Ранг листа на предлог проекти од организациите на граѓанското општество добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD проектот отворен од 15.04.2019 до 27.05.2019

Ранг Листа Гостивар Јавен повик 2019

Се подготвува за асфалт улица Слободан Пепоски и две странични патеки

03.07.2019

Влезени се во завршна фаза работите за целосна реконструкција на улица Слободан Пепоски во централното градско подрачје на Гостивар.

Улицата има должина од 265 метри, со просечна ширина од 7 метри. Градежните работи ги изведува АД Пелагонија, а според догворот бр..24-2217 / 7 вкупната вредност е 1,7 милиони денари без ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Општина Гостивар.

Во меѓувреме, за да им се излезе во пресрет на барањата на месните жители,  се склучи  анек договор со вредност од 330 илјади денари без ДДВ за асфалтирање на две сгтранични патеки, едната со должина од 50 метри и другата 30 метри со просечна ширина од 4 метри.

Покрај тоа, поради дотраеноста на водоводната и канализациона мрежа, се изврши целосна нивна реконструкција, со што за десетици домаќинства од оваа населба се решија три клучни проблеми истовремено.

Служба за информирање

Конкретни мерки против загадувачите на воздухот – прекршителите плаќаат казни

09.04.2019

Гостиварската општинска администрација на Гостивар е посветена во борбата против загадувањето на животната средина. Во оваа насока, комуналните инспектори и редари вршат редовни контроли и дејствуваат превентивно, а во одредени случаи преземаат и репресивни мерки, односно прекршителите ги казнуваат со глоби согласно позитивните закони.

Што се однесува последниот еклатантен  случај при што беа запалени стари гуми од возила во близина на селото Здуње, сторителот беше казнет со парична казна од 123.000,00 денари и истата е платено од негова страна.

Апелираме до субјектите и граѓаните на Гостивар да се грижат за заштита на животната средина и да им укажуваме дека комуналните инспектори ќе продолжат да бидат активни и дека против прекршителите ќе преземат соодветни мерки.

Служба за информирање

 

ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Гостивар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, култура, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.
Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплатата на доспеаните, а неплатени обврски имаат обврските кои спогодбено со доверителот имаат постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15 %.
Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:
• Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Гостивар, корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита и доверителот
• фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).
Општината може да побара дополнителна документација кои се во интерес на постапката.
Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.
Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од Едношалтерски систем на Општината или да ја преземат од веб-страницата на Општина Гостивар – www.gostivari.gov.mk .

1. Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени и на веб-страницaта на Општина Гостивар.
Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта или лично во Едношалтерската канцеларија на Општината Гостивар (од 7:30 до 15:30 часот секој работен ден), на ул. „Бул. Браќа Ѓиноски“ бр.61, 1230 Гостивар.

Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Гостивар, на веб-страницата на Општина Гостивар и во печатен медиум.

Ненавремените пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Гостивар ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Гостивар ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

П Р И Ј А В А На побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Гостивар и доверителите на единките корисници основани од Општина Гостивар, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

ГРАДОНАЧАЛНИК
Arben Taravari

Природното наследство и пештерите во Македонија промовирани во Италија

На меѓународната средба на спелеолози во Италија, спелеолошкиот клуб Кораби и општина Гостивар ги презентираа активностите од проектот „Зајакнување на локалните капацитети за истражување и конзервација на пештерата Убавица“, финансиран од Европската унија преку Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина.

За време на студиската посета што се одржа во италијанското гратче Касола Валенсио, претставниците на спелеолошкиот клуб Кораби, заедно со колегите од италијанското спелеолошко друштво Персефоне, кои веќе направија први истражувања на пештерата Убавица, ги споделија искуствата со светски имиња во оваа област околу управувањето, заштитата и мониторингот на пештерите.

Преку изложба на слики од пештери во Македонија информираа за обуката на локални спелеолози во Спелеолошки трениниг центар во Вруток, прикажаа мостри од пештерата Убавица, резултати геолошки и микробиолошки анализи, како и материјали од топографското ласерско снимање на пештерата во 3Д технологија.

Асоцијацијата на спелеолози од Италија организираше и посета на познатата пештера Стифе во регионот на Акуила ,како и средба со претставниците на општина Сан Деметрио при што се дискутираше за улогата и потребата на безбедносни мерки во пештерата, мониторинг на нивото на водата, обучениот кадар, обврската на туристичките водичи во пештерата, спасувачки екипи итн. Дел од дискусиите беа посветени и на поделбата на обврските околу управувањето со пештерите. Каква е улогата на локалната власт, обврската и надлежноста на централната власт како и одговорностите на спелеолошките здруженија во насока на управуање, заштита, конзервација и мониторинг на пештери.

На меѓународната средба на спелеолози која се одржува секоја година во Италија учествуваат над 2500 спелеолози од целиот свет, а целта на овие средби е презентација на истражувањата за зачувување на природните наследства и нивна промоција како туристички дестинации.

