Градоначалникот Таравари се сретна со зам/министерот за образование Шабани: Деполитизацијата и професионализацијата во образованието се неизбежни

,

Инвестициите во образованието, методолошките промени, деполитизацијата и систематизација на образовниот кадар, беа темите на дискусија на средбата на градоначалникот Таравари и зам/министерот за образование и наука Шабани. Беше договорено продлабочување на соработката меѓу двете институции и претходно поставените бариери од МОН, да бидат  отстранети.

– Мило ми е што денес од мојот пријател, зам/министерот за образование и наука, Арафат Шабани, слушнав дека министерството му дава приоритет на деполитизацијата и професионализацијата во образованието, процес што ние како раководтсво во Општина Гостивар, го започнавме уште од нашиот прв ден на управување пред три и пол години. Разговаравме и за проектите со кои Општината аплицираше до Министерството за образование и наука за подобрување на образовната инфраструктура во училиштата во Гостивар и очекувам истото да се реализира во текот на оваа година “, нагласи градоначалникот Арбен Таравари.

Од друга страна, заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани, рече дека целта на оваа посета е да се добијат блиски информации за проблемите со кои се соочува општината во областа на образованието, подвлекувајќи дека оваа година МОН го има зголемено буџетот за капитални инвестиции во училиштата.

“Од наредната година, секој што ќе биде вработен во образованието, веднаш ќе започне со решение за работа. Мислам дека досегашните вработувања донесоа само политизација и стагнација во образовниот процес“, подвлече заменик министерот Арафат Шабани.

Таравари и Шабани, исто така, изразија желба што е можно поскоро да се надмине пандемијата и учениците, заедно со наставниците, да се вратат на училишните клупи.

Служба за информирање