Честитка на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, по повод Светиот Месец Рамазан

15.05.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на сите верници од исламска вероисповед им го честита Светиот Месец Рамазан.

“Над една милијарда луѓе ширум светот ќе влезат во Светиот Месец Рамазан. И во Гостивар се подготвуваме да го почнеме Рамазан.

Посакувајќи ви лесен пост, убеден сум дека овој месец ќе ни послужи за што поголемо рефлектирање на нашето однесување, ќе нè доближи до Бога и да нè направи што посвесни, дека љубовта и почитта се главниот клуч за слога.

Бог нека ни го прифати постот и нашите молитви”, се вели во пораката на градоначалникот Таравари.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните, органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, установите и јавните служби, месните заедници, јавните претпријатија, заводите, фондовите, невладините организации, правните и физички лица што вршат јавни овластувања и сите други кои ги користат општинските услуги, дека во согласност со Одлуката бр.09-1009/1 од 15.05.2018 година, за времено распоредување на работнотo време на Општина Гостивар во текот на месец “Рамазан” – 2018 година, општинската администрација ќе работи од 09.30 до 16.00 часот, почнувајќи од 16 Мај 2018 до 14 Јуни 2018 година.

Служба за информирање

Концертот “Музиката сите нé обединува” ги обедини младите од Гостивар

15.05.2018

Под мотото “Музиката сите нé обединува” синоќа на гостиварскиот плоштад се одржа голем концерт на кој учествуваа млади луѓе од сите националности.

Организатор на настанот беше Форумот на млади а истиот беше поддржан од страна на Општина Гостивар, ЈП “Комуналец – Гостивар и Министерството за култура.

“Целта на овој концерт е да се промовира мултикултурализмот и соживотот во Гостивар, вредности кои што гостиварци ги негуваат повеќе генерации. За да учесничките групи имаат што подобар настап, интензивно вежбаа во просториите на Форумот на млади во зградата на Општина Гостивар. Би сакал, во оваа да им се заблагодарам на сите што го поддржаа овој настан и би додал дека во иднина уште повеќе ќе се интензивираат активностите и Гостивар ќе стане атрактивно место за младите луѓе”, вели Енис Мифтари – претседател на Советот на млади на Општина Гостивар.

На концертот настапија “Gos YC Music Group”, “Da Lee&Nband” и “DJ Knockout” a концерт следат голем број на граѓани и претставници на општинската администрација.

Служба за информирање

Советот на млади на општина Гостивар организираше велосипедски тура низ градот

14.05.2018

Со цел сензибилизација на граѓаните за зачувување на животната средина и против загадувањето на воздухот, Советот на млади на општина Гостивар организираше велосипедска турнеја низ улиците на градот Гостивар.

Под мотото “Let’s go cycling”,, велосипедистите тргнаа од општинската зграда, кружејќи низ главните градски улици за да на крајот се вратат во општинската зграда.
Активноста се спроведе со целосна поддршка од Општина Гостивар, а велосипедистите ги придружи градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговите соработници.

Меѓу учесниците на велосипедската тура беше и иселеникот Арафат Абдија кој му поклони симболичен подарок на градоначалникот Таравари, посакувајќи му да продолжи со неуморната работа за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на општина Гостивар.

Служба за информирање

Се одржа традиционалниот Марш “Рамен Камен 2018” – поддржан и од Општина Гостивар

14.05.2018

Планинарското друштво “Шари” од Гостивар, вчера го организираше традиционалниот марш “Рамен Камен 2018“ на кој учествуваа членови на неколку планински планинарски друштва од цела Македонија и од соседните земји.

Маршот финансиски го поддржа Општина Гостивар, а со неговото присуство го почести и градоначалникот Арбен Таравари. Претседателот на друштвото “Шари” – Ќерим Абази, на градоначалникот Арбен Таравари му додели Благодарница за дадениот придонес.

Планинарите се искачија на врвовите Црн Камен – 1903 метри надморска височина и Рамен Камен – 1886 метри надморска височина, во патека долга 25 километри и со 1333 метри височинска разлика, поминувајќи низ неверојатни природни убавини и импресивни пејзажи и панорами.

Служба за информирање

Ќе се отворат четири детски игралишта, а во вкупно шест ќе се постават реквизити

11.04.2018

Денес започна поставувањето на реквизити во детското игралиште спроти Судот во Гостивар, а наредните денови ќе бидат поставени реквизити и на пет други локации.

Четири од шесте локации каде што ќе бидат поставени реквизити, се нови детски игралишта, а само две од нив постоеле од порано и сега застарените реквизити ќе бидат заменети со нови.

Детски игралишта се отвораат спроти Судот, кај комплексот на колективно згради во населбата Малеарди, кај комплексот на згради спроти големиот градски пазар и во дворот на Основното училиште “Фаик Коница” – Дебреше.

