Одделeнието за образование се приклучи на хуманитарната акција “Не фрлај, туку донирај”

16.11.2017

Одделението за образование, култура и спорт при Општина Гостивар се приклучи на иницијативата “Не фрлај, туку донирај”. Во рамките на оваа иницијатива, средата, четвртокот и петокот се прогласија како Денови на хуманоста.

Да се мобилизираме и да покажеме дека хуманоста, позитивната волја и љубовта еден кон друг, сеуште постојат во ова поднебје“, вели одговoрната на Одделението за образование. г-ѓа Аслиан Снопче, прецизирајќи дека за оваа цел ќе се собираат книги и играчки за деца од 2 до 5 годишна возраст.

Одделението за образование апелира до сите оние кои имаат можност да донираат играчки за деца да се јават на телефонскиот број 070 345 235, или детските книги и играчки да гидостават во локалот на иницијативата “Не фрлај, туку донирај” лоциран спроти Ургентниот центар на гостиварската болница, или директно во детската градинка.

Служба за информирање

Швајцарската амбасада најавува два нови проекти во Гостивар

14.11.2017

Регионален советник за вода и управување со отпад при Швајцарската амбасада во Македонија – Клиф Хамер, во придружба на Бујар Ибиши и Станислава Додева, денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Посакувајќи му успех на градоначалникот Таравари во новата функција, Хамер се заинтересираше за неговата работа во првите денови од мандатот.

При оваа прилика, тој го запозна градоначалникот на Гостивар со двата нови проекти кои наскоро треба да започнат да се имплементират а се финансирани од Швајцарската влада.

Регионалното управување со отпад е проект финансиран од Швајцарската амбасада во соработка со Полошкиот плански регион. Другиот проект сае однесува на усвојување план за заштита од поплави којшто ќе се спроведува од страна на УНДП, а исто така ќе се финансира од швајцарската амбасада.

Со донесување на овој план, Гостивар ќе биде првата општина во Македонија со план за превентивна заштита од поплави.

При посетата во Гостивар, делегацијата од Швајцарската амбасада престојуваше и во село Вруток, каде што одблизу се запознаа со завршните работи од првата фаза од изградбата на резервоарот за вода за пиење, проект финансиран од страна на Швајцарското федерално одделение за економски прашања СЕЦО

Служба за информирање

Градоначалникот почна со низата посети во основните и средни училишта

13.11.2017

Градоначалникот на Гостивар д-р Арбен Таравари, низата посети во основните и средни училишта ја започна во најстарото градско училиште “Исмаил Ќемали”. Притоа, тој оствари средба со вработените во училиштето и побара од колективот да даваат предлози за назначување на в.д. директор на училиштето.
“Треба постепено да одбереме директори на основните и средни училишта.

Според мене, едно од најпрестижните и најважни училишта е училишптето во кое и јас сум учел, односно училиштето “Исмаил Ќемали”. Сметам дека наставниот кадар треба да биде дел од изборот на директорот и затоа сум тука да ги слушнам нивните предлози. Ќе земам неколку нивни предлози и наскоро ќе се определам за еден од нив”, изјави за медиумите градоначалникот Таравари, прецизирајуќи дека идентични посети ќе оставри во наредните денови и во другите поголеми градски училишта.

На новинарско прашање за состојбата со греењето во училиштата, градоначалникот на Гостивар објасни дека во моментов нема проблеми. “Јавната набавка за нафта е извршена од страна на претходното раководство, со исклучок на некои помали училишта во руралните средини каде се користи огревно дрво. Денес и следните неколку дена ќе се врши снабдувањето со нафта во училиштата и се надевам дека нема да има никакви проблеми во овој поглед. Проблемот што се појави во основното училиште “Мустафа Кемал Ататурк” во градот и во село Здуње, Секторот за образование успешно го надмина”, појасни градоначалникот Таравари.

Центар за информирање

Поранешните градоначалници на Гостивар му честитаа на Таравари

10.11.2017

Поранешните градоначалници на Гостивар Руфи Османи, Енвер Зенку и Џемаил Мухареми, како и поранешниот претседател на Советот на Општината Рефик Даути, денес му беа гости на градоначалникот Арбен Таравари.
“Задоволство ми е што денес ги пречекувам сите поранешни градоначалници, би рекол, на демократски Гостивар од 1992 година па наваму, освен човекот кој не дојде ниту на примо-предавање на должноста, како и поранешниот претседател на Советот на општината г-дин Рефик Даути.

