ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК

Почитувани граѓани,

Ве покануваме да учествувате на четвртата  сесија на ПРОЕКТНИОТ ФОРУМ на Oпштина Гостивар, штo ќе се oдржи на 01.11.2019г (петок) вo прoстoрите на ресторант The Grand  – Гoстивар, сo пoчетoк oд 15:00 часoт.

Главната тема на форумите е социјалното вклучување, вклучувајќи ги темите за родова еднаквост, добро владеење и мултиетничката соработка. 

На оваа сесија ќе бидат презентирани проектите, ќе се гласа и ќе се избира проект од страна на граѓаните кои учествуваа во форумот.

 Фондот на проектот изнесува 50,000CHF, и во рамките на овој буџет ќе се финансират најмалку 1 до 3 проекти кои се подготвени од граѓаните учесници на ФОРУМИТЕ.

Наслов на проектот: “Зајакнување на општинските совети”

Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка СДС

Спроведувач: Програма за развој на обединетите нации (UNDP)

Со почит,

Општина Гостивар.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

22.04.2019

Почитувани граѓани,

Согласно точка 1.3 од Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на софистицирана опрема за греење со инвертер клими за 2019 година, Ве известуваме дека средствата издвоени од буџетот на Општина Гостивар за оваа намена се потрошени и Јавниот повик се прекинува пред истекот на терминот за кој е објавено.

Служба за информирање

Се асфалтираше улица во населба „Силика“ во Гостивар

17.10.2019

Како дел од напорите на Општина Гостивар за создавање на поволни инфраструктурни услови за сите граѓани, пред неколку дена заврши асфалтирањето на улица 4 во населба “Силика“ крак на “Дебарски пат“.

Оваа улица има должина од 183 метри и ширина од 4,5 метри, додека вкупната површина на асфалтот е 820 метри квадратни метри.

За асфалтирање на оваа улица, Општина Гостивар од својот буџет издвои 1.627.012 денари, а работите ги изврши Градежното претпријатие “Магнум транс“ од Гостивар, врз основа на добиениот тендер.

Инаку, оваа улица досега не била воопшто асфалтирана иако подолг перион е населена.

Од Канцеларијата за локален еконосмки развој на Општина Гостивар, најавуваат дека годинава се додека ќе дозволат временските услови, ќе продолжат со уредување, санација и рехабилитација на неколку градски улици.

Служба за информирање

Заврши санацијата и реконструкцијата на една улица во населба “Шеста зона“ во Гостивар

17.10.2019

Од денес, жителите на улица 4 во Урбан блок 19 во населба Шеста зона, не газат во прашина и кал.

Вчера заврши асфалтирањето на оваа улица долга 150 метри и широка 5,5 метри, во која претходно се инсталираше водоводна и канализациона линија, а се поставија и улични рабници. Покрај тоа, дополнително ќе се зајакне и јавното осветлување, со што ќе се создадат потребните услови за сите населени куќи во овој градски блок кој е во фаза на изградба.

Инаку, ова е трета улица во урбаниот дел на општина Гостивар кој се реновира и реконструира последниве денови.

Служба за инромирање

Трибина за подигање на свеста за канцер на дојка

На 18.10.2019 (петок) со почеток во 14:00 часот во советничката сала на општина Гостивар, Општина Гостивар во соработкја со НВО “International Woman’s Club” организира тирбина за подигање на свеста за канцер на дојка.

Октомври сензибилизира!
Октомври мотивира за преглед на дојката!
Октомври им помага на засегнатите со морална и стручна поддршка!

Присутни:
Проф. Д-р Arben Taravari
Д-р. Gjyla Çeliku
Лекарска тим од “Medica Istambul”

Психолози:
Manushaqe Abdiu
Jasmina Salija

Нутриционист:
Diola Dosti

Биди и ти дел од нашата трибина, ти која си засегната и која ќе се информираш, но и ти кој/а ќе дадеш морална поддршка!
Животот е за сите, затоа спречија напвремено болката!
Прегледај се!
Освести се!
Помагај!
Осмели се!

ЈАВЕН ПОВИК

О П Ш Т И Н А   Г О С Т И В А Р

Врз основа на ПРОГРАМАТА (Р1) – ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА на Општина Гостивар за 2019 година и Одлуката на Советoт на Општина Гостивар со број 08-2006/1 од 20 Септември 2019 година („Службен гласник на Општина Гостивар број 08/19) Општина Гостивар објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување инвертер клима уред за 2019 година

1. Опис на Јавниот повик
1.1.Општина Гостивар, со цел да ги стимулира жителите на подрачјето на општина Гостивар (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2019 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
1.2. Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 Октомври 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, општина Гостивар ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

2. Право на учество на Јавниот повик:
2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на подрачјето на општина Гостивар кои имаат купено инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.03.2019 до 30.10.2019 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците.
2.2 На jавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

3. Услови што треба да ги исполни подносителот:
3.1. Подносителот треба да ги исполни следните услови:
– да има живеалиште на подрачјето на општина Гостивар;
– да нема искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од општина Гостивар;
– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
– набавениот уред да биде купен во 2019-та година, се до завршување на Jавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него подносителот да живее;
– да има платено (пријавено) данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година.
Напомена: Подносителот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на општина Гостивар за неусвојување на барањето.
Исплатата на средствата ќе се изврши од страна на буџетот на општина Гостивар во сметка на подносителот чиво барање ќе биде усвоено.

4. Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, подносителот до Kомисија на општина Гостивар треба да достави:
– барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Гостивар);
– фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Гостивар;
– фотокопија од број на поднесено барање до архивата на општина Гостивар за издавање потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот заклучно со 2018 година;
– фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;
– фотокопија од трансакциска сметка;
– доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.
4.2. Подносителите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не треба да ја достават документацијата од точка 4 ;
4.3. Подносителот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „ Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување за 2019 година “ во архивата на Општина Гостивар, на адреса бул.Браќа Ѓиноски бр.61 Гостивар, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.
4.4. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување ивертер клима уред за 2019 година “.
4.5. Архивата на Општина Гостивар примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5. Начин на спроведување на јавниот повик
5.1. Градоначалникот на Општина Гостивар формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:
– во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата дадена во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и
– во втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите подносители кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената инвертер клима е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее и дека подносителот до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут пред да го достави барањето.
5.2. Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталирана набавениот инвертер клима уредот.
5.3. За пристигнатите и обработени барања од точка 5.1 алинеја 1, ќе се води листа со следните податоци:
– име, презиме и адреса,
– датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик,
– износ на надоместокот за подносителот и износ на персоналниот данок на доход.
5.4. Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар.
5.5.По завршување на целокупната постапка барателот треба да овозможи пристап на Комисија до станбениот објект и просторија во која е инсталиран уредот и во наредните 2 години, и по завршување на Јавниот повик.

6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1 По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавување посовремени уреди за затоплување – инвертер клима уред , на веб-страницата на Општината и во најмалку еден печатен/електронски медиум, во определениот рок граѓаните со пополнување образец (барање), вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Гостивар.
6.2.Градоначалникот на општина Гостивар на предлог на Комисијата носи решение за усвојување на барањето за подносителите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на општина Гостивар дава писмено известување за неусвојувањето.
6.3.Комисијата ќе изготви предлог до градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Гостивар за 2019 година за таа намена.
6.4. По завршувањето на Јавниот повик, комисијата формирана за таа намена врши проверка на пристигнатите пријави. Комисијата ги известува барателите во рок од 7 дена од денот на поднесување на барањето доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето.

Линкот за барање го имате тука : БАРАЊЕ

Општина Гостивар бележи завидни резултати во областа на инвестициите и намалување на наследените долгови

03.10.2019

Благодарение на сoвеснотo и чесно управување, како и избегнување на непродуктивните трошоци, Општина Гостивар во времето на градоначалникот Арбен Таравари, бележи завидни резултати како во областа на јавните инвестиции така и во намалувањето на наследените долгови.

Наследениот долг на Општина Гостивар, за помалку од две години управување, е намален за над 2 милиони евра, додека капиталните инвестиции не само што не се намалиле, туку и значително се зголемиле.

Додека инвестициите по глава на жител
во 2017 година биле само 1.151 денари, во првата година од управувањето на Арбен Таравари, значи во 2018 година, достигнуваат 2.183 денари. Кај капиталните инвестиции во 2018 и 2019 година вреди да се истакнат новоасфалтираните уливи и патишта во должина од 11 километри, изградбата на нови канализациски линии во градот и селата со должина од 17 километри, како и 12 километри нова водоводна линија.

Ова доаѓа и како резултат на намалување на непродуктивните трошоци, при што заштедените средства се користат за инвестиции и зголемување на квалитетот на услугите, како и поддршка на различни активности на субјекти и групи граѓани, со што се зголемува нивото на квалитетот на живеење. Комуналните трошоци, греење, комуникации и транспорт направени во 2018 година се за 100.000 евра пониски од годишниот просек реализиран во претходниот мандат 2014-2017 година, додека официјалните трошоци на градоначалникот за 2019 година, се само околу 46.000. денари, каде во јули и август оваа година трошоците се еднакви на нула.

Од друга страна, карактеристично за локалната самоуправа во Гостивар е и фактот дека минималните плати во јавните претпријатија достигнале 15.000 денари, односно 3.000 денари повеќе од минималната плата утврдена со закон, така што само за две години во ЈП “Паркиралишта и зеленило” бележат зголемување за 25%, а во ЈП “Комуналец“ за 75%.

Забележително е и дека во 2018 година, трансферите до невладините организации се зголемени за 200% споредено со просекот во претходниот мандат, а и дека се отвориле четири нови градинки

Служба за информирање