Во Светскиот ден на детето, се одбележа 50-годишнината од основањето на Детската градина во Гостивар

01.06.2018

Во преполнета сала со деца и родители во Центарот за култура во Гостивар, со богата програма, беше одбележан 1 јуни – Светски ден на детето.

На овој настан присуствуваа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и членови на неговиот кабинет, како и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјална заштита – Гостивар.

“Децата се оние кои ни ги држат срцата, оние кои секојдневно ни пружаат радост што никој друг не може да ни ја даде. За жал, во последно време се соочуваме со иселување на младите луѓе, па затоа мораме да се залагаме да создадеме подобри услови за живеење во земјава и младите да почнат да гледаат перспектива во својата татковина. Посакувам што поскоро да ги видиме нашите градинки преполни со деца и Господ да ги држи што посреќни“, рече меѓу другото градоначалникот Арбен Таравари.

На присутните им се обрати и директорката на Детската градинка “Детска сала”, Наташа Саздоска, која исто така пренесе порака со честитки до сите деца во светот.

За јубилејниот фестивал, децата од предучилишната група под раководство на нивните воспитувачки, имаа подготвено богата забавна програма на три јазици: албански, македонски и турски.

Служба за информирање

Наплатата на даноци бележи значително зголемување во првиот квартал

01.06.2018

Реализираните јавни приходи во основниот буџет на општина Гостивар за првиот квартал од 2018 година, споредено со истиот период минатата година, бележат пораст од 13 проценти.

Во првиот квартал од минатата година биле реализирани 60.739.493 денари, додека во истиот период оваа година наплатата достигна 68.502.722 денари. Најголемо влијание во овој пораст, има наплатата на данок на имот и на комуналните такси, односно делот од даноците кој зависи од ангажирањето на општинската администрација и зголемување на довербата на граѓаните во институцијата Општина.

“Кај данокот на имот имаме пораст за дури 42 проценти, односно од 11.770.673 денари во првиот квартал од минатата година, на 16.719.149 денари за првиот квартал од оваа година. Значителен пораст имаме и во наплатата на комунални такси, 12 отсто, односно од 14.203.738 денари во првиот квартал од 2017 година на 15.909.149 денари во првиот квартал од 2018 год. Овие две ставки на приходи од даноците се всушност се оние врз кои влијае довербата на граѓаните во општината како институција, но и посветеноста на општинската администрација”, објаснува раководителот на Секторот за финансии и буџет, Садри Елези.

Од Општина Гостивар, апелираат до граѓаните редовно да ги плаќаат даноците и комуналните такси, кои потоа им се враќаат во форма на инвестиции и услуги за поквалитетен живот.

Служба за информирање

Создадени просторните услови за Центар за аутизам во Гостивар

01.06.2018

Новото општинско раководство на чело со  градоначалникот Арбен Таравари, посебно внимание посветува на разгледување и креирање на развојните приоритети, како и на донесување поголема перспектива за заштита на лицата со посебни потреби, особено децата, за да и тие станат рамноправен дел на општество, кое по правило им припаѓа.
Во овие шест месеци владeeњe, иако под блокада и невидени опструкции, се работи во оваа насока, и веќе се создадени услови за отворање на Центар за деца со аутизам во склоп на зградата на Ученичкиот дом во Гостивар.
Вреди да се истакне и непобитниот придонес на директорот на Ученичкиот дом, Шпенд Сулејмани и на разни донатори, наши сограѓани. Се очекува наскоро овој центар да биде ставен во функција во соработка со партнери, експерти од областа.

Служба за информирање

На иницијатива на ОБСЕ, началникот на СВР Тетово и командирот на ПС Гостивар се сретнаа со градоначалникот Таравари

29.05.2018

На иницијатива на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес се одржа средба помеѓу градоначалникот Арбен Таравари, началникот на Секторот за внатрешни работи – Тетово, Амир Далипи и командирот на ПС – Гостивар, Гази Абдурахими.

Средбата се одржа во кабинетот на градоначалникот Таравари и во присуство на претставници на Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

На средбата беше разговарано за надминување на повремените досегашни недоразбирања и за воспоставување на нормална комуникација и соработка помеѓу двете институции. Двете страни се согласија дека со меѓусебна соработка може да се постигне многу во подобрувањето на безбедноста во општина Гостивар и ефективна реализација на разни работи и активности кои што Општина Гостивар ги спроведува во својата територија.

“За доесгашното несоработување и разни недоразбирања, можеби вината е обострана. Но, ние треба да гледаме напред и да ги надминеме овие проблеми и во интерес на граѓаните на општина Гостивар да воспоставиме ефективна комуникација и соработка која ќе ги даде очекуваните резултати”, изјави градоначалникот Таравари на заедничка прес-конференција по средбата.

На иста линија беше и изјавата на началникот на СВР – Тетово, Амир Далипи, кој, исто така, призна дека имало некои недорабирања, но дека денес дошле истите да се надминати и да не се повторуваат во иднина.

Служба за информирање

Поради изведување на работи кај пречистителната станица, утре од 9:30 часот водоснабдувањето во Гистивар ќе биде во прекин

27.05.2018

Поради изведување на работи кај пречистелната станица во село Ворток, утре (понеделник) од 9:30 часот до завршување на работите, во градот и во селата што се снабдуваат со вода од градскиот водовод, водоснабдувањето ќе биде во прекин.

Од ЈП “Комуналец” и од Општина Гостивар, бараат разбирање од граѓаните.

