11.08.2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и Бесим Догани – раководител на Канцеларијата за локален економски развој, остварија работна средба со консултантите Един Мехмети и Александар Ивановски.

На средбата со консултантите за надзор на проектите на ЕУ во рамки на ИПА компонентата, се разговараше за два значајни проекти кои ќе се спроведуваат во општина Гостивар преку ЕУ ИПА грант, поточно изградба на локалните патишта во Падалиште и Трново.

Со изградбата на овие патишта се стреми во овој крај да се создаде поволна бизнис клима за развој на агрикулутрата, земјоделството, шумарството и квалитетот на водоснабдувањето, како и за развој на руралниот туризам и угостителство.

Вредноста на проектот без ДДВ изнесува 7.314.814,80 денари, во противредност 118.940 евра, а финансирањето се врши целосно преку ЕУ ИПА грантот.

Градењето на локалните патишта во Трново и Падалиште, е дел од развојната програма на општина Гостивар, сите процедури се завршени, а градежните работи ќе започната пролетва .

Исто така, претставниците на ЛЕР канцеларијата ги информираа консултантите дека во рамките на вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП 2 објавен од страна на Министерството за финансии, општината веќе ги има доставено проектите “Асфалтирање на локалниот пат с.Форино -. Старо Чајле“ и “Изградба на локалниот пат с.Мало Турчане – с. Беловиште”, во вредност од 16.400.000,00 денари.

Служба за информирање