Поддршка од АДРР “Сонце“ – Тетово за градоначалникот Таравари

22.06.2018

Ромска асоцијација за развој на демократијата АДДР “Сонце“ Тетово, реагира во однос на изземањето од дневен ред на точката за усвојување на локалните акциони планови во Советот на Општина Гостивар. Во реакцијата се наведува дека оваа Асоцијација ги поддржува процесите кои водат кон унапредување на положбата на Ромите на локално ниво согласно РОМАКТЕД програмата “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ и потпишаниот Меморандум за Разбирање со општините, Советот на Европа и Министерството за труд и социјална работа.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

Reakcija ADDR SONCE – Tetovo

Одлуката на мнозинството во Советот, ја остави во мрак спортската сала “Риниа” – Гостивар

21.06.2018

Одлуката на мнозинството членови на Советот на Општина Гостивар, на петтата седница гласаше против доделување на субвенции на ЈПССО “Риниа“ од страна на Општина Гостивар.

Во ова претпријатие во шии што рамки функционира спортската сала каде што спортските активности ги вршат спортските клубови од Гостивар и околината, претходното општинско раководство создаде огромни неподмирени обврски кон ЕВН, за потрошена електрична енергија.

И покрај тоа што самите се одговорни за создадената ситуација во ЈП “Риниа”, советниците на ДУИ и нивните партнери СДСМ, НДП и ДСР гласаа против предлог-одлуката за доделување на субвенции во висина од 500.000 денари на ова претпријатие, наменети за плаќање на електрична енергија, како последица од тоа ЕВН им ја исклучи струјата и салата остана во мрак.

Се поставува прашање, каде советниците на ДУИ и и нивните партнери, во случајов го гледаат интересот на граѓаните на кој постојано се повикуваат.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

20.06.2018

Се известуваат граѓаните дека утре (четврток) од 23:00 до петок во 07:00 часот, вода за пиење од градскиот водовод ќе биде во прекин.

Водата ќе биде прекината поради полнење на новиот базен во село Вторток, како и поради испитување на втората алтернативна главна линија кон главниот извор. Сето ова, како подготовка за започнување на работите во рамките на проектот СЕЦО 2.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” бараат разбирање од граѓаните.

Информативна служба

Хрватски и турски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Гостивар

19.06.2018

Хрватски и турски бизнисмени, ja посетија на Општина Гостивар, каде беа пречекани од градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и неговите соработници.

Бизнисмените го запознаа градоначалникот Таравари за нивната заинтересираност за конкретни инвестиции во областа на сточарството во подрачјето на општина Гостивар.

Градоначалникот Таравари ги информираше бизнисмените дека тој и општинската администрација се подготвени да понудат целосна асистенција и се што е во надлежност на Општината, кога станува збор за сериозни инвестиции кои влијаат на локалниот економски развој и намалување на невработеноста.

Хрватските и турски бизнисмени за време на престојот во Гостивар, го истражуваат теренот при што ги придружуваат вработени во општинската администрација кои се занимаваат со прашања од областа на странски инвестиции.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните кои го користат регионалниот пат Гостивар – Србиново дека од четврток наутро ќе започнат градежните работи за целосна реконструкција на делницата Лакавица – Србиновo.

Додека ќе траат градежните работи сообраќајот во оваа патна делница , во одредени делови и временски периоди, ќе се одвива отежнато, затоа се молат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да го прилагодат движењето со условите на патот.

Инаку, патот што што ќе се реконструира е долг 2,3 километри, а делот што треба да се асфалтира ќе биде широк од 4,2 метри.

Од Општина Гостивар им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Служба за информирање

Градоначалникот Таравари се сретна со минситерот без ресор Аксел Ахемдоски

13.06.2018

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, оствари средба со министерсот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Аксел Ахмедоски.

На средбата присуствуваше и советникот на градоначалникот Таравари за ромски прашања, Бари Абдули како и претстaвници на Ромскиот Информативен Центар – Гостивар.

Целта на посeтaта беше имплемнтацјата на Стратегијата за Ромите и подобрување на квалитетот на живот на ромската заедница во Гостивар. Се разглeдаа и е дискутираше за идни проекти од облста на домувањето, односно одредување локација за изградба на жиевелаишта за лицaта без сопствен дом, како и решавање на проблемите со инфраструктура и канализациона мрежа во населбите во кои живее претежно ромско население.

Градоначалниот Таравари потенцираше дека усвојувањето на Акцискиот план претставува голем чекор на општинската админитрација кон целосна интергација на Ромите.

Градоначaлникот Таравари и министерот Ахмедоски придружени од нивните соработници, ги посетија ромските населби во Гостивар при што беше изразена подготвеност од страна на градоачланикот за реализациjа на идни проекти за подобрување а на состојбата на Ромите во Гостивар.

