03.01.2018

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека со измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. весник бр.190/2017), сопствениците на објектите кои завршиле со изградба заклучно до 3 март 2011 година и кои претставуваат градежна и функционална единица, имаат право да поднесат барање за утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Барателите на кои до денот на отпочнување со примена на овој закон, им било одбиено барањето поради некомплетирана документација по член 6, 7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. весник бр. 23/11, 54/11, 155/12, 53/11, 72/13, 44/14, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), можат да поднесат ново барање во рок од шест месеци од денот на отпочнување на примената на измената на овој закон, конкретно до 30.06.2018 година.

Барателите кои не доставиле геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправно изграден објект, во роковите од член 15 став (2) и член 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. Весник бр.217/15), конкретно барателите кои поднеселе барање за легализација на бесправно изградени објекти во 2015/2016 година, можат да поднесат геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот без дозвола, најдоцна до 30.06.2018.

Со почит,

Сектор за урбанизам – Општина Гостивар