Известување

18.04.2018

Се известуваат жителите од улиците “Борис Кидрич“ (од Црквата до Маркетот “Монтенегро”), “Димитар Влахов” и “Младен Груевски”, дека денес од 12 до 15 часот, ќе имаат намален притисок на водоводот.

Ова се должи на работите што се изведуваат за санација на дефектот во главниот цевковод Ф 100.

Од ЈП “Комуналец“ бараат разбирање од граѓаните.

Служба за информирање

Известување 2

18.04.2018

Граѓаните се информираат дека асфалтирањето на крстосницата кај комплексот “Барок“ ќе се одржи утре на утро.

Одложувањето на асфалтирањето доаѓа како резултат на дефект на машината на изведувачот на работите.

Од АД “Пелагонија”, бараат јавно извинување и разбирање од граѓаните на Гостивар за доцнењето .

Служба за информирање

Известување

18.04.2018

Општина Гостивар ги информира граѓаните дека во тек е акцијата за санација на оштетените патишта на територијата на градот Гостивар.

Поради оваа причина, низ многу градски улици е отстранет оштетениот асфалт и се врши подготовка за поставување на нов асфалтен слој.

Крпењето на дупките на улиците “Беличица”, “Кеј Вардар” и нас. “Бањешница” ќе се направи денес, додека на другите улици во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да бидат повнимателни при возење, воедно им се заблагодаруваме за разбирањето.

Служба за информирање

Уредувањето на градскиот парк кон финализација

14.04.2018

По нивелизацијатана земјиштето и вградувањето на подземниот систем за наводнување во големиот градски парк на десната страна на реката Вардар, работите полека одат кон финализација. Во моментот се работи на уредување на пешачката патека, односно поплочување со бекатонки.

“Пролетта би ја нарекол како годишно време на нашето  претпријатие. Ги уредуваме сите зелени површини, засадуваме декоративни дрвја, се поставуваат нови клупи со што ќе им се овозможи на граѓаните на Гостивар да уживаат во пролетната сезона”, вели Музафер Зулебари, директор на ЈП “Паркинзи и зеленило”, претпријатие кое што ги изведува работите.

Покрај уредувањето на градскиот парк, редовно се работи и за подобрување на состојбата на зеленилото во сите други јавни површини, како што се дворовите на колективните згради, зелениот појас на булевардите, малите паркови низ градот и други јавни површини, а се отстранува и непожелната вегетација по должината на реката Вардар и покрај локалните и регионални патишта на подрачјето на општина Гостивар.

Служба за информирање

Ученици од четврто одделение се запознаа со функционирањето на локалната власт во Гостивар

13.04.2018

Учениците од четврто одделение во Основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во придружба на нивните учителки, денеска беа во посета на Општина Гостивар, за да се запознаат како функционира локалната власт.

За време на посетата тие се сретнаа со градоначалникот Арбен Таравари, а ја посетија и салата на Советот на Општина Гостивар, како и канцелариите на општинската администрација.

Градоначалникот Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет, ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа со јазик разбирлив за нивната возраст, посакувајќи им кога ќе пораснат да станат дел од општинската администрација, да преземат раководни позиции, а некој од нив да стане и градоначалник.

За време на посетата, 55-те ученици од трите паралелки од IV одделение во ООУ “Гоце Делчев”, на градоначалникот и на неговите соработници им поставија толку содржински прашања, што дури и возрасните би им завиделе.

Служба за информирање

Градоначалникот на Акисар и неговите соработници ја посетија Општина Гостивар

13.04.2018

Градоначалникот на општина Акисар од Република Турција, Сали Хизли, во придружба на неговите соработници, денеска ја посети општина Гостивар, каде што беше пречекан од градоначалникот Арбен Таравари и членовите на неговиот кабинет.

“Во општина Гостивар, според последниот попис, живеат над 82.000 жители, каде што мнозинството население го сочинуваат Албанците, а потоа следат Македонците, Турците и Ромите. Етничките заедници во Гостивар живеат во одлична слога, особено Албанците и Турците, кои во главно го познаваат јазикот едни на и празниците, свадбите и погребите ги прават заедно. Гостивар и Акхисар се две збратимени општини и соработката која што датира од поодамна, сигурно ќе ја продлабочиме и прошириме на повеќе области”, рече Таравари на средбата во салата на Советот на Општина Гостивар. поканувајќи ги членовите на делегацијата да се чувствуваат како во свој град за време на престојот во Гостивар.

И градоначалникот на Акхисар направи кратка презентација на општината со која раководи веќе три мандати.

“Општината Акисар има околу 170.000 жители и 109 населени места. Во последниве години имавме голем економски, социјален и културен развој. Но, во Гостивар не доаѓаме само да ги кажеме нашите искуства, туку и да научиме од вашите искуства. Би сакале да не посети широка делегација од Општина Гостивар како што ние ве посетуваме, а за тоа наскоро ќе ви пратиме и официјална покана”, истакна меѓу другото г. Хизли.