Служба за информирање

Продолжува поставувањето на јавно осветлување во детските игротеки во Гостивар

13.06.2018

По отворањето на новата детска игротека на големиот градски парк, спроти Судот во Гостивар, поставено е и осветлување.

Општина Гостивар виде за сходно да се постави осветлување, бидејќи игротеката на другата страна од паркот, во близина на Катастарот, по поставувањето на осветлување, се користи и во вечерните часови и не се оштетува од страна на несовесни  лица во текот на ноќта .

Служба за информирање

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги поддржува младите шахисти

12.06.2018

Стремежите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за подобрување на квалитетот на културно- уметничкиот и  спортско-рекреативниот живот, особено на помладите генерации, од ден на ден сé повеќе се конкретизираат.

Едно од последните  случаи е финансиската поддршка од Општина Гостивар за Детската шаховска академија во Гостивар.

“Со развојот на овој интелигентен и исклучително убав спорт ние стануваме промотори на здрав начин на одгој на децата држејќи ги што подалеку од  валканите понуди на улицата”, вели градоначлникот Таравари.

Додека раководителот на на Детската шаховска академија во Гостивар, Ахмет Салмани му се заблагодари на градоначланикот Арбен Таравари за поддршката на шаховската школа.

“Вака можеме да чекориме напред кон нови победи за Гостивар и за идните генерации”, вели Салмани.

Служба за информирање

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш ја посети општина Гостивар, се сретна со градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на АА, Зиадин Села

07.06.2018

Амбасадорот на Словачка во Скопје Хенрик Маркуш ја посети денес Општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. На средбата присуствуваа и поранешниот амбасадор на Словачка во Скопје, сегашен шеф на мисијата на ОБСЕ во Братислава, Роберт Кирнак и претседател на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.

На состанокот се разговараше за актуелната состојба во општината и во земјата, како и односите на централната власт со локалната самоуправа во Гостивар.

“Имавме конструктивен и мошне плоден разговор. Нормално, нам ни се пријатели сите претставници на меѓународната заедница и тие секогаш се добредојдени во нашиот град”, рече на прес-конференција по состанокот градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Тој, исто така, им објасни на новинарите зошто на средбата присуствуваше и претседателот на Алијансата за Албанци, Зиадин Села.

“Тоа беше двостран договор помеѓу нас и Амбасадата на Словачка, за да на средбата присуствува и претседателот на партијата Алијанса за Албанците, господинот Зиадин Села, за да се направи анализа на односите помеѓу позицијата и опозицијата. Гледате дека владата има некоректен однос кон локалната власт во Гостивар, но бидејќи сега е актуелно прашањето за името и интеграцијата на земјата во НАТО, тоа го става во сенка проблемот. Но, сите дипломати и нашите пријатели се свесни за она што се случува во општина Гостивар, како една од главните општини во земјава”, појасни Таравари.

Изјавата по средбата даде и словачкиот амбасадор …, кој истакна дека ова е негова прва посета по назначувањето на оваа функција во месец февруари година

“Жал ми е што не сум можел да дојдам порано, но многу сум среќен што дојдов тука денес. Посебно ме радува фактот што имавме многу охрабрувачки разговор со градоначалникот Таравари. Тука имаме и претставници на ОБСЕ, бидејќи следната година Словачка ќе претседава со оваа организација. Посебно сум среќен што тука со нас е поранешниот амбасадор на Роберт Кирнак, кој одлично ја претстави Словачка, ен само во Гостивар туку во цела Македонија”, истакна меѓу другото словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш.

Служба за информирање

Демант: Министерот Сухејл Фазлиу не пуштил ниту денар за Гостивар

07.06.2018

Со цел точно информирање на граѓаните на Гостивар, Општина Гостивар го дава следното појаснување:
Во врска со изјавата на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу дадена за ТВ Арт Чанел, во емисијата “Уметноста на финансиите”, даваме до знаење дека проектот за реконструкција на патот од месноста “Сушички мост” до депонијата Русино, е проект спроведен од страна на Центарот за регионален развој на полошкиот регион во рамките на програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој, а не во некоја од програмите МЛС и Бирото каде што аплицираат општините.

Значи, станува збор за проект од заеднички интерес на деветте општини од полошкиот регион, што се имплементира во атарот на општина Гостивар, бидејќи таму се наоѓа регионалната депонија.

А што се однесува до проектната документација, тоа беше обврска на Центарот за регионален развој на полошкиот регион. Општина Гостивар активно помагала во подготовката на истиот систем и со истото комплетирање ги има издадено потребните дозволи за градба, во пропишаните рокови.
Повторуваме дека станува збор за проект од регионален карактер, а не за некој план што е од изолиран интерес само за граѓаните на Општина Гостивар.

Служба за информирање