Во текот на изминатите две седмици,после испраќањето на петтиот извештај на надлежните инспектори за животна средина, волонтерите од Еко клубот повторно вршеа мониторинг и постојано ја следеа состојбата на терен .

Од мониторингот и направените фотографии (во прилог подолу) може да се забележи дека на локацијата Сточен Пазар –Фазанерија состојбата, после пријавувањето до комуналното претпријатие, беше преземена акција за чистење и состојбата е многу подобрена.

Ова воедно е и последниот извештај кој требаше да се испрати од страна на нас волонтерите, во рамки на проектот.

Оваа активност е поддржана во рамки на проектот Регионална програма за локална демократија од Западен Балкан ( ReLOaD), кој е финансиран од Европска Унија ( ЕУ), а спроведуван од Прогарама за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Волонтери на Еко Клуб

Иницијатива за Граѓански Интеграции ИГИ Гостивар

17.09.2019 година

шести Izvestaj Od Monitoring Od Eko Klub