја зголемат контролата над работата на наставниците, како и да се инспектираат наставните часови. Педагошката служба целосно да се растовари од административните работи кои им припаѓаат на училишните управи.

Она што вреди да се спомене е дека училишните педагошки служби се обврзуваат еднаш месечно да организираат работилници (предавања) за одредени теми за кои ќе тие заеднички и во координација со Секторот за образование ќе оценат дека се корсини.

“Ова се прави со цел одредени активности и работата на училишните педагози и психолози, да може да најде поширока примена во училиштата и да бидат искористени сите добри индивидуални идеи на стручњаците. Некои предавања ќе се одржуваат и во основните и во средните училишта, а оние специфичните за одредени возрасни групи ќе се одржуваат само за соодветниот циклус на образование”, вели Аслиан Снопче.

Служба за информирање

Се чисти коритото на реката Јахорка во село Форино

02.02.2018

Јавното претпријатие “Комуналец” деновиве спроведува акција за чистење на коритото на реката Јахорка во село Форино.

Коритото на реката беше загриженоста која жителите од селово му го презентираа на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари при неговата неодамнешна посета на Форино.

“За реализација на оваа акција ја ангажиравме нашта механизација и нашите вработени и сето ова го правиме со сопствени средства на претпријатието. Ова беше барање на локалните жители, за да се овозможи непречен проток на водата, но, исто така, и да се отстрани грозниот изглед на реката која тече низ селото”, вели директорот на претпријатието, Исак Лазами.

Жителите на село Форино, изразуваат благодарност за оваа брза интервенција од страна на градоначалникот на Гостивар за решавање на нивните проблеми.

Служба за информирање

ОУ “Перпарими” со повеќе воннаставни активности

02.02.2018

Во Основното училиште “Перпарими” Чегране, се случуваат повеќе воннаставни активности. Учениците од ова училиште неодамна учествуваа во проектот “Со читање до лидерство”, проект организиран од УСАИД, чија цел е мрежно поврзување со пријателски училишта.

“Во ова вмрежување беа презентирани работи и активности на 3 пријателски училишта и се одржаа разни работилници во форма на соработка. Вмрежувањето се реализираше во “Гоце Делчев“ од скопската општина Аеродром, а нашето училиште се презентираше со проектот “Бетмен – мој херој”, информира директорот Блерим Амети.

Исто така, во ова училиште, во вторникот се одржаа пинг-понг натпревари, на коиучествуваа 24 ученици од вишите одделенија, односно од VI до IХ одделение. Најуспешните натпреварувачи беа наградени со скромни подароци.

Од училиштетоценат дека воннаставните активности треба да бидат во функција на развој на талентите, вештините и способностите на учениците, како и во правец на јакнење на нивната самодоверба , како и позитивен имиџ за училиштето.

Служба за информирање

Уште едно остварено ветување на градоначалникот Таравари

02.02.2018

По ставањето во функција од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на мерната станица за присуство на ПМ10 микро-честички , која е поставена во дворот на Основното училиште “Гоце Делчев”, Општина  Гостивар на својата официјалната веб стран обезбедена директен линк, каде што секој ден се даваат информации за нивото на загадување на воздухот.

Немањето мерна станица во Гостивар за  количеството  на микро-честички ПM10 во градот Гостивар, беше едно од главните преокупации на градоначалникот Арбен Таравари за време на изборната кампања.

Овозможувајќи им на граѓаните на Гостивар благовремено да бидат информирани за нивото на загадување на воздухот, Општина Гостивар има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за заштита на животната средина, како и изразува подготвеност согласно надлежностите и можностите да преземе конкретни чекори во справувањето со овој проблем.

Следи линк: www.gostivari.gov.mk/air

Служба за информирање

СЕОУ “Гостивар” и ОУ “Прпарими“ с. Чегране добија грант од МОН

01.02.2018

Министерството за образование и наука ги објави резултати од Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта.

Меѓу добитниците на грант се едно основно и едно средно училиште од Гостивар. ООУ “Прпарими“ од с. Чегране ќе реализира проект во партнерство со ООУ „Никола Карев“ од Радовиш, а Општинското средно економско училиште грантот го добила самостојно.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Служба за информирање

“Вистината за ДУИ“ – Таравари: Градежното земјиште го продале за смешни цени

01.02.2018

Во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ”, градоначалникот на Гостивар , Арбен Таравари, на прес конференција презентираше дел од злоупотребите кои се направени во областа на урбанизмот во текот на мандатот 2013-2017 година во општина Гостивар.

“Првиот случај се однесува на продажба на градежно земјиште во сопственост на општина Гостивар, кај градската индустриска зона, на излез од Гостивар кон Тетово. Продажбата на градежно земјиште е направено за смешни цени од 211, 500, 550 и 1.600 денари за метар квадратен. Замислете за 3,50 евра (211 денари) за метар квадратен градежно земјиште, пријателот на шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, станал сопственик на градежно земјиште со површина од 7.559м2. За 500 денари по квадратен метар. лице исто така близок со поранешниот градоначалник на Гостивар, станал сопственик на градежното земјиште со површина од 2178.3m2. За 550 денари по квадратен метар, близок човек на поранешниот градоначалник, станал сопственик на градежно земјиште со површина од 1940м2. А по цена од 1600 денари за метар квадратен, што е сепак помалку од половина од реална цена за таа зона, продaдeнa е и парцела со површина од 3533м2“, истакна Таравари.

Како друг, исто така, скандалозен случај, Таравари го наведе изработувањето на проекти од страна на Проектантски бироа , каде што над половина од проектитње за станбени згради ги изработиле само од три проектантски бироа, а бројот на вакви бироа во Гостивар е многу голем.

“Конкретно, од вкупно 46 колективни згради, едно Биро за проектирање многу блиско до поранешниот шеф на урбанизам има изработено 16 такви, со вкупна вредност од 329.732 евра. Едно друго биро за проектирање, за 6 изработени проекти обезбедила средства во износ од 179.334 евра. Додека една друга фирма изработила проекти за 3 колективни остварувајќи приходи во висина од 103.368 евра. Имајќи предвид дека ова е само еден дел од направените злоупотреби во сферата на урбанизмот, секој коментар е одвишен“,м истакна градоначалникот.

Тој на новинарите им ги презентираше и документите кои го потврдуваат наведеното, како и ги запозна нив дека во врска со злоупотребите во областа на урбанизмот ќе се организираат и други прес конференции.

За наредната прес конференција, Таравари најави дека таа ќе биде посветена на злоупотребите во областа финансии, односно на луксузот кој го правел поранешниот градоначалник со пари на граѓаните.

Служба за информирање