Градоначалникот Арбен Таравари упати честитки по повод Курбан Бајрам

30.07.2020

По повод Курбан Бајрам, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, им честиташе на сите муслимански верници.

Честитката на градоначалникот Таравари за овој Бајрам поврзана е и со состојбата со пандемијата „Ковид-19“ и важноста на грижата едни за други.

Среќен Бајрам на сите! Светот не минува низ лесни времиња, се чини дека пораката за целата оваа ситуација е повеќе грижа едни за други, помалку себичност, нималку итрост и неправда! Здравје и просперитет!“, се вели во честиткатана градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Служба  за информирање

Депонија “Русино“, шефот на кабинетот на градоначалникот на Гостивар – Валбон Лимани, се сретна со претставници на АРСМ

29.07.2020

Шефот на кабинетот на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, Валбон Лимани прими делегација од Командата за распоредување во Армијата на Република Северна Македонија, предводена од полковник Агрон Незири и консултантот на тимот за управување со цврст отпад од Швајцарскиот секретарија за економски прашања (СЕЦО), Алекса Томовски.

За време на оваа средба, која дојде на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски и државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање г-ѓа. Ана Петровска, Лимани ги запозна гостите за најновата состојба во регионалната депонија “Русино“, која гори подолго време, а Општина Гостивар е оставена осамена да се справи со оваа депонија каде што се депонира отпадот од сите девет полошки општини. Полковникот Агрон Незири од Командата за распоредување на Армијата на Северна Македонија, вети дека тие ќе бидат во готовност да и помогнат на Општина Гостивар доколку продолжи да гори депонијата „Русино“, со нивна машинерија и човечки ресурси. На средбата, страните се согласија дека е потребна поблиска соработка во иднина, не само за депонијата „Русино“ која и ја посетиле, туку и во други области од заеднички социјален интерес.

Инаку, за време на синоќешната јавна дебата организирана од страна на Општина Гостивар со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, невладини организации и еко-активисти од Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари најави дека од наредниот понеделник, во “Русино“, освен Гостивар ниту една друга полошка општина не ќе може да фрла отпад.

Уредување на улица и изградба на канализација во населбата Балиндолска

29.07.2020

Општина Гостивар во рамки на Програмата РОМАКТЕД (финансиран од Европската унија и Советот на Европа) спроведува проект за целосна реконструкција на улица, односно изградба на канализација и поплочување со бекатон во нас. Балиндолска.

Станува збор за населба населена главно од припадници на ромската заедница, маргинализирана со децении.

Во рамките на истата програма, предвидено е Општина Гостивар да продолжи со реконструкција и изградба на канализација и во населба Керамидница, каде што мнозинството локални жители се припадници на ромската заедница.

„Имплементацијата на овие проекти е од клучно значење за подобрување на условите за живеење на ромското население во општина Гостивар. За ова треба да се заблагодариме на општина Гостивар и градоначалникот Арбен Таравари, но воедно треба да се потенцира и посветеноста и придонесот на ромските активисти преку програмата РОМАКТЕД “, вели Бари Абдули – активист на ромската заедница.

Создавањето задоволителни инфраструктурни услови во сите населени места и за сите граѓани, останува главниот приоритет на Општина Гостивар во овој мандат.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Продажбата на курбани, дозволена само кај Сточниот пазар

24.07.2020

Со цел да се зачува чистотата и да се стави ред во продажба на курбани, Општина Гостивар во соработка со Претпријатието “Прогрес пазари”, како локација за продажба на бајрамските курбани, како локација го одреди Сточниот пазар во населба “Фазанерија“.

Се известуваат сточарите дека наведената локација може да се користи без надоместок и дека продажбата на курбани вон назначената локација, е строго забранета.

Комуналниот инспекторат ќе биде активен на теренот и ќе преземе соодветни мерки против прекршителите на законот за јавна чистота.

Служба за информирање

Во гостиварските средни училишта матурската вечер се замени со фрлање капи

Тргнувајќи од фактот што поради пандемијата со ЦОВИД-19 годинава не беа организирани традиционални матурски вечери и церемонии, на предлог на Секторот за образование при Општина Гостивар, учениците од сите општински средни училишта, матурата ја одбелжаа со фрлање  капи.

„За да не се пропушти оваа многу важна етапа во животот на младите луѓе, им предложивме на училиштата матруската вечер да ја заменат фрлање капи, практика позната во западните земји. За да се избегне присуството на поголем број учесници, препорачавме церемониите да се одржуваат во секое училиште одделно и да бидат преземени сите мерки на безбедност во време на пандемија “, вели Алсиан Снопче, раководителка на Секторот за јавни работи.

Од страна на Општина Гостивар, на најдобрите ученици од генерацијата им беа доделени Признанија и ваучери, а свеченостите  завршија со пригодни коктели.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

01.07.2020

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди за 2020 година, СЕ ПРЕКИНУВА ДЕНЕС.

Ова поради причина што се потрошени сите финансиски средства предвидени од Буџетот на Општина Гостивар за оваа намена, што е во согласност со клаузулата на Јавниот повик објавен на ден 08.06.2020 година:

1.4. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, општина Гостивар ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Ви благодариме за разбирањето!

Служба за информирање