К О Н К У Р С

Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Гостивар, (Сл.гласник на Општина Гостивар бр.01/06) и член 15 од Правилникот за наградување на ученици и просветни работници од детските градинки, основните и средните училишта во Општина Гостивар, (Службен гласник на Општина Гостивар, бр. 9/2019), Комисија за наградување на ученици и просветни работници од детските градинки, основните и средите училишта на Oпштина Гостивар, на ден 11.12.2019, објавува:

К О Н К У Р С

За доделување награди и пофалници на учениците во општинските основни и средни училишта во Општина Гостивар.

Наградите и пофалниците се доделуваат на учениците за особени постигнувања и успешни резултати во воспитно-образовната дејност.

Општина Гостивар ги доделува следните награди и пофалници:

3 (тројца) најдобри ученици од основните училишта.

– 3 (тројца) најдобри ученици од средните училишта.

1 (една) паралелка од основните училишта

1 (една) паралелка од средните училишта,

ДОКУМЕНТАЦИЈА

Кандидатитеза најдобри ученици од  основните училишта во своите пријави треба да достават:

– доказ за завршена година, или завршени девет години и доказ за нивното поведение (свидетелства или диплома за основно училиште);

-диплома или сертификат за учество и/или освоено место на натпреварите од образовна, културна и спортска област во текот на изминатата година;

– потврди од надлежните институции за заложување и придонес во разновидни активности во и надвор од училиштето и локалната средина. (производствени, хуманитарни, културни др.)

-документ со кој што ќе се докаже дека учествувал во слободните ученички активности;

-доказ за најмал број на изостаноци;

– потврда за редовен ученик од училиштето.

Кандидатите за најдобри ученици од  средните училишта во своите пријави треба да достават:

– доказ за завршена година, или завршени четири години и доказ за нивното поведение (свидетелства или диплома за средно училиште);

-диплома или сертификат за учество и/или освоено место на натпреварите од образовна, културна и спортска област во текот на изминатата;

–  потврди од надлежните институции за заложување и придонес во разновидни активности во и надвор од училиштето и локалната средина. (производствени, хуманитарни, културни др.)

-документ со кој што ќе се докаже дека учествувал во слободните ученички активности;

-доказ за најмал број на изостаноци.

– потврда за редовен ученик.

Кандидатите за најдобри паралелки од основните и средните училишта во своите пријави треба да достават:

-диплома или сертификат за учество и/или освоено место на натпреварите од образовна, културна и спортска област во текот на изминатата година,

–  потврди од надлежните институции за заложување и придонес во разновидни активности во и надвор од училиштето и локалната средина. (производствени, хуманитарни, културни др.);

-документ со кој што ќе се докаже дека паралелката или групата(секцијата) учествувала во слободните ученички активности;

-доказ за најмал број на изостаноци по паралелки;

– потврда за редовен ученик.

Конечните резултати и гласањето им се достапни на јавноста, поединци и групи (кандидати), по прогласувањето на најдобрите ученици во основните и средните училиштата во Општина Гостивар.

Кандидатите пријавите ги доставуваат до Советот на училиштето, кој што понатаму ги доставува до архивата на општина Гостивар во рок од 7 (седум) денa од објавување на конкурсот.

Општина Гостивар

Бул, Браќа Гиноски 61
1230, Гостивар

Република Северна Македонија
Архива на Општина Гостивар