Служба за информирање

Во Беловиште, ќе почне изградбата на канализација

23.05.2018

Како дел од годишната програма на ЈП “Комуналец”, проектот за изградба на канализација во село Беловиште е целосно подготвен и се очекува добивање на дозвола од надлежните органи за започнување на негово изведување.

Ова им го соопштија на жителите на село Беловипте градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и директорот на ЈП “Комуналец“ Исак Лазами при посетата на селото.

“Вечерва решивме да бидеме во село Беловиште за да поразговараме со жителите, но, исто така и да го промовираме почетокот на работите за изградба на канализација во селото. Со директорот на ЈП “Комуналец” се координиравме деновиве за да почнат градежните работи. Веруваме дека во рок од две до три недели ќе завршат работите и во селово да се реши овој проблем како еден од главните проблеми. Ова е едно ветување што го дадовме за време на изборната кампања на локалните избори во 2017 година”, истакна градоначалникот Таравари.

Директорот на ЈП “Комуналец“ Исак Лазами наведе дека ќе се чека дозвола од надлежните органи и веднаш ќе сe почне со работа.

“Нашето претпријатие го име предвидено во програмата овој проект. Тој помина во управнте органи на претпријатието, конкретно тоа го чекавме, инаку ова ветување на градоначалникот Таравари зал за време на кампањата за изградба на канализација во Беловиште и еден дел во Лопушник, ќе го остваривме од порано. Се надеваме дека одобрението од надлежните органи ќе дојде што е можно поскоро и ќе почнеме со работа. Очекуваме за три недели да заврши изградбата на каналиѕација”, истакна директорот Лазами.

Градоначалникот Таравари со своите соработници, посетите во разни населени места на општина Гостивар во текот на месец Рамазан ќе ги остварува по тарави намаз.

Служба за информирање

Се збратимија Општина Гостивар и Општина Света Недеља од Хрватска

21.05.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и градоначалникот на хрватскта општина Света Недеља, Дарио Зуровец, во саботата ја потпишаа Повелбата за пријателство и соработка помеѓу двете општини, со што и официјално овие два града се збратимија.

Повелбата за пријателство и соработка се потпиша во рамките на свечената седница на Градскиот совет на Света Недеља по повод Денот на градот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, им се обрати на присутните и изрази особена чест што Општина Гостивар стана партнер со Општина Света Недеља.

“Општина Света Недеља е совршен пример за тоа како функционирањето на општинската администрација и соработката со бизнис секторот може да создаде клима за работа и живот. Со збратимувањето на нашите две општини, убеден сум дека ќе имаме голема корист од меѓусебната размена на искуствата”, истакна градоначалникот Таравари.

Градоначалникот, пак, на Света Недеља, Дарио Зуровец, подвлече дека темелите на оваа соработка се остварија благодарение на почесниот конзул на Република Хрватска во Скопје, г-ѓа Вита Хузјан.

Збратимувањето на двете општини има за цел воспоставување на пријателски, културни, општествени и претприемачки односи, како и подобрување на развојот на меѓудржавната соработка на локалните заедници во име на демократијата и заедништвото.

Претходно, на последната седница на Советот на Општина Гостивар, општинските советници едногласно усвоија одлука за збратимување на Општина Гостивар со Општина Света Недеља.

Служба за информирање

Делегација од Коџаели ја посети општина Гостивар

18.05.2018

Делегација од општина Картепе на градот Коџаели (Република Турција), предводена од заменик-градоначалникот Абдула Јилмаз ја посети општина Гостивар каде што беше примен од страна на градоначалникот Арбен Таравари.

Градоначалникот Таравари ги запозна гостите од Турција со актуелната состојба во општина Гостивар и традиционалното пријателство со турската држава и турските општини.

Заменик-градоначалникот Јилмаз го запозна градоначалникот Таравари со  нивната идеја, на 4 август и 5 во Гостивар да се одржи фестивал насловен “Заборавени вредности”, на кој ќе бидат промовирани традиционалните и фолклорни вредности на двете пријателски општини.

На средбата беше договорено фестивалот да се реализира, и истиот ќе биде финансиран од страна на Унијата на турски општини во светот , а ќе се спроведува во соработка со Општина Гостивар. За координатор беше избран Геѕим Хаџиејуп, вработен во Општина Гостивар.

Инаку, ова ќе биде четврт фестивал од ваков вид, конкретно втор по ред што ќе се одржи воземјите од Западен Балкан.

Служба за информирање

Координативен состанок за безбедни училишта

18.05.2018

Во рамки на проектот “Безбедни училишта” финансиран од ОБСЕ, кој   што се спроведува во шест општини во Македонија, во Гостивар се одржа координативен состанок на кој се  дискутираше за едногодишниот план на  задачи и активности.

На состанокот учествуваа претставници на ОБСЕ во Македонија, стручните служби на општинските средни училишта, наставници и претставници од Секторот за образование при Општина Гостивар.

Темите за кои се дискутираше беа борбата против насилството, екстремизмот и другите злоупотреби во училиштата, а се определи и агендата на активности за едногодишен период, односно обуки со професори и ученици, работилници и други активности.

Служба за информирање

Градоначалникот Таравари пишува во Министерството за финансии: копилиња и казина, најмалку 500 метри од училиштата

17.05.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, преку службено писмо побара од Министерството за финансии да во иднина издава дозволи за работа само за кладилници и казина лоцирани на над 500 метри оддалеченост од образовните институции.

Во писмото, исто така, се бара од соодветното министерство да ја разгледа можноста да ги обврзе сопствениците кои веќе поседуваат дозвола за работа за организирање на игри на среќа во објекти кои се наоѓаат во близина на училиштата, да ги дислоцираат истите.

Служба за информирање