Гостивар ќе биде првиот град на Балканот со смарт-систем за зонско паркирање

13.09.2018

Во Гостивар се враќа зонското паркирање. Денес се потпиша договор за јавно-приватно партнерство кој што на претпријатието за управување со јавни паркиралишта и на граѓаните на Гостивар, ќе им донесе многу придобивки, а следната година ќе се применува и смарт-систем, прв од ваков вид не само во Македонија, туку и на Балканот.

Во просториите на Општина Гостивар, денеска беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство помеѓу ЈП “јзавни паркиралишта и зеленило” и Електро Софт Инженеринг. Потпишаниот договор оди во корист на Општина Гостивар и нејзините граѓани, и истиот доаѓа неколку месеци по поништувањето на штетниот договор склучен во минатиот мандат.

Договорот беше потпишани во присуство на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, а истиот во име на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” го потпиша директорот Музафер Зулбеари, а во име на “Електро Софт Инженеринг“, директорот Златко Ризов.

“Според претходниот договор склучен помеѓу поранешното општинското раководство и тогашниот приватен партнер, 62% од средствата што се собираат од наплатата за паркирање одеа за јавното претпријатие а за приватниот партнер 38 проценти. Договорот кој го потпишавме денеска е многу поповолен во однос на претходниот, затоа што дури 90 проценти од средствата ќе одат за општината односно за јавното претпријатие, а само 10 проценти за приватниот партер. Очекуваме зонското паркирање да започне со работа во рок од две недели, а новитет ќе биде воведувањето на сензори и светлосна сигнализација со што возачите ќе можат да се информираат во секое време, каде има слободно паркинг-место, така што не ќе треба да талкаат по улиците за да најдат паркинг, да трошат повеќе гориво а со тоа и повеќе да го загадуваат воздухот“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари по потпишувањето на договорот.

Директорот на “Електро Софт Инженеринг“, претпријатието што го доби тендерот, изјави дека по две недели започнува првата фаза на проектот, што значи дека ќе почне да функционира зонското паркирање, во втората фаза ќе бидат пуштени во употреба два затворени паркинзи, а во третата фаза , наредната година, ќе започне примената на сензори.

“Примената на системот со сензори подразбира дека возачите преку мобилен телефон ќе можат точно да знаат каде има слободен паркинг, а и без таа апликација на мобилен ќе можат да се ориентираат преку инсталираната светлосна сигнализација. Кога ќе го направиме тоа, Гостивар не само што ќе биде првиот град во Македонија со такво паркирање, туку најверојатно и на Балканот”, изјави директорот Златко Ризов.

“Како што ветивме кога го раскинавме претходниот договор, така и се случи, значи потпишавме денес договор во корист на нашето претпријатие и на граѓаните на Гостивар. Средства од профитот, каде што за нашето претпријатие одат 90 отсто, ќе ги инвестираме за одржување на постојните и за проширување на зелените површини на територијата на општина Гостивар”, истакна директорот на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило”- Музафер Зулбеари.

Вреди да се нагласи дека цените на услугите според зони, остануваат исти.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

20.06.2018

Се известуваат граѓаните дека утре (четврток) од 23:00 до петок во 07:00 часот, вода за пиење од градскиот водовод ќе биде во прекин.

Водата ќе биде прекината поради полнење на новиот базен во село Вторток, како и поради испитување на втората алтернативна главна линија кон главниот извор. Сето ова, како подготовка за започнување на работите во рамките на проектот СЕЦО 2.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” бараат разбирање од граѓаните.

Информативна служба

Поради изведување на работи кај пречистителната станица, утре од 9:30 часот водоснабдувањето во Гистивар ќе биде во прекин

27.05.2018

Поради изведување на работи кај пречистелната станица во село Ворток, утре (понеделник) од 9:30 часот до завршување на работите, во градот и во селата што се снабдуваат со вода од градскиот водовод, водоснабдувањето ќе биде во прекин.

Од ЈП “Комуналец” и од Општина Гостивар, бараат разбирање од граѓаните.

Служба за информирање

Се работи интензивно на изградба на нова водоводна линија во село Балиндол

25.05.2018

Јавното претпријатие “Комуналец” – Гостивар, работи со висок интензитет во реализација на проектот за изградба на нова водоводна линија во село Балиндол, поточно во населбата наречена Стар Балиндол.

Досега е отворен каналот во половина од вкупната должина, а се започна и со поставување на цевководот што ќе се поврзе со главната линија на градскиот водовод во близина на големиот пазар.

