ЈАВЕН ПОВИК

Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD

ЈАВЕН ПОВИК

за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општина Гостивар

Главната цел на проектот ReLOaD, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), е јакнење на партиципативната демократија и процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а преку оспособување на граѓанските организации активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Проектот ReLOaD работи со пет партнерски општини:

Куманово, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Струмица, на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

Општина Гостивар објави јавен повик во рамките на ReLOaD проектот за предлог проекти од граѓанските организации. Повикот беше објавен на 15-ти Април 2019 и ќе трае до 27- ми Мај 2019, при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи после 5-ти Јуни 2019 година. Евалуацијата се очекува да трае не повеќе од 2-3 дена и ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти.

За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD проектот, општина Куманово во соработка со УНДП објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој е објавен во општина Гостивар.

Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:
 ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
 ќе потпише изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
 ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
 во случај на неможност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
 ќе го потпише извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите
од евалуацијата на предлог проектите.

Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно со Законот за асоцијации и фондации. Пожелно е кандидатот да има:

 претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
 искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;
Кандидатите мора да ги достават следниве документи по електронски пат на info@gostivari.gov.mk :
 писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
 Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.
Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа / без финансиски надомест. Проектот ќе ги надомести основните трошоци, како што се патните трошоци и лесен оброк.
Граѓанската организација во која избраниот кандидат е член и/или постојано вработен НЕ МОЖЕ да аплицира (ниту како носител ниту како партнер на носителот) на јавниот повик за поднесување на предлог проекти во рамките на ReLOaD проектот во општинa Гостивар.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 27 Мај 2019 до 17:00 часот.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се кај Дашмир Османи (dashmir.osmani@gostivari.gov.mk).

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

ОПШТИНА ГОСТИВАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јули 2020 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD се вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Општина Гостивар и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Гостивар и со кои се опфатени следните приоритетни области:
1. Образование
2. Животна средина
3. Човекови права и слободи, недискриминација и социјална инклузија
4. Вработување и локален економски развој
5. Култура и уметност, млади и спорт
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.
На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD (до јули 2020).
Општина Гостивар и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од август 2019 до и заклучно со март 2020.

ПОДОБНОСТ:
Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).
ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Јавниот повик ќе трае од 15.04.2019 (од 9:00 часот) до 27.05.2019 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Гостивар може да се обезбеди преку испраќање барање на следната адреса: Булевар Браќа Ѓиноски бр.61 и/или на е-меил: info@gostivari.gov.mk, dashmir.osmani@gostivari.gov.mk на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Гостивар, улица: Булевар Браќа Ѓиноски бр.61. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.gostivari.gov.mk).
Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Гостивар на ден 17.04.2019 година, со почеток во 10:00ч во општинските простории. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 17.04. и 18.04.2019 во општинските простории.
Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 20.05.2019, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.
ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:
Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Гостивар
Улица: Булевар Браќа Ѓиноски бр.61
Поштенски број: 1230 Гостивар

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.gostivari.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.

ДОКУМЕНТАЦИИ:

Aнекс 1 – Предлог проект
Анекс 2 – Предлог буџет
Анекс 3 – Логичка рамка
Анекс 4 – План на активности и видливост
Анекс 5 – Формулар со административни податоци
Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци
Анекс 7 – Изјава за подобност
Анекс 8 – Изјава за двојно финансирање
Анекс 9 – Листа за проверка
Анекс 10 – Насоки за подносители (1)
Анекс 11 – Најчести грешки од претходниот повик_2018

Aneksi 1 – Propozim proekti
Aneksi 2 – PASQYRË E BUXHETIT
Aneksi 3 – Korniza logjike
Aneksi 4 – PLANI I AKTIVITETEVE DHE DUKSHMËRIPROMOVIM I PROJEKTIT
Aneksi 5 – FORMULAR ME TË DHËNA ADMINISTRATIVE PËR PARASHTRUESIN
Aneksi 6 – FORMULAR ME TË DHËNA FINANCIARE PËR PARASHTRUESIN
Aneksi 7 – DEKLARATË PËR PËRSHTATSHMËRI
Aneksi 8 – DEKLARATË PËR FINANCIM TË DYFISHTË
Анекс 9 – Листа за проверка
Aneksi 10 – Насоки за подносители (1)
Aneksi 11 – Најчести грешки од претходниот повик_2018

Конкретни мерки против загадувачите на воздухот – прекршителите плаќаат казни

09.04.2019

Гостиварската општинска администрација на Гостивар е посветена во борбата против загадувањето на животната средина. Во оваа насока, комуналните инспектори и редари вршат редовни контроли и дејствуваат превентивно, а во одредени случаи преземаат и репресивни мерки, односно прекршителите ги казнуваат со глоби согласно позитивните закони.

Што се однесува последниот еклатантен  случај при што беа запалени стари гуми од возила во близина на селото Здуње, сторителот беше казнет со парична казна од 123.000,00 денари и истата е платено од негова страна.

Апелираме до субјектите и граѓаните на Гостивар да се грижат за заштита на животната средина и да им укажуваме дека комуналните инспектори ќе продолжат да бидат активни и дека против прекршителите ќе преземат соодветни мерки.

