Заврши реконструкцијата на канализационата мрежа во дел од населбата “Леска”

02.01.2017

Проблемот со кој жителите од улица Драге Тодоровски во населбата Леска се соочуваат веќе 17 години секогаш кога имало обилни врнежи, конечно се реши пред неколку дена.

По тој повод, во неделата, населбата ја посети градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, каде што беше пречекан од жителите од населбата и разговараше со нив.

“Решавањето на проблемот со канализационата мрежа во овој дел од населба Леска беше едно од нашите предизборни ветувања. Пред три недели ја посетивме населбава и веднаш почнавме со целосна реконструкција на атмосферската и фекалната канализациона мрежа. Екипи од Јавното претпријатие Комуналец успешно ги завршија работите за кратко време и се надеваме дека проблемот што го имаа локалните жители уште од 2000 година, нема повеќе да се повтори”, изјави градоначалникот Таравари.

Тој во оваа прилика информираше дека реализацијата на овој проект чинело 2,5 милиони денари и дека ќе се продолжи да се работи на терен за да се исполнат сите ветувања, едно по едно.

Жителите на населбата изразија благодарност за оваа брза и ефикасна интервенција на Општина Гостивар за надминување на нивниот проблем.

Служба за информирање

Сe чисти каналот за наводнување и се уредуваат дворовите од колективните станови

26.12.2017

Јавното претпријатие “Јавни паркинзи и зеленило” во низата акции за уредување на на јавните површини и зеленилото, деновиве работи во уредување на зелените површини кај блокот станбени згради на левата страна од реката Вардар, односно спроти големиот градски пазар.

“Во моментов се работи на блокот колективни згради кај улица Кеј Вардар спроти градскиот пазар, каде што се сечат гранки од дрвја кои го попречуваат нормалното движење на пешаците”, известуваат од претпријатието.

Покрај хортикултурно уредување, вработените во ова претпријатие, вршат и чистење на каналот за наводнување.

“Работиме на расчистување на каналот за наводнување по должината низ градот. Се сече непожелната вегетација и се отстрануваат отпадоците. На овој начин ќе се отстрани лошиот изглед, но и ќе се оспособи каналот за да биде функционален” известуваат од ЈП “Јавни паркинзи и зеленило“.

Служба за информирање

Се интервенира на канализацијата во населба Леска, Таравари одблизу ги следи работите

11.12.2017

Делегација од општина Гостивар предводена од градоначалникот Арбен Таравари излезе на терен за да одблизу го следи изведувањето на работите за реконструкција на канализациската мрежа за отпадни води, при што ги запозна локалните жителите дека овој проблем ќе биде решен во рок од три дена.

“Иако само пет недели сме во Општината, денес се врши една значајна работа која ги тангира жителите веќе 15 години. Денес почнува инвестицијата на фекалната канализација во населба Леска. Ова беше едно од нашите предизборни ветувања и се надеваме дека за три дена овој проблем ќе биде решен”, изјави градоначалникот Таравари, потсетувајќи при оваа прилика на инвестицијата која се врши во село Дебреше за изградба на фекална канализација за потребите на дел од селото.

Жителите на населба Леска, денес по 15 години, му се радуваат на решавањето на проблемот со канализациската мрежа, чиј што дефект при обилни врнежи од дожд резултираше со поплавување на куќните дворови и подруми.

Последен пат тоа се случи пред само една недела, кога жителите побараа помош од надлежните институции.

Служба за информирање

Изградба на нова канализациска линија за отпадни води во село Дебрешe

07.12.2017

Јавното претпријатие “Комуналец” започна со изградба на канализација за отпадни води за дел од село Дебреше во износ од 4,5 милиони денари.
Директорот на ова претпријатие, информираше дека сите блокади за започнување на градежните работи се елиминирани и се прават максимални напори за да градежните работи се реализираат според планираната динамика.

“Како што гледате, денес започнавме со реализација на градежните работи за изградба на фекална канализација за дел од село Дебреше. Канализационата линија што треба да се изгради е во должина од 800 метри. Проектот се финансира од Министерството за екологија во вредност од 4,5 милиони денари”, истакна директорот на ЈП “Комуналец”, Исак Лазами.

Лазами информираше, исто така, дека новото раководство успеа да ги надмине сите блокади што им се правеле и дека прави максимум предвидените проекти да се реализираат во предвидените рокови.
Градежните работи, се очекува завршат во рок од 15 дена.

Служба за информирање

Консултации за втората фаза од проектот за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар

01.12.2017
Консултантите ангажирани од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) во рамките на Програмата за вода и канализација, одржаа работна средба со директорот на Јавното претпријатие “Комуналец”, Исак Лазами и неговите соработници.

Во рамките на поддршката што Општина Гостивар ја добива од КфВ Банка за изработка на Мастер план за водоснабдување, беше предложено да се реализира взаемно прифатлив пакет мерки кои ќе бидат финансирани од KfW Bank и СЕЦО во Чекор 2 од втора Фаза, при што од СЕЦО изразија намера за обезбедување на финансиски средства за дополнително инвестирање.

Од Јавното претпријатие, изразија подготвеност да соработуваат со консултантите со цел што пуспешната реализација на пресотанатите фази проектот.

Служба за информирање

JП “Комуналец”: Интензивно се работи за надминување на проблемот со водата за пиење во Дебрешe

01.12.2017

Како последица на обилните врнежи од дожд, особено во вечерните часови во полошкиот регион, изворската вода   доаѓа   заматена во резервоарот од кај што се снабдува дел од селото Дебреше. Како резултат на тоа, водоснабдувањето во моментов е прекинато во селото, додека мобилни екипи од ЈП “Комуналец”, со поддршка и на Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, интензивно работат на што поскоро надминување на проблемот.

“Поради природата на проблемот, не можеме точно да процениме колку време ќе треба да го надминеме. Но, ние ќе се посветиме максимално за да тоа се случи што е можно поскоро. За да го надминеме проблемот, ќе обезбедиме вода за пиење за жителите со цистерни од  противпожарната служба”, вели Исак Лазами, директор на ЈП Комуналец.

Општина Гостивар и ЈП “Комуналец” се надеваат на разбирање од страна на жителите на село Дебреше.

Служба за информирање

ЈП “Јавни паркинзи и зеленило” – акција за кастрење на дрвјата и чистење на речното корито во село Дебреше

29.11.2017

Во пресрет на зимата, Јавното претпријатие “Јавни паркинзи и зеленило”, е пред завршување на акцијата за крастење на дрвјата во јавните површини во градот Гостивар.

“Во моментов работиме на крастење на дрвјата во малиот градски парк и акцијата веќе е во завршна фаза. Ќе ги искористиме до максимум деновите со погодно време за работа, за да зеленилото и дрвјата ги доведеме во задоволителна состојба “, вели директорот на ова претпријатие, Музафер Зулбеари.

Од друга страна, претпријатието презеде акција и за чистење на коритото на реката околу џамијата во село Дебреше. Од ова претпријатие информираат дека ваквата акција се презема поради причини што речното корито било полно со отпадоци и дека тоа било и барање на селаните.

Акции за чистење на речните корита во селата од подрачјето на општина Гостивар, ќе се спроведуваат во континуитет, зависно од потребите.

Служба за информирање