Изградбата на паркови во руралните населби во Гостивар, започна од селото Равен

05.11.2019

Општинското јавно претпријатие „Јавни паркиралишта и зеленило“, гради парк во селото Равен, а од претпријатието најавуваат дека вакви паркови ќе се градат и во другите рурални населби на општина Гостивар, односно каде има услови за вакви зафати.

– Во насока на напорите на новото општинско раководство предводено од градоначалникот Арбен Таравари, ние како јавно претпријатие видовме за сходно да по проширувањето на зелените површини во градот и хортикултурното уредување на училишните дворови во повеќето општински училишта. Продолжиме со изградба на паркови во руралните населби. Започнавме со село Равен каде согласно барањата на локалното население определвиме соодветна локација“, потенцира директорот Беким Челебиу.

Новиот парк во селото Равен зафаќа вкупна површина од 2000 квадратни метри, каде што се изврши израмнување, се вгради систем за наводнување со тајмер, беше засадена трева, дрвца, декоративни дрвја и сезонски цвеќиња, како и украсни камења со различни бои.

Вредноста на проектот изнесува околу 300.000 денари, срдества обезбедени од самото претпријатие.

Со изведбата на паркови во селата, се цели кон создавање на еднакви услови како за жителите од градот, така и за оние што живеат во руралните населени места.

Служба за информирање

С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно Прирачникот за начинот на водење на постапката за донесување и изготвување на општи актови за села, Општиот акт за село Здуње и Предлог – Одлуката за истиот ќе се објави на веб страницата на Општина Гостивар, заради овозможување на јавен увид во време траење од 15 работни денови, односно од 05.11.2019 година до 25.11.2019 година.

Во овој рок сите засегнати граѓани можат да достават предлози, сугестии или приговори, по кој одлучува комисијата која ја изработува Предлог – Одлуката.

Центар за информирање

PREDLOG Odluka NASLOVNA ZDUNJE.

PREDLOG Odluka Opst Akt ZDUNJE

Документ