Градоначалникот Арбен Таравари ги промовираше новите детски игротеки

04.06.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денес излезе на терен за да го проследи текот на работата за изградба на нови детски игротеки.

Најпрвин тој застана кај детската игротека спроти судот во Гостивар, каде што новата игротека веќе е ставена во функција, а потоа го посети основното училиште во село Дебреше каде што во тек е поставувањето на реквизитите кај новата игротека во училишниот двор.

Четири од вкупно шест локации каде што ќе бидат поставени реквизити, се нови игротеки, а само две од нив постоеле од порано и сега стари реквизити ќе бидат заменети со нови.

“Планиравме изградба на четири детски игротеки како и замена на старите реквизити во две постоечки игротеки. Се надевам дека во рок од две недели ќе завршиме со четири игротеки. Мислам дека децата заслужуваат ваква рекреација и и дека овие игротеки треба да се прошират. Ќе се залагаме во идниот период да изградиме уште неколку нови”, изјави градоначалникот Таравари.

Жителите на село Дебреше изразија задоволство од посветеноста на градоначалникот Таравари за инвестиции и во руралните области.

“Му благодариме на градоначалникот за оваа многу добра инвестиција овде во нашето село. Оваа инвестиција ќе ја користат децата од селото во ова училиште. Во село Дебреше досега немало игротека. Воедно му благодариме на градоначалникот Таравари и за другите инвестиции што планира да ги спроведе во нашето село”, вели Сенад Хасани – жител на село Дебреше.

За уредување на детските игротеки Општина Гостивар одвои од својот буџет 2,3 милиони денари, а се очекува работите да завршат во текот на овој месец.

Служба за информирање

Во Светскиот ден на детето, се одбележа 50-годишнината од основањето на Детската градина во Гостивар

01.06.2018

Во преполнета сала со деца и родители во Центарот за култура во Гостивар, со богата програма, беше одбележан 1 јуни – Светски ден на детето.

На овој настан присуствуваа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и членови на неговиот кабинет, како и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјална заштита – Гостивар.

“Децата се оние кои ни ги држат срцата, оние кои секојдневно ни пружаат радост што никој друг не може да ни ја даде. За жал, во последно време се соочуваме со иселување на младите луѓе, па затоа мораме да се залагаме да создадеме подобри услови за живеење во земјава и младите да почнат да гледаат перспектива во својата татковина. Посакувам што поскоро да ги видиме нашите градинки преполни со деца и Господ да ги држи што посреќни“, рече меѓу другото градоначалникот Арбен Таравари.

На присутните им се обрати и директорката на Детската градинка “Детска сала”, Наташа Саздоска, која исто така пренесе порака со честитки до сите деца во светот.

За јубилејниот фестивал, децата од предучилишната група под раководство на нивните воспитувачки, имаа подготвено богата забавна програма на три јазици: албански, македонски и турски.

Служба за информирање

Наплатата на даноци бележи значително зголемување во првиот квартал

01.06.2018

Реализираните јавни приходи во основниот буџет на општина Гостивар за првиот квартал од 2018 година, споредено со истиот период минатата година, бележат пораст од 13 проценти.

Во првиот квартал од минатата година биле реализирани 60.739.493 денари, додека во истиот период оваа година наплатата достигна 68.502.722 денари. Најголемо влијание во овој пораст, има наплатата на данок на имот и на комуналните такси, односно делот од даноците кој зависи од ангажирањето на општинската администрација и зголемување на довербата на граѓаните во институцијата Општина.

“Кај данокот на имот имаме пораст за дури 42 проценти, односно од 11.770.673 денари во првиот квартал од минатата година, на 16.719.149 денари за првиот квартал од оваа година. Значителен пораст имаме и во наплатата на комунални такси, 12 отсто, односно од 14.203.738 денари во првиот квартал од 2017 година на 15.909.149 денари во првиот квартал од 2018 год. Овие две ставки на приходи од даноците се всушност се оние врз кои влијае довербата на граѓаните во општината како институција, но и посветеноста на општинската администрација”, објаснува раководителот на Секторот за финансии и буџет, Садри Елези.

Од Општина Гостивар, апелираат до граѓаните редовно да ги плаќаат даноците и комуналните такси, кои потоа им се враќаат во форма на инвестиции и услуги за поквалитетен живот.

Служба за информирање

Создадени просторните услови за Центар за аутизам во Гостивар

01.06.2018

Новото општинско раководство на чело со  градоначалникот Арбен Таравари, посебно внимание посветува на разгледување и креирање на развојните приоритети, како и на донесување поголема перспектива за заштита на лицата со посебни потреби, особено децата, за да и тие станат рамноправен дел на општество, кое по правило им припаѓа.
Во овие шест месеци владeeњe, иако под блокада и невидени опструкции, се работи во оваа насока, и веќе се создадени услови за отворање на Центар за деца со аутизам во склоп на зградата на Ученичкиот дом во Гостивар.
Вреди да се истакне и непобитниот придонес на директорот на Ученичкиот дом, Шпенд Сулејмани и на разни донатори, наши сограѓани. Се очекува наскоро овој центар да биде ставен во функција во соработка со партнери, експерти од областа.

Служба за информирање