Градоначалникот Арбен Таравари ја прими постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон

07.11.2017

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, прими вчера во неговиот кабинет висока делегација на УНДП, предводена од постојаната претставничка за Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.

Таравари ја запозна г-ѓа Винтон со изборната програма која веќе треба се спроведе во пракса, вклучувајќи ги највиталните области како што се образованието, заштитата на животната средина, намалување на невработеноста, локалниот економски развој, транспарентност и отчетност, борбата против корупцијата и др.

При оваа прилика градоначалникот даде до знаење дека од поранешниот градоначалник наследил празна каса со огромни долгови, чија висина се уште не се знае точно.

Воедно, Таравари и се заблагодари за досегашната соработка со општина Гостивар, изразувајќи подготвеност за уште подлабока и потранспарентна соработка во иднина, уверувајќи ја дека тој и општинската администрација ќе бидат достојни партнери за соработка.

Од друга страна, постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, му ја честиташе на градоначалникот Таравари новата функција и изрази подготвеност покрај актуелните проекти финансирани од страна на УНДП, во иднина да финансираат уште поголеми и позначајни проекти.

Служба за информирање