Старите реквизити ќе бидат заменети со нови во двете детски градинки во градот, каде ќе се уреди и инфраструктурата околу нив.

За уредување на детските игралишта, Општина Гостивар издвои околу 2,3 милиони денари од својот буџет, а работите се очекува да завршат во текот на месецов .

Служба за информирање

Да придонесеме сите заедно за чист и убав Гостивар!

Општина Гостивар преку Јавното претпријатие “Паркинзи и зеленило“ посебно внимание посветува на одржувањето на зеленилото и заштита на животната средина.
Да придонесеме сите заедно за чист и убав Гостивар!

Во Гостивар одбележан 9 Мај – Денот на Европа

Амбасадорите на Вишеградската група, и година го одбраа Гостивар за одбележување на Денот на Европската Унија – 9 Мај. Првично амбасадорите на три од четирите земји од Вишеградската група во Скопје, односно на Чешка – Мирослав Томан, на Полска – Јацек Мултанопски и на Унгарија – Ласло Дукс беа примени од страна на Арбен Таравари во неговиот кабинет, при што зборуваа за актуелната состојба во општината и можностите за продлабочување на постоечката соработка.

Потоа, градоначалникот Таравари и тројцата амбасадори присуствуваа на свеченоста организирана по повод Денот на Европа, што започна со интонирање на химната на ЕУ – Ода на радоста, во изведба на хорот на ОУ М.К. Ататурк – Гостивар, проследено со музички нумери од земјите на ЕУ во изведба на учениците од Нижото музичко училиште “Енвер Стафаи” – Гостивар.

Градоначалникот Таравари во својот поздравен говор, им се заблагодари на амбасадорите од Вишеградската група што редовно го избираат Гостивар за одбележување на најважниот ден на Европската унија, и им честиташе на учениците за прекрасната програма специјално подготвена за овој ден, во чест на гостите.

На присутните, во името на земјите од Вишеградската група, им се обрати и унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, кој приклучувањето на Вишеградската земји во ЕУ го претстави како успешна приказна, и посака наскоро и Македонија да стане дел од големото европско семејство.

Со богата културно-уметничка програма се претставија и учениците од ОУ “Гоце Делчев” предводени од страна на професорот по музичко, Басри Ристеми, на кому за дадениот придонес градоначалникот Таравари му поклони кацига за велосипедизам, омилено хоби на професорот.

На крајот на манифестацијата, амбасадорите од Вишеградската група, во придружба на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговите соработници ги посетија штандовите подготвени од ученици од основните и средни училишта од општина Гостивар, каде што беа презентирани вредностите на земјите на ЕУ и дел од традицијата на Гостиварскиот регион, вклучувајќи ги и традиционалните јадења со кои ги почестија амбасадорите.

Вреди да се истакне дека целата манифестација помина во духот на мултикултурализмот и соживотот како специфична вредност на граѓаните на општина Гостивар.

Информативна служба

Се реновира детскотo катче во големиот градски парк во Гостивар

08.04.2018

Детско катче во големиот градски парк, кој подолго време е вон функцијата за кое е наменето, се реновираше деновиве од страна на Општина Гостивар.

Сите детски игри се поправени, фрлен е песок и поставени се ивичници од бекатон, а вградено е и соодветно јавно осветлување.

“Со потребните поправки, ја вративме оваа игротека повторно на располагање на децата, а со соодветното осветлување ќе може да се користи и во вечерните часови. Би апелирала при оваа прилика до сите граѓани да се грижат за ова катче и да ги пријават сите оние кои евентуално би го оштетиле ова катче”, вели раководителката на Одделението за односи со јавноста при Општина Гостивар, Аслиан Снопче.

Додека Бесим Догани – одговорен на Канцеларијата за локален економски развој и имплементација на проекти, информира дека во рамките на изборната програма на градоначалникот Арбен Таравари, ќе се интервенира и во другите детски катчиња и површините за одмор и рекреација.

Служба за информирање

ООУ “Гоце Делчев” – Гостивар го одбележа патрониот празник

04.05.2018

Со богата културно-уметничка програма, со реферат, рецитали, песни и други точки подготвени од учениците и нивните наставници, ООУ “Гоце Делчев” – Гостивар го одбележа својот патронен празник.

На настанот присуствуваа учениците и нивните родители, просветни ветерани, претставници на Општина Гостивар и други локални институции, како и други гости.

На присутните им се обрати директорот на училиштето Сашо Шарески, при што го увелича ликотна македонскиот национален херој, Гоце Делчев, како личност кој се залагал за цивилизациски напредок.

Во основното училиште “Гоце Делчев“, наставата ја следат околу 1000 ученици на албански и на македонски наставен јазик.

Служба за информирање