Висока делегација на УКТБ во посета на Општина Гостивар

25.09.2021

Mи беше задоволство, својство на градоначалник на Гостивар, да пречекам висока делегација на Унијата на турски општини во светот (УТОС) предводена од претседателот на Унијата – Угур Ибрахим Алтај, кој е и градоначалник на Коња, Фахри Солак – генерален секретар на унијата, Мустафа Дундар – градоначалник на општина Османгази (Бурса), Омер Арисој – градоначалник на Зејтинбурн, Мехмет Јасин Озлу – градоначалник на општина Башискеле (Кочаели), како и други функционери.

На средбата разговаравме за досегашната соработка на Општина Гостивар со Унијата на турски општини во светот, како и со соодветните општини. Се согласивме оваа соработка да продолжи и во иднина.

Заедно со делегација, го посетивме приватниот универзитет „Визион“ каде се одржа редовната седница на Управниот одбор на УКТБ каде Општина Гостивар со 5 годишен мандат е претставник на балканските општини.

Со гостите, посетивме и некои делови од градот, меѓу нив и големиот парк, каде се поставени шест покриени маси и седишта, а се донација од пријателската општина Османгаз – Бурса, Република Турција.

Служба за информирање