Зајакнување на капацитетите за зголемување на застапеноста на малцинските заедници во општинските совети

Денеска во Призрен, заедно со претседателот на Советот Валбон Лимани, гостиварски општински советници и други колеги од Северна Македонија и Косово, учествував на панел дискусијата на тема „Зајакнување на капацитетите за зголемување на застапеноста на малцинските заедници во општинските совети“, во организација на Американскиот национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED).

Советот на општина Гостивар останува пример за застапеност на малцинствата.

Во мојот говор уште еднаш ја истакнав потребата од децентрализација на општините во Северна Македонија за општините да не зависат од централната власт.