Се надевам дека ова ќе стане традиција во Гостивар, актуелниот градоначалник да ги прими на гости поранешните градоначалници, а зошто да не и како советници за напредок на управување со општината. Сега ќе разговараме и очекувам од нив да ме посоветуваат за тоа како да управувам со општината”, изјави кратко градоначалникот на Гостивар, д-р. Арбен Таравари.
Во име на гостите, изјава за медиумите медиумите даде и градоначалникот на Гостивар во периодот 1996-1998 и 2009-2013 година, др.проф. Руфи Османи.

“Дојдовме заедно за да на сегашниот градоначалник д-р. Арбен Таравари, му ја честитаме чистата демократска победа и да му дадеме поддршка за да ова биде успешен мандат и ако е има потреба да му понудиме стручна и менаџерска асистенција. Убеден сум дека со поддршка и на актуелната влада, која му е должна на д-р. Таравари, тој успешно да го започне и успешно да го заврши социјалното, економското и институционалното заздравување на Општина Гостивар “, рече Османи, изразувајќи убедување дека д-р Таравари, како што беше најуспешен министер, ќе биде и најуспешен градоначалник и ќе реализира повеќе од сите досегашни градоначалници заедно.

Поранешните градоначалници Османи, Зенку и Мухареми му подарија на сегашниот градоначалник Таравари уметничка слика, дело на познатиот сликар од Гостивар, Улбер Зулфиќари.

Информативна служба

 

Брифинг со новинарите, Таравари ветува соработка и транспарентност

10.11.2017

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари организираше неформална средба со локалните новинари. На средбата, која помина во пријателска атмосфера, градоначалникот ги информираше новинарите дека од следната недела ќе започне да функционира со полн капацитет Службата за информирање соп што ќе се надминат и евентуалните недостатоци во првите денови од неговиот мандат.

“Ве уверувам дека наскоро ќе имаме консолидиран тим за односи со јавноста и дека благовремено ќе бидете информирани за сите настани што ве интересираат како новинари за да ја информирате јавноста. ПР тимот ќе биде отворен за соработка и ќе имате брз пристап до сите информации со јавен карактер”, истакна Таравари и додаде дека одржувањето на вакви неформални средби ќе биде редовна пракса најмалку еднаш месечно.

Брифингот, новинарите го искористија и за да се информираат за актуелностите во општината во првите денови од мандатот на градоначалникот Арбен Таравари.

Градоначалникот ги информираше дека веќе во јавното претпријатие “Комуналец” назначен е в.д. Исак Лазами, а во Секторот за урбанизам ќе го води тричлена екипа составена од Сефедин Билали, Ванчо Алексоски и Беким Алиу, каде што тројцата ќе ги потпишуваат документите кои ќе ги издава секторот.

Во однос на назначувањето на в.д. директори на основните и средните училишта, градоначалникот Таравари ги запозна новинарите дека од понеделник ќе оствари средби со наставниот кадар и од нив ќе побара да достават по три имиња, од кои градоначалникот ќе избере еден.

“Ова ќе го направам со цел да го остварам тоа што сум го стремел и што го ветив во кампањата, деполитизирање и департизирање на образованието, како област која ги засега нашите најсакани, децата, и која треба да ни обезбеди светла иднина“, истакна Таравари, подвлекувајќи дека за именување на директори со полн мандат, ќе бидат објавени соодветни конкурси и ќе се следат редовните процедури.

Новинарите исто така се заинтересираа за конституирањето на Советот на општината, при што добија одговор дека мнозинството веќе е обезбедено со тенденција да се прошири во блиска иднина.

“Очекуваме дека во наредните денови, ќе добиеме позитивен одговор од ДУИ во врска со свикувањето на конститутивната седница на Советот на општината. Посакувам да имаме што поширок консензус во процесот на донесување одлуки и тоа воедно да се одрази како добар пример и на национално ниво”, потенцираше градоначалникот и додаде дека за претседател на советот ќе биде предложен носителот на советничката листа од Алијансата за Албанците , д-р. Бесим Мемеди.

Информативна служба

Почна првото издание на Театарскиот фестивал “Отело“ – Гостивар

10.11.2017

Во Центарот за култура во Гостивар, во салата исполнета до последно место, почна првото издание на Театарскиот фестивал “Отело” во организација на Здруженијата за култура “Отело” и “Фишта” од Гостивар.
Фестивалот го прогласи за отворен градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој пред гостиварските љубители на културата нагласи дека политиката треба да не се меша во културата и да дозволи таа слободно да дише.

“Имам чест да го прогласам за отворено првото издание на театарскиот фестивал “Отело”- Гостивар, во организација на КЗ “Отело” и КЗ “Фишта”, кој ќе трае до 13 ноември. Јас ја разбирам културата како духовна храна, па затоа се обврзувам дека Општина Гостивар во иднина ќе го поддржи овој фестивал, за да истиот стане традиционален театарски фестивал што толку многу му недостасува на нашиот град. Им честитам на сите оние кои придонесоа за да се реализира овој фестивала, особено на директорот на фестивалот Арѓент Хасани со кого го делиме мислењето дека политиката треба конечно да не се меша во културата и уметноста да дише слободно во иднина. Ве повикувам да ја пополниме салата на Центарот за култура исто како вечерва, и во другите вечери. Да уживаме и да ги наградуваме со аплауз актерите”, рече Таравари меѓу другото.

На присутните им се обрати и директорот на фестивалот, гостиварскиот актер Арѓент Хасани, кој при оваа прилика им се заблагодари на сите што придонесоа и помогнаа во Гостивар да се одржи вака важен фестивал.
“Успехот нема крај, идејата нема крај, затоа сум се потрудил до максимум за да нашите граѓани имаат што да видат, граѓаните да излезат од секојдневните кафеани и да дојдат да ја исполнат душата со уметност. Посакувам фестивалот да стане традиционален и да не застане тука. Ние сме отворени за сите уметници каде и да се, со единствена цел да посетителите да им го понудиме најдоброто. Му благодарам на публиката што може да го одржи овој фестивал во живот”, рече Хасани.

На првата вечер од фестивалот се прикажа комедијата “Животот со тебе” на театарот “Александар Мојсиу” од Драч со автор и режисер Ерион Каме.
Инаку, фестивалот има натпреварувачки карактер, а стручното жири го сочинуваат Сулејман Рушити, Исмет Рамадани и Музафер Етеми.

Информативна служба

Муфтијата Фетаху и неговите соработници, му честитаа на Арбен Таравари

7.11.2017

Гостиварскиот муфтија Шаќир еф. Фетаху, во придружба на неговите соработници, беа примен од градоначалникот на Гостивар д-р. Арбен Таравари.
Шаќир еф. Фетаху во негово лично име и во името на Гостиварското муфтиство, му честиташе на градоначалникот Таравари за функцијата, посакувајќи му успешна работа во раководењето со Општина Гостивар во наредните четири години.
Градоначалникот Таравари му се заблагодари на муфтијата за посетата и за честитките и изрази подготвеност за тесна соработка со ИВЗ – Гостивар како верска институција која ги претставува гостиварските граѓаните од исламска вероисповед како најбројна заедница во општината.

Служба за информирање

ТИКА се подготвуваше да ја продлабочи соработката со Општина Гостивар

07.11.2017

Висока делегација на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, предводена од Ајтекин Ајден – координатор за Македонија, вчера беа гости на градоначалникот на Гостивар, д-р. Арбен Таравари.

Претставниците на ТИКА, му честитаа ја честитаа функцијата на градоначалникот Таравари и разговараа во врска со реализираните проекти досега на оваа агенција во општина Гостивар и пошироко.

Тие покажаа интерес за изборната програма на градоначалникот и неговите соработници, посакувајќи му успех во новата функција.

Градоначалникот на Гостивар, изрази благодарност за силната поддршка на Агенцијата ТИКА во спроведувањето на голем број проекти од витално значење за граѓаните на Гостивар, воедно изразија подготвеност соработката да се продлабочи уште повеќе во иднина.

Таравари ги запозна претставниците на ТИКА дека во согласност со победничката програма, ќе се залага за унапредување на правата на заедниците кои не се мнозинство на локално ниво, со посебен акцент на турската заедница.

Служба за информирање

Градоначалникот Арбен Таравари ја прими постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон

07.11.2017

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, прими вчера во неговиот кабинет висока делегација на УНДП, предводена од постојаната претставничка за Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.

Таравари ја запозна г-ѓа Винтон со изборната програма која веќе треба се спроведе во пракса, вклучувајќи ги највиталните области како што се образованието, заштитата на животната средина, намалување на невработеноста, локалниот економски развој, транспарентност и отчетност, борбата против корупцијата и др.

При оваа прилика градоначалникот даде до знаење дека од поранешниот градоначалник наследил празна каса со огромни долгови, чија висина се уште не се знае точно.

Воедно, Таравари и се заблагодари за досегашната соработка со општина Гостивар, изразувајќи подготвеност за уште подлабока и потранспарентна соработка во иднина, уверувајќи ја дека тој и општинската администрација ќе бидат достојни партнери за соработка.

Од друга страна, постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, му ја честиташе на градоначалникот Таравари новата функција и изрази подготвеност покрај актуелните проекти финансирани од страна на УНДП, во иднина да финансираат уште поголеми и позначајни проекти.

Служба за информирање