ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ЈАВЕН ОГЛАС

,

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/02), а во врска со член 67 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/02) и Програмата за поставување урбана опрема – рекламни паноа на подрачјето на Општина Гостивар за период 2014–2020 донесена од Советот на Општина Гостивар (“Службен гласник на Општина Гостивар“ број 09/13), Градоначалникот на Општина Гостивар, објавува

ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ЈАВЕН ОГЛАС

Почитувани,

Градоначалникот на Општина Гостивар, со седиште на Бул. Браќа Ѓиноски, број 61, (во натамошниот текст: Општина Гостивар ), има намера да додели право и издаде одобрение за поставување на рекламни паноа на подрачјето на Општина Гостивар.

За таа цел, Општина Гостивар спроведува Јавен оглас за доделување на локации за поставување на рекламни паноа на подрачјето на Општина Гостивар на 6 (шест) пакети за билборди и цитилајт во согласност со Програмата за поставување урбана опрема – рекламни паноа на подрачјето на Општина Гостивар за период 2022-2027 донесена од Советот на Општина Гостивар (“Службен гласник на Општина Гостивар бр.12 од 24.12.2021).

Јавното отварање на пријавите за учество, ќе се одржи во просториите на Општина Гостивар, на ден 05.09.2022 година во 11.00 часот, согласно објавениот оглас.

Комисијата за распределба на локациите, во рок од најмалку 3 дена од одржувањето на јавното наддавање-лицитација, писмено треба да ги извести кандидатите кои ги исполнуват условите за учество во лицитација.
Предмет на јавниот оглас ќе се спроведе по пат на усно јавно наддавање – лицитација што ќе се одржи во просториите на Општина Гостивар, после контролирање на документацијата на сите понудувачи, на 13.09.2022 година, и тоа:

ПАКЕТ 1 – во 11:00-11:30 часот.
ПАКЕТ 2 – во 11:30-12:00 часот.
ПАКЕТ 3 – во 12:00-12:30 часот.
ПАКЕТ 4 – во 12:30-13:00 часот.
ПАКЕТ 5 – во 13:00-13:30, часот, и
ПАКЕТ 6 – во 13:30-14:00 часот.

Секоја од 6 (шест) пакети за билборди и Ситилајт претставува посебен дел, за кој ќе се склучи посебен договор.

Со оваа покана Ви доставуваме документација за јавен оглас која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за учество во јавниот оглас.

Документацијата за јавниот оглас може да се подигне секој работен ден во архивата на Општина Гостивар

Право на учество на усното јавно наддавање – лицитација имаат сите домашни и странски правни и физички лица, кои најдоцна до 05.08.2022 година до 10:00 часот ќе положат и ќе достават гарантен депозит за учество во висина од: за ПАКЕТ 1 – 2.000 евра, ПАКЕТ 2 – 2.000 евра, ПАКЕТ 3 – 2.000 евра, ПАКЕТ 4 – 1.000 евра, ПАКЕТ 5 – 1.000 евра и ПАКЕТ 6 – 500 евра, во денарска противвредност според средниот курс на НБМ на денот на издавањето до Комисијата, како и докази дека ги исполнуваат условите за учество на јавното наддавање

Однапред благодариме
Гостивар, 22.08.2022 година.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГОСТИВАР
Арбен Таравари

Линкот : javen oglas za reklamni panoa i bilboardi vo Gostivar – 2022 (1)