Гостивар го одбележува “Денот без автомобили”, градоначалникот и општинските службеници пешки отидоа на работа

11.02.2019

На иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладините организации денес ја спроведува активноста “Ден без автомобили”, чија цел е подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот во животната средина.

Во рамките на оваа активност од 12:00 до 15:00 беше прекинат сообраќајот во централниот дел на градот, додека градоначалникот и општинските службеници денес на работа отидоа пешки.

Во изјавата до медиумите, градоначалникот Арбен Таравари истакна дека целта на оваа активност е намалување на загадувањето на воздухот како една од главните цели за овој четиригодишен мандат.

“Останувам посветен на остварување на трите поставени цели за овој мандат, односно намалување на загадувањето на воздухот, решавање на проблемот со регионалната депонија и филтрирана вода за пиење. Во однос на загадениот воздух, нашите инспектори се активни на терен и во делот каде што Општина Гостивар има овластувања, се е во ред. Воедно, подготвуваме акционен план против аерозагадувањето, при што ќе ги вклучиме и невладините организации чија што активност е насочена кон заштита на животната средина. Истовремено, сме аплицирале во прекуграничен проект со една албанска општина за воведување на градски превоз во Гостивар и се надеваме дека истиот ќе ни се одобри, што значително ќе го намали аерозагадувањето”, истакна градоначалникот Таравари.

Тој подвлече дека иако имаме загаден воздух во одредени периоди од годината, како што беше случајот особено во јануари, Гостивар не е на врвот на листата на најзагадени градови на ниво на земјата.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во понеделникот во Гостивар ќе се одржи сензибилизирачка активност “Ден без автомобили”

Со цел подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот, на иницијатива на градоначланикот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладини организации, организира “Ден без автомобили”.

Настанот ќе се одржи во понеделник (11.02.2019 година), при што ќе се забрани сообраќајот во централниот дел на градот, односно на следниве улици:

– улица “ЈНА” (Дебарски пат) од центарот до пресекот со булеварот Браќа Ѓиноски
– улица Илинденска (поранешна Борис Кидрич) од центарот до раскрсницата со булеварот Гоце Делчев (Сити центар), и
– улица М.Ч. Филипоски од Витамин Ага до раскрсницата со ул. Борче Јованоски

Сообраќајот, при реализацијата на оваа активност, ќе го обезбедува Полициската станица – Гостивар.

Ги молиме граѓаните за разбирање и ги покануваме да станат дел од оваа сензибилизирачка активност со одбегнување на користење на моторни возила без поголема потреба, особено на овој ден, но и воопшто.

Служба за информирање – Општина Гостивар

Арбен Таравари во Вашингтон – бројни средби со американски претставници и албанската дијаспора

05.02.2019

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, е во официјална посета на САД, каде што ќе присуствува на Националниот молтивен појадок во четврток на 7 февруари.

Таравари во Вашингтон е поканет во својство на градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанци, а во рамките на посетата ќе оствари повеќе средби.

Покрај средбите со конгресмени и високи претставници на американската администрација, во агендата на градоначланикот Арбен Таравари се и средби со албанската дијаспора во Америка, а особено со Албанците од Македонија кои живеат и работат во САД и се организирани во различни здруженија, како и се дел од албанското лоби.
Служба за информирање – Општина Гостивар

Објава–Барање за понуди

МЕЃУНАРОДНА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА (МТП) ДОКУМЕНТ ЗА НАБАВКА НА МАЛИ РАБОТИ

ДОГОВОР БР: WC-GOS-1

Рок: 20.03.2019, 11:00 часот

Земја: Македонија

Проект: Програмата за водовод и канализација Македонија – Гостивар

Тендер бр.: GOS – 1

Заем бр:

Референтен KfW бр.: 2007 65 511 (заем);

Референтен KfW бр.: 2007 70 107 (финансиска соработка);

Сопствени средства на Република Македонија

Грант од Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО)

Потребни работи: Меѓунардона тендерска постапка со постквалификација за Набавка на мали работи за:

