Реновирани двата најголеми објекти на ЈУДГ “Детска радост“ во Гостивар

17.12.2018

Со сопствени средства и со помош на Општина Гостивар, денес завршија работите за реконструкција на двете најголеми градинки кои функционираат во рамките на ЈУ Детска градинка “Детска радост” – Гостивар.

Во главната градинка “Пролет” направена е речиси целосна реконструкција на објектот при што се реновираа санитарните јазли, се уредија занималните – кречење на ѕидовите, поставување на ламинат и паркет, реновирана сала – отстранување на лампериите и керамичките плочки, крешење на ѕидовите и поставување на линолеум. Целосна поправка на водоводната инсталација и осветлувањето на внатрешните простори. Исто така поставени се нови врати во санитарните јазли и занималните, апоставени се и нови завеси. Покрај тоа, се очекува наскоро да се постават нови детски гардероби и табли за цртање во занималните.

Интервенции се направени и во градинката “Цветови”, каде што се искречија внатрешните простории на објектот и дел од фасадата, а се уреди и салата и се реновираше постојниот паркет.

Заради изведување на работите, во последниве неколку недели градинките работеа со нецелосен капацитет. Од утре, тие ќе продолжат да работат под нормални услови. Од Општина Гостивар и ЈУДГ “Детска градинка” им се заблагодаруваат на родителите за разбирањето.

Информативна служба

Таравари упати телеграма со сочувство до семејството на градоначалникот Стојаноски

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски,.

“Со жалење ја примив веста за прераната смрт на професорот Јован Стојаноски, градоначалник на општина Охрид.

Од мое лично име и од името на моите соработници, упатувам искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на неговото семејство и неговите пријатели.

Нека почива во мир.“, пишува градоначалникот Таравари во телеграмата.

Служба за информирање

Таравари пречека претставници на Британската амбасада

11.12.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари прими двајца високи претставници на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, потсекретарите Симон Адамс и Јан Краман, со коиразговараше за актуелни прашања во општината и во државата.

“Со двајцата високи претставници на Британската амбасада разговаравме за политичката ситуација во општина Гостивар, проблемите со кои се соочуваме, односите меѓу градоначалникот и Советот на општината, односите меѓу политичките партии во Гостивар но и на национално ниво. Разговаравме и за проектот кофинансиран од амбасадите на Велика Британија и Австрија против екстремизмот и радикализмот кај младите. Исто така, разговаравме за подготовките што ги вршиме ние како општина во врска со имплементацијата на овој проект и начинот како младите од нашата општина ги оддалечиме од екстремните дејствија “, изјави градоначалникот Таравари по средбата.

Тој, исто така, информираше дека на конструктивната и пријатна средба со гостите од Велика Британија, се разговарало и за домнесувањето на буџетот на општината за следната година, што се очекува да се случи во наредната седница на крајот од оваа година, проблемите околу изгласувањето на минатогодишниот буџет, како и последните случувања на политичката сцена во земјата.

Служба за информирање 

Градоначалникот Таравари го прими балканскиот шампион Доан Османи

06.12.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го прими во неговиот кабинет двократниот балкански шампион во карате во конкуренција У 21, Доан Османи.

Честитајчи му на гостиварскиот каратист за последниот во низата успесии, Таравари рече дека спортистите се нашите најдобри амбасадори во светот и убеден е дека во иднина Доан ќе забележува уште позавидни резултати во европски и светски рамки.

“Јас постојано истакнувам дека спортистите се наши најдобри амбасадори во разни земји. Во областа на каратето, покрај Берат Јакупи, веќе имаме и втор амбасадор, Доан Османи, кој како дваесетгодишен има пред себе перспектива во каратето. Се надевам дека во иднина тој ќе создаде кариера уште поуспешна и ќе го повтори успехот Берат, а зошто и да не се надмине, за што ќе има континуирана поддршка од страна на Општина Гостивар”, изјави градоначалникот Таравари.

Доан Османи рече дека се чувствува почестен што е гостин на градомначлникот Таравари и в ократки црти го запозна со неговата спортска кариера.

“Со карате се занимавам од раното детство, односно од 2004 година. Сум освои околу десет медали во конкуренција на различни возрасти. Балканската шампионска титула во У21 ја освојувам втора година по ред, минатата година во Херцег Нови – Црна Гора и годинава во Дубровник – Хрватска. Сега се подготвувам за Европското првенство следната година што ќе се одржи во Данска “, рече Доан Османи.

