Фондацијата “Иселениците од Швајцарија за Гостивар” донираше ранци и училишен прибор – акцијата ја поддржа Општина Гостивар и Менувачницата “Алпина”

04.09.2018

Фондацијата “Иселениците од Швајцарија за Гостивар” донираше ранци и училишен прибор за 100 ученици со социјално загрозен статус. Нивната акција наиде на поддршка од Гостивар, при што Менувачницата “Алпина” обезбеди ранци а Општината обезбеди училишен прибор за уште 100 други ученици. Донацијата е наменета за ученици од нижите одделенија, односно за ученици од прво до петто одделение во основните училишта, кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, како и за учениците со посебни потреби.

“Иселениците се оние кои никогаш не престануваат да праќаат копнеж, љубов и грижа за сите нас кои живееме тука. Тоа го докажуваат на многу благороден начин преку помошта со училиштен прибор за сите деца кои немаат соодветни услови за почетокот на новата учебна година. Нивниот гест е хуман и патриотски чин. На нивната иницијатива се приклучи и сопственикот на менувачницата “Алпина”, г. Илфет Идризи кому исто така му се заблагодарувам”, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Општина Гостивар ги охрабрува и ги поддржува сите оние кои на разни начини на дело ја покажуваат нивната хуманост, особено кога нивната помош и придонес е наменета за децата.

Служба за информирање