  • Нов резервоар Р3 за зона 3 V=5600м3 со вклучени цевководи за поврзување со постојна мрежа
  • Нови водоводни линии за поврзување на резервоар Р2 со постојната водоводна мрежа
  • Нова водоводна линија за зона 2 од Горна Баница до Циглана
  • Нова водоводна линија за Балин дол
  • Комори за поставување на регулациона опрема со вклучена опрема за зонирање во градската мрежа на 3 локации за Циглана и Фазанарија
  • Комори за одделување на притисочните зони со вклучени затворачи и придружни фасонски и арматурни парчиња во градската мрежа на 5 локации
  • Резервоар Р2 за зона 2 V=1300м3 и пристапен пат
  • Нова водоводна линија од населено место Здуње до Форино
  • Реконструкција на водоводна линија од Горна Бањица до Долна Бањица
  • Нов DN250/300 HDPE цевковод од главниот десен цевковод до Горна Бањица
  • Реконструкција на дел од водоводна линија по ул. Живко Брајковски, ул. Бранко Станковиќ и ул. Вардарска
  • Нова водоводна линија по ул. Илија Антески
  • Реконструкција на дел од водоводна линија по ул. Младен Симоновски
  • Реконструкција на дел од водоводна линија по ул. Боге Велјаноски и ул.Железничка
  • Реконструкција на дел од водоводна линија по ул. Борис Кидриќ
  • Нова водоводна линија на патот од Балин Дол до Чајле
  • Нова водоводна линија за поврзување на водоводни линии од Горна Бањица до Долна Бањица

Информации за проектот:Изградба на водоводни и канализациони линии, вклучувајќи градежни, машински и електро работи релевантни за Договор бр.WC-GOS-1 согласно инвестицискиот проект „Програмата за водовод и канализација Македонија“, компонента WC-GOS-1, Општина Гостивар врз основа на основните проекти подготвени од страна на Нарачателот (ФИДИК Книга).

Тендерската документација е достапна на следнава адреса:

Јавно комунално претпријатие ЈПКД „Комуналец“ – Гостивар

ул.Светозар Пепоски бр.59

1230 Гостивар

Република Македонија

Телефон: +389 42 213 580

Електронска пошта: komunalec-gostivar@hotmail.com

Повеќе информации:

Сетот тендерска документација во дигитална форма (pdf) на англиски и македонски јазик може да ја купат заинтерисираните Понудувачи со достава на писмена апликација на горенаведената адреса и уплата на неповратен надомест во износ од 9.000 МКД (македонски денари) или 150 евра. Неповратниот надоместок во износ од 9.000 МКД (македонски денари) или 150 евра треба да се уплати на следнава сметка:

За плаќање во македонски Денари (МКД):

Име и адреса на Банка: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври, 1000 Скопје

Носител на банкарска сметка: ЈП Комуналец Гостивар

Број на банкарска сметка: 200000090177012 МКД

Матичен број на субјект: 4116429

Даночен број: 4007989109536

За плаќање во Евра:

Име и адреса на Банка: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври, 1000 Скопје

Број на банкарска сметка: МК07200003403557623 – ЕУР

SWIFT: STOBMK2X

Носител на банкарска сметка: ЈП Комуналец Гостивар

Понудувачот има обврска да ги подмири банкарските трошоци.

Организирана посета на локацијата ќе биде спроведена од страна на Нарачателот на ден 21.02.2019 во 10:00 часот.

Апликантите можат да достават понуди за изведување на работи под овој договор согласно Поканата за понуди. Работите кои треба да се изведат се сочинуваат од горенавдените работи и треба да се изведат во рок од 24 месеци од вовед во работа.

Официјалното јавното отворање на понудите ќе се одржи на 20.03.2019, во 12:00 часот според стандардно македонско време. Понудите треба да се достават до Нарачателот на адресата наведена во поканата за тендерирање и официјално ќе се отворат во просториите на јавното комунално претпријатие ЈПКД Комуналец – Гостивар, во присуство на овластени претставници на понудувачите кои ќе одлучат да присуствуваат на отварањето на горенаведената адреса.

Задоцнетите понуди ќе бидат отфрлени.

Сите понуди мора да имаат Гаранција за понудата.

Publication Notice_RFB_Gostivar_WC-GOS-1_mk
Shpallja GTAI
Kerrkesa per oferta

 

Започнува уписот во градинките на деца од предучилишна возраст во Чегране, Форино и Равен

01.02.2019

Почитувани родители од селата Чегране, Форина и Равен, Ве известуваме дека од 01.02.2019 до 15.02.2019 година, ќе се врши упис на деца од предучилишна возраст во детски градинки и центри за ран детски развој, и тоа:

– Детска градинка во село Чегране за деца на возраст од 2 до 6 години

– Во Центрите за ран детски развој во селата Форино и Равен, за деца на возраст од 3 до 6 години.

Уписот на деца се врши во главниот објект на ЈУДГ “Детстка радост“ кој се наоѓа на улица “Белица” во Гостивар.

Сектор за јавни дејности – Општина Гостивар