Советот на млади и учениците од медицинско го одбележаа Светскиот ден на здравjeто

06.04.2018
Советот на млади на општина Гостивар, по повод 7 април – Светски ден на здравјето, на градскиот плоштад, организираше денес бесплатни здравствени прегледи и консултации.
Носител на активноста беше Одделението за здравство при Советот на млади, а активноста беше спроведена во соработка со учениците од Средното медицинско училиште и со поддршка на Општина Гостивар.

“По повод Денот на здравјето, ја организираме оваа активност, каде што нудиме мерење на крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта, како и да и бесплатни совети за случајните минувачи.

Ова го правиме со цел да се подигне свеста на населението за редовни прегледи и да се реагира превентивно при нарушување на здравјето”, објасни Миран Исмаили, раководител на Одделението за здравство при Советот на млади на општина Гостивар.
Со цел промовирање на здрава исхрана и здрав начин на живеење, организаторите со пушачите разменуваа цигара за јаболко.

Служба за информирање

Крводарителна акција по повод 8-ми Април

05.04.2018

Под мотото “И твојата крв може да те спаси нечиј живот”, денес во просториите на Општина Гостивар се одржа крводарителна.

Акцијата беше организирана по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите, а беше поддржана и од Општина Гостивар.

“Ова е прва крводарителна акција во Македонија и пошироко, организирана на Меѓународниот ден на Ромите. Покрај хуманиот аспект за да се спасат човечки животи, преку оваа акција ние Ромите имаме за цел да покажеме дека и ние сме дел од ова општество и сакаме да бидеме рамноправни со сите други, но, исто така, и да дадеме придонес за општеството. Оваа акција е само една од многуте активности на агендата овогодинешното одбележување на нашиот празник, 8-ми Април”, истакна Бари Абдули, службеник во Општина Гостивар.

На денешната акција, крв даруваа и општински администратори, меѓу кои и Сеад Ејупи – шеф на кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари.

Служба за информирање

Таравари беше домаќин на Беким Нухија – велемајстор на боречки вештини

03.04.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го прими во неговиот кабинет Беким Нухија велемајстор на боречки вештини.

“Како што постојано истакнувам, спортистите ги сметаат за најдобрите амбасадори на еден народ или заедница. Еден од нив е велемајсторот на боречките вештини Беким Нухија, кој постигнува низа успеси во Европа и во прекуокеанските држави, што нас како гостиварци нè прави многу горди“, истакна Таравари.

Беким Нухија, кој живее и делува во Германија, а по потекло е од село Речане гостиварско, му се заблагодари на градоначалникот Таравари за топлото гостопримство и почитта што ја покажува кон спортистите, како и неговите напори за подигање на нивото на спортскиот живот во Гостивар.

За постигнатите врвни резултати во областа на боречките вештини, градоначалникот Таравари на Беким Нухија му додели Признание .

Служба за информирање

Гостивар го одбележа Светскиот ден за борба против аутизмот

02.04.2018

Светскиот ден за борба против аутизмот, во Гостивар се одбележа со многубројни активности. Во одбележувањето на овој ден, покрај Општина Гостивар се вклучија Дневниот центар за деца со посебни потреби – Гостивар, Општинската организација на Црвен крст – Гостивар, ООУ “Единство“ – Гостивар, бизнис секторот, како и граѓански здруженија и експерти од Македонија и Албанија кои се занимаваат со третман на децата со аутизам.

Активностите започнаа со марш за подигање на свеста за борба против аутизмот, од Дневниот центар до градскиот плоштад, каде што ресторанот “Њу Албис“ од Гостивар, подели 70 оброци за децата со аутизам. Учесниците на маршот беа облечени во маички на кои беше испишано мотото: “Shine on light of autism” (Светлосни зраци за аутизмот).

Во ООУ “Единство“ во соработка со ОО ЦК – Гостивар се организираше хуманитарен пазар, а собраните средства се наменети за помош на едно сиромашно семејство со дете со посебни потреби.

Активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против аутизмот се заокружија со предавање во салата на Советот на Општина Гостивар на тема: Да ги надминеме разликите, да запознаеме еден друг“. На предавањето учествуваа претставници од Секторот за јавни дејности на Општина Гостивар, педагози и психолози од општински основни училишта, дефектолози и логопеди од гостиварското подрачје, како и родители на деца со аутизам, а предавачи беа познати експерти од дневни центри за деца со аутизам во Албанија.

Вреди да се напомене дека активностите за отворање на центар за деца со аутизам во објектот на Општинскиот ученички дом “Бранко Станоевиќ“ – Гостивар се влезени во завршна фаза и се очекува наскоро истиот да биде ставен во функција.

Служба за информирање