Центар за информирање

 

Хортикултурно уредување на дворовите на гостиварските училишта и градинки

19.10.2018

Сите училишта и градинки во општина Гостивар, благодарение на широката акција на ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило” ќе добијат хортикултурно уредени дворови.

Првично акцијата се спроведе во дворовите на основните училишта во село Вруток и Равен, а ќе продолжи и во сите други градски и селски училишта и градинки.

“Вршиме нивелизација на земјата, садејќи трева и украсни садници отпорни на климатските услови во секој период од годината. Ова е минимумот од тоа што мораме да го направиме за возрасните групи кои се иднината на нашето општество. Акцијата се спроведува во овој период, бидејќи есента е најпогодното годишно време за садење”, објаснува директорот на ЈП ” Јавни паркиралишта и зеленило “, Музафер Зулбеари.

Вреди да се напомене дека во тек е и хортикултурното уредување на големиот градски парк, односно се работи на заокружување на негова целосна рехабилитација со садење на над 170 садници со што ќе се оплемени изгледот на тој простор и ќе му се врати улогата “бели дробови” на градот, како најпосакувано место на граѓаните за релаксација.

Служба за информирање

ИЗВЕСТУВАЊЕ

02.10.2018

Се известуваат граѓаните дека утре ќе започнат градежните работи за целосна реконструкција на улица “18 Ноември“, делот од кај булеварот “Браќа Ѓиноски“ до кај Трафо-станицата во Ново Маало.

Поради обемот на работите, во овој дел сообраќајот ќе се одвива отежнато за подолг временски период, а понекогаш ќе биде и во целосен прекин.

Поради тие причини, се молат граѓаните уште од вечерва да не ги паркираат своите возила во овој дел, а од утре за сообраќај да користат алтернативни улици.

Ви благодариме за разбирањето!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

18.09.2018

Почитувани граѓани,

Од ЕВН – КЕЦ Гостивар известуваат дека утре (среда) од 9:30 до 11:30 часот, поради технички зафати во мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите од ул. “Мајор Чеде Филипоски” – област кај големиот парк, како и дел од улица”Слободан Пепоски” – Гостивар

Со почит,

Служба за информирање – Општина Гостивар

Почна асфалтирањето на неколку улици во Гостивар и село Форина – се инвестираат 22,5 милиони денари општински средства

08.08.2018

По потпишувањето на Рамковниот договор со економските оператори за инфраструктурни проекти во подрачјето на општина Гостивар, како и комплетирање на сите потребни документи и добивање на соодветни одобренија, денес започна асфалтирањето на неколку улици во Гостивар и во село Форино.

“Како што беше најавено, денес претпладне започнаа градежните работи за реасфалтирање на оштетените улици во близина на ОУ ” Гоце Делчев “во Гостивар, каде што ќе се отстрани стариот слој на асфалт и ќе се постави нов, како и асфалтирањето на две улици во село Форино кои потоа се спојуваат во една, поточно од мостот над реката Јахорка и од кај Мектебот кон полињата. Улиците кај училиштето се со вкупна должина од 1000 метри, а инвестицијата тежи 12,5 милиони денари, додека улиците во село Форино се со должина од 1.100 метри, со ширина од 5 метри, а инвестицијата ќе чини 10 милиони денари”, истакна Јасин Демири – портпарол на Општина Гостивар.

Тој, исто така, објасни дека кај училиштето Гоце Делчев ќе се интервенира и кај рабниците бидејќи некои од нив се оштететни, како и објасни дека опструкции нем од другите органи, односно дека соработката е на ниво посакувајќи така а продолжи и во иднина.

Работите се одвиваат според предвидениот план, а граѓаните се молат за разбирање и внимание за време на изведување на градежните работи.

Од Канцеларијата за имплементација на проекти известуваат дека во наредните месеци, се додека временските услови ќе бидат поволни, ќе се реализираат повеќе предвидени капитални проекти, за кои веќе се обезбедени финансиски средства.

Служба за информирање

Aкцијата за уривање на бесправните градби во Гостивар

30.07.2018
Започна денес акцијата за уривање на бесправните градби на територијата на општина Гостивар. Првата градба која што
денес беше урната е еден ѕид во населбата Питарница, кој беше изграден без соодветна дозвола и на локација предвидена за улица.

Со уривањето на овој ѕид, всушност се овозможува слободно движење на возилата на тој дел од населба Питарница.
Општина Гостивар ќе продолжи со уривање на бесправните градби, како што се ѕидовите кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти кои што се изградени бесправно. Од Секторот за урбанизам при Општина Гостивар, ги повикуваат граѓаните да не градат без соодветна дозвола, бидејќи ќе се соочат со сите мерки согласно позитивните закони на Република Македонија.

Служба за информирање