ИЗВЕСТУВАЊЕ

15.08.2019

Ги известуваме граѓаните дека утре (петок) ќе започнат градежните работи за целосна реконструкција на улица “28 ноември“ што ја поврзува улицА „Иво Лола Рибар“ со улица “Панче Попоски“.

Додека ќе се изведуваат работите, сообраќајот на возила и пешаци ќе се одвива во отеѓнати услови, а во одредени периоди ќе биде и блокиран.

Ги молиме жителите од улицата, уште од вечерва да ги отстранат паркираните возила.

Служба за инфиормирање

Ранг листа на предлог проекти од организациите на граѓанското општество добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD проектот отворен од 15.04.2019 до 27.05.2019

Ранг Листа Гостивар Јавен повик 2019

Ќе се асфалтира еден крак на улица ЈНА. во населба Ново Маало

12.08.2019

Со средства обезбедени од буџетот на Општина Гостивар, во тек се подготвителните работи за асфалтирање на едне крак на улица “ЈНА“ спроти Приватниот колеџ “Јахја Кемал”.
Улицата е со должина 183 метри, a просечната широчина изнесува 8 метри.

“Иако овој дел од градот е населен од пред неколку децении, досега не била асфалтирана улицата. Проектов е дел од Развојната програма на Општиан Гостивар и се финансира со сопстевни буџетски средства на општината. Проектот тежи 1.627.012 денари, согласно градежна дозвола УА 1 бр.18-112, a градежните работи ги изведува претпријатието „Магнум Транс-Р, според договорот 24-2217/17”, вели Бесим Догани од ЛЕР канцеларијата при Општина Гостивар.
Вредида се напомене дека неколку дена пред започнување на работите за асфалтирање на оваа улица, заврши целосната реконстркуција на улица “Слободан Пепоски“ во централнот градско подрачје.

Служба за информирање

АПЕЛ

07.08.2019

Апелираме до сите граѓани на општина Гостивар, при колење на бајрамските курбани да внимаваат за јавната хигиена и да не ги фрлаат остатоците од закланите животни во контејнери.

Ова со цел да се избегне ширењето на лошата миризба и овој и Курбан Бајрам да впомине во празнична атмосфера.

Им препорачуваме на оние кои имаат можност, остатоците да ги закопаат во нивниот приватен имот или да ги фрлат во депонијата Русино.

Комуанлните инспектори и ердарипостојано ќе бидат на терен и ќе ги преземат сите мерки предвидени со Законот за јавна хигиена, а ги молиме граѓаните да ги пријават незаконските дејствија на неодговорните лица.

Со почит,

Комунален инспекторат при Општина Гостивар

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

07.08.2019

Утре (четврток) од 10:00 до 14:00 часот, во салата на Советот на Општина Гостивар, Црвениот крст во соработка со Одделението за трансфузиологија, ќе спроведат Крводарителска акција.

Општина Гостивар ги охрабрува сите полнолетни здрави граѓани, да станатат дел од оваа акција и да даруваат крв за да спасат животи.

Служба за информирање