Општина Гостивар го олеснува движењето и паркирањето на автомобилите во текот на летната сезона

Со доаѓањето на нашите иселеници во родниот крај , со цел олеснување на сообраќајот и создавање повеќе паркинг места, општина Гостивар и сите локални институции донесоа низа одлуки кои ќе важат од 15.07.2022:

Дворовите на сите основни и средни училишта ќе се претворат во бесплатни паркинг места,

– На булеварите „Гоце Делчев“ и „Браќа Ѓиноски“, во централниот дел на градот, строго да се почитува правилното и прописно паркирање;

– Јавното претпријатие „Паркинзи и зеленило“ ќе обезбеди дневни, неделни, двонеделни и месечни билети за паркирање, кои ќе се продаваат во повеќе продавници и во киосците на Тобако по поволни цени;

– Заедно со Црвениот крст ќе се делат флаери за поголема безбедност во патниот сообраќај и ќе им поделиме вода на граѓаните во жешки денови;-

– Полицијата ќе го зголеми патролирањето и заедно со службата пајак ќе биде на терен со продолжено работно време;

– Има консултации во овој период да се користат и приватни имоти кои можат да служат како паркинг.