Османи на посета кај градоначалникот Таравари беше придружен од европскиот шампион Берат Јакупи, со кого тренитрале во ист клуб, односно КК Фати и со кого имаат одлична соработка.

Служба за информирање

ОБЈАВА Б-интегрирана еколошка Дозвола

Доставено до: ДНЕВЕН ПЕЧАТ
ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ

Почитувани,

Градоначалникот на општина Gostivar согласно член 113 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М. “бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015 , 39/16, и 99/18), ја издава следната

О Б Ј А В А
Б-интегрирана еколошка Дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Гостивар доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка Дозвола бр. 20-385/1 од 19.03.2018година .

Подносител на барањето:
ДООЕЛ ,, Шанкомфикс”
Локација,,Горно поле,, с.Горна Бањица-Гостивар
Адреса:
Ул.Драге Тодороски бр.30
Гостивар
КП бр.520/2, бр.530/3 и бр.535- КО Бањица

Координати на локацијата концесиско поле
Точка Кордината X Кордината Y
T -1 4.626.417 7.490.662;
T-2 4.626.277 7.490.833;
T-3 4.626.114 7.490.746;
T-4 4.626.140 7.490.624;

T-1 4.626.162 7.490.971;
T-2 4.626.049 7.491.128;
Т-3 4.625.904 7.491.037;
T-4 4.625.889 7.491.001;
T-5 4.625.936 7.490.939
-Површина P=0.066839 км2

Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини.

Нацрт Дозволата во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена по објава во дневниот печатт, во просториите на:

Општина Гостивар
Булевар Браќа Ѓиноски бр.61
1230 Гостивар
Секој работен ден од 08 – 15:00 часот.

Ве информираме дека Барањето за Б –Интегрирана Дозволата ќе биде достапна и во електронска форма, на официјалната web страница на Oпштина Гостивар:
www.gostivari.gov.mk .

Сите засегнати правни и физички лица своите забелешки да ги достават по писмен пат во Општинскиот центар за услуги.

objava na dozvola

Sankomfiks B Integrirana dozvola

Со почит,
Општина Гостивар

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

03.12.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, присуствуваше на настанот за одбележување на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, каде што учествуваа децата од Дневниот центар и специајлните паралелки во основните училишта “Исмаил Ќемали” и “М.К. Ататурк “.

“Тие секој ден заслужуваат грижа и посветеност, но јас ја користам приликава бидејќи денешниот ден е прогласен како Ден на децата со посебни потреби, да за ги сензибилизирам институциите, општеството и целата јавност дека треба што повеќе да се грижиме за овие деца. Сите во текот на животот имаме потреба да бидеме опкружени од луѓе кои ни помагаат. Наша обврска е да бидеме покрај друг. Да се ​​грижиме и да им подариме љубов на овие деца кои љубовта ја возвраќаат безусловно”, истакна градоначланикот Таравари.

На настанот беа изложени делата на децата со посебни потреби изработени со помош на волонтерите од Општинската организација на Црвен Крст – Гостивар,  финансирано од страна на Комерцијална банка. За нивното расположение се погрижија пејачите Хајдар Хајдари и Бетиме Зулали Јакупи.

Заедничкиот ручек во ресторанот Вита Аби го финансираше Општина Гостивар, а симболични подароци на децата им додели градоначалникот Арбен Таравари.

Служба за информирање

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Гостивар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.
Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплатата на доспеаните, а неплатени обврски имаат обврските кои спогодбено со доверителот имаат постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15 %.
Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:
• Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Гостивар, корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита и доверителот
• фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).
Општината може да побара дополнителна документација кои се во интерес на постапката.
Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.
Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од Едношалтерски систем на Општината или да ја преземат од веб-страницата на Општина Гостивар – www.gostivari.gov.mk .

1. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени и на веб-страницaта на Општина Гостивар.
Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта или лично во Едношалтерската канцеларија на Општината Гостивар (од 7:30 до 15:30 часот секој работен ден), на ул. „Бул. Браќа Ѓиноски“ бр.61, 1230 Гостивар.

Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Гостивар, на веб-страницата на Општина Гостивар и во печатен медиум.

Ненавремените пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Гостивар ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Гостивар ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

П Р И Ј А В А На побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

ГРАДОНАЧАЛНИК
Arben Taravari