Градоначалникот Таравари ja прими амбасадорката Петровиќ – ќе се збратимат Општина Гостивар и Улцињ

Градоначалникот на Гостивар – Арбен Таравари денеска во својот кабинет ја прими амбасадорката на Црна Гора во Скопје – г. Марија Петровиќ.

„На нашата втора средба во рок од една година, заедно потврдивме дека Северна Македонија и Црна Гора имаат добро пријателство и соработка, почитувајќи ги истите вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО. Со цел дополнително да го зајакнеме нашето пријателство, одлучивме општина Гостивар да се збратими со општина Улцињ, збратимување кое ќе донесе развој на туризмот, образованието и ЕУ фондови за двата града“, изјави Таравари по средбата.

Црногорската амбасадорка му го честиташе вториот мандат на градоначлникот Таравари и се интересираше за предизвиците во новиот мандат.

На средбата беше истакнато дека Северна Македонија и Црна Гора имаат важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан, каде граѓаните покажуваат демократска зрелост. Заеднички заклучок беше дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и со тоа да ја зајакнат економската соработка.

Информативна служба