Служба за информирање

 

Таравари се сретна со претставници на ромската заедница во Гостивар

04.05.2019

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари прими во својот кабинет претставници на ромската заедница. На средбата се разговараше за прашања од интерес на оваа заедница во општина Гостивар, со посебен акцент на активностите по повод одбележувањето на престојниот Меѓународен ден на Ромите.

Се дискутираше и за реализација на проекти предвидени за оваа година во две населби во кое живее ромското население, односно изградбата на заштитен ѕид.

Претставниците на Ромите му се заблагодарија на градоначалникот Таравари за поддршка на еден многу важен проект, кој доаѓа по иницијатива на Абдул Бари, вработен во општинската администрација, за формирање на Фудбалски камп каде што ќе тренираат децата Роми и ќе им се отворат перспективи да се занимаваат  со овој спорт.

Градоначалникот Таравари ги увери претставниците на ромската заедница дека тие секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и дека тој е посветена секој поединец, група на луѓе или заедница, да ги ужива сите права и еднакви можности.

Служба за информирање

Единствениот “успех“ на министертот за образование е одземањето на надлежностите на гостиварскиот градоначалник

05.04.2019

Одговорната за образование во Општина Гостивар, г-ѓа Аслиан Снопче, на прес-конференцијата што се одржа денес, истакна дека одземањењто на надлежностите на градоначалникот Аребн Таравари во обчаста на образованието, покажува дека на министерот за образование во текот на неговото рабоење, ова му  е единствен “резултат” и дека нема да биде изненадување доколку тоа го стори и по третпат после седум месеци, но сепак ќе ја нема таа прилика, бидејќи дотогаш многу работи ќе се променат во Гостивар.

Нејзиниот говор на прес-конференцијата, ви го проследуваме интегрално.

“Почитувани претставници на медиумите,

Најпрвин ви благодарам за вашето присуство на оваа конференција.

Преку овaa прес конференција сакаме да ве информираме дека по второто последователно одземање на надлежностите од страна на министерот за образование, во делот на именување и разрешување на директори, деновиве следеше продолжувањето на оваа политичка одлука. Замислете, среде предизборна кампања, министерот си дозволува луксуз да разреши директори именувани од страна на градоначалникот и наместо нив ги именува старите партиски директори.

Значи, уште еден скандал во низата скандали чиј извор е токму Министерството за образование. Затоа, пресудата мум ја оставаме на самите граѓани. Соодветната документација ќе биде доставена до антикорупциската комисија за утврдување на оваа неправилност.

Министерот, наместо да се осврне на многубројните проблеми кои го зафатија образованието, наместо да се занимава со обезбедување на настава на албански јазик која е загарантирана со закон, наместо да се занимава со исправка на учебниците во кои Албанците фигурираат како народ кој се спушти од планините, каде што во учебниците по музичко сите песни се на македонски јазик, наместо да се занимава со прекинување на тендери во четири очи што се прават во неговото министерство, наместо да се занимава со подобрување на квалитетот во албанските универзитети, наместо да се занимава со откривање на скандали во универзитетските дипломи, наместо да се занимава со зголемување на инвестициските фондови во истражувачките области каде што Македонија го зазема последното место во регионот … тој продолжува да се занимава само со Гостивар.

 

Би било добро да се занимава со Гостивар, но за уредување на кровот на училиштето Гоце Делчев, на пример, каде што децата треба да носат чадори во училниците. Но, овој министер отако ја презеде функцијата, главна преокупација му бил само Гостивар, но во други аспекти. Тој стана познат по одземање на надлежностите во единствениот урбан град во оваа држава која не е под раководство на актуелната власт.

Во извештај за неговата работа ќе има информации само за две капитални одлуки од негова страна. Првата е одземањето на надлежностите на демократски избраниот градоначалник, а втората, одземањето на надлежностите на градоначалникот во областа на образованието по вторпат.

Тој е многу креативен со овие негови две одлуки. Секаде каде што оди се фали токму со овие одлуки за одземање на надлежностите.

Сега ќе следи период на летаргија од страна на министерството кое тој го води. Но, ние сме убедени дека по седум месеци, повторно ќе има капитална инвестиција од страна на неговото министерство. Таа капитална инвестиција ќе биде одземање по третпат на надлежностите на градоначалникот на Гостивар.

Впрочем, тој не знае нешто друго да направи. Сепак, ќе ја нема таа прилика, бидејќи наскоро ситуацијата ќе се промени, и во Гостивар ќе дојдат нови времиња.“

Служба за информирање

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

Утре (четврток) во 8:00 часот, почнува поставувањето на финалниот слој асфалт на улицата кон село Бањица, односно сегментот од завршетокот на булеварот Браќа Ѓиноски (кај продавницата за теписи “Џан”) до распаќето за село Долна Бањица и населба Бањешница.

Додека ќе траат работите, во овој дел од улицата сообраќајот ќе биде во целосен прекин, а за движење од градот кон селата Долна и Горна Бањица, Ѓоновица и Симница и обратно, како алтернативна улица ќе може се користи улицата на населба Бањешница.

Изведувачот на работите предвидува асфалтирањето да заврши во текот на денот.

Ги замолуваме граѓаните за разбирање.

Служба за информирање