Инаку, делегацијата од општината Ахисар е составена од раководители на сектори во општината и неколку општински советници. За време на престојот во Општина Гостивар се разви широка дебата, при што двете страни одблизу се информираа за успесите и предизвиците на соодветните општини и разменија позитивни искуства.

Градоначалниците Таравари и Хизли разменија подароци кои ги симболизираат општините кои што ги водат, а средбата заврши со пригоден коктел.

За време на престојот во Гостивар, делегацијата од Ахисари ќе ги посети ОУ “Мустафа К. Ататурк”, гостиварското муфтсиство и знаменитости од културното наследство на градот.

Служба за информнирање

Започна целосната реконструкција на најфреквентниот крстопат во Гостивар

12.04.2018

Како што беше најавено вчера, денес започна целосната реконструкција на најфреквентната раскрсница во Гостивар.

“Станува збор за целосна реконструкција на многу важна крстосница во градското јадро на Гостивар, со површина од околу 400 м2. Ќе се работи интензивно за да работите завршат колку што е можно побрзо, за да не се преоптовари сообраќајот во градот. Се надеваме дека до сабота ќе заврши“, изјави за медиумите градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој најави и многу други капитални проекти што ќе се реализираат во текот на оваа календарска година во износ од околу 1 милион евра буџетски средства на Општина Гостивар.

“Секој ден ќе имаме асфалтирање и други градежни работи, кои ќе ги следиме заедно со медиумите и граѓаните. Се околу 15 улици и локални патишта на подрачјето на Општина Гостивар кои што ги назначивме како приоритетни за оваа календарска година. Една улица во Дебреше, една улица во Форино, Лакавица, патот за Трново, патот за Падлиште, исто така ќе се реасфалтира и патот Лакавица-Србиново. Вреди да се спомене и изградбата на канализација во селата Чајле, Чегране и Горна Бањица, како и многу други проекти”, истакна Таравари.

Тој објасни дека годинава ќе има промени за кои тој смета дека тешко можат да се реализираат дури и за цел четиригодишен мандат.

Градежните работи за целосна реконструкција на крстосницата “Гоце Делчев” – “Борис Кидрич”, ќе опфатат ќе опфатат отстранување на стариот асфалтен слој, планирање, израмнување и тампонирање на постелицата, нивелирање на шахтите и сливниците и асфалтирање на крстосницата во површина од 400 квадратни метри.

Додека ќе траат градежните работи , сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови и за тој период се молат граѓаните да го избегнуваат користењето на оваа раскрсница за движење на возилата.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

11.04.2018

Се известуваат граѓаните дека утре со почеток во 7 часот, ќе започнат градежните работи за целосна реконструкција на крстосницата на улиците Бул. “Гоце Делчев” и “Борис Кидрич” (кај Сити скиот центар).

Градежните работи ќе опфатат отстранување на стариот асфалтен слој, планирање, израмнување и тампонирање на постелицат, нивелирање на ќахтите и сливниците и асфалтирање на крстосницата во површина од 400 квадратни метри.

Работите ќе траат околу 15 дена и за тоа време сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе биде и блокиран.

Се молат граѓаните да го избегнуваат користењето на оваа крстосница сообраќај со моторни возила.

Ви благодариме за разбирањето!

Служба за информирање

Повик за понуди

Република Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

ИПА инвестициски грантови

MSIP-IPA-NCB-018-18

1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на локален пат за с. Падалиште и изградба на локален пат за с. Трново

3. Општина Госивар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на локален пат за с. Падалиште и изградба на локален пат за с. Трново

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: Ул. Браќа Ѓиноски бр 61

Град: Гостивар

Поштенски број: 1230

Држава: Република Македонија

Телефон: +389 (0) 42 214 406

Факс: +389 (0) 42 214 406

Електронска адреса: info@gostivari.gov.mk

6. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 2.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 716014021563012

Приходно конто: 725939 00

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Гостивар.

8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 15.05.2018. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 15.05.2018.

9. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 250,000.00 МКД.

10. Адреса: Браќа Ѓиноски 61

Град: Гостивар

Поштенски број: 1230

Архива

Држава: Република Македонија

Редовно одржување на јавнитe зелени површини

10.04.2018

Јавно претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило” – Гостивар, континуирано се грижи за одржување на јавните зелени површини на подрачјето на општина Гостивар.

Деновиве активностите се концентрирани во населбата Малеарди и во близина на индустриската кланица “Горни Полог”. На овие локации се коси тревата и се чистат отпадоците од зелените површини, особено во колективните згради и по должината на зелениот појас на булеварот “Браќа Ѓиноски”.

Од ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” – Гостивар, велат дека ваквите активности ќе продолжат и на други локации, како во градот, така и во руралните средини.

Служба за информирање