“Со новата водоводна линија се зголемува преносиот капацитетот на водата за пиење и се одбегнуваат сите загуби кои ги предизвикува досегашната линија. Се надевам дека жителите на Стар Балиндол, големиот празник Рамазан ќе го дочекаат со вода 24 часа дневно. Новата водоснабдителна линиј е долга 1860 метри и од неа со вода ќе се снабдуваат околу 300 домаќинства”, информира директорот на ЈП “Комуналец”, Исак Лазами.

Инаку, наскоро ќе се работи на подобрување и проширување на водоводната и канализациона мрежа во селата Здуње, Дебреше и Чегране.

Информативна служба

Да придонесеме сите заедно за чист и убав Гостивар!

Општина Гостивар преку Јавното претпријатие “Паркинзи и зеленило“ посебно внимание посветува на одржувањето на зеленилото и заштита на животната средина.
Да придонесеме сите заедно за чист и убав Гостивар!

Известување

02.05.2018

Се известуваат жителите од населбите во долниот дел од село Чајле, дека денеска во 9 часот ќе започнат работите за поправка на дефектот во главната водоводна линија Ф 80 за тој дел од селото. Како резултат на тоа, додека ќе траат работите, снабдувањето со вода ќе биде во прекин или со намален притисокот.

Од ЈП “Комуналец” бараат разбирање од граѓаните.

Служба за информирање

Во текот на викендот се пополнија ударните дупки на сите градски улици во Гостивар

23.04.2018

Јавното претпријатие “Комуналец”, со поддршка на Општина Гостивар, ja заврши акцијата за пополнување на ударните дупки на сите градски улици.

“Акцијата која ја започнавме со пристигнувањето на пролетта, во текот на изминатитот викенд ја завршивме и веќе сите ударни дупки на градските улици се пополнети со што е овозможено нормално движење на возилата“, вели директорот на ЈП Комуналец”, Исак Лазами.

За годинава, Општина Гостивар планира да асфалтира околу 15 локални патишта и улици во градот и во руралните средини.

Служба за информирање

По иницијатива на жителите и со помош на Општина Гостивар, се уредува ромската населба “Дупка”

21.04.2018

Жителите на маргинализираната ромска населба “Дупка” во Гостивар, спроведоа акција за чистење на нивната наслеба а во пресрет им излезе Општина Гостивар преку Јавното претпријатие “Комуналец”.

Локалните жители ги чистат отпадоците и го собираат на едно место, а јавното претпријатие го превезува отпадот, го израмнува патот и go расчистува каналoт за атмосферските води.

Општина Гостивар ги поддржува и помага во сите акции на жителите од градоските населби и селата, a и иницира вакви активности.

Инаку, ромската населба “Дупка” постои неколку децении, но целосно била маргинализирана и од локалната и од централната власт. Сегашното раководство на Општина Гостивар е посветено на создавање нормални услови за сите граѓани кои живеат на нејзина територија.

Служба за информирање

Известување

18.04.2018

Се известуваат жителите од улиците “Борис Кидрич“ (од Црквата до Маркетот “Монтенегро”), “Димитар Влахов” и “Младен Груевски”, дека денес од 12 до 15 часот, ќе имаат намален притисок на водоводот.

Ова се должи на работите што се изведуваат за санација на дефектот во главниот цевковод Ф 100.

Од ЈП “Комуналец“ бараат разбирање од граѓаните.

Служба за информирање

Уредувањето на градскиот парк кон финализација

14.04.2018

По нивелизацијатана земјиштето и вградувањето на подземниот систем за наводнување во големиот градски парк на десната страна на реката Вардар, работите полека одат кон финализација. Во моментот се работи на уредување на пешачката патека, односно поплочување со бекатонки.

“Пролетта би ја нарекол како годишно време на нашето  претпријатие. Ги уредуваме сите зелени површини, засадуваме декоративни дрвја, се поставуваат нови клупи со што ќе им се овозможи на граѓаните на Гостивар да уживаат во пролетната сезона”, вели Музафер Зулебари, директор на ЈП “Паркинзи и зеленило”, претпријатие кое што ги изведува работите.

Покрај уредувањето на градскиот парк, редовно се работи и за подобрување на состојбата на зеленилото во сите други јавни површини, како што се дворовите на колективните згради, зелениот појас на булевардите, малите паркови низ градот и други јавни површини, а се отстранува и непожелната вегетација по должината на реката Вардар и покрај локалните и регионални патишта на подрачјето на општина Гостивар.

Служба за информирање