Градоначалникот Арбен Таравари се сртена со кошаркарот и тренерот Марјан Србиноски

04.10.2021

Градоначалникот Арбен Таравари, денеска во својот кабинет го пречека еден од најдобрите поранешни кошаркари на Гостивар, воедно и долгогодишен кошаркарски тренер, Марјан Србиноски.

Кошаркарот Србиноски му се заблагодари на градоначалникот Таравари за континуираната поддршка на кошарката и спортот воопшто, како и за неговата заложба за создавање подобри услови за децата, младите и граѓаните на Гостивар да се вклучат во рекреативни и спортски активности.

Градоначалникот Таравари на тренеротСрбиноски му додели Благодарница за неговиот придонес во областа на спортот